Обвинение против едно лице за недозволена трговија со хероин

Обвинение против едно лице за недозволена трговија со хероин

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице, осомничено дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од чл.215 ст.1 од Кривичниот законик. На 20 декември, обвинетиот заедно со едно веќе осудено лице, во автомобилот што го управувал, неовластено заради продажба држеле наркотична дрога … Повеќе

Отворена истрага против двајца осомничени за разбојништво во маркет

Две лица, на возраст од 28 и 30 години, се осомничени дека заедно како соизвршители сториле кривично дело – Разбојништво од чл.237 ст.1 во врска со чл.22 од Кривичниот законик. Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против двајцата за кои постои основано сомнение дека на 2 декември влегле … Повеќе

Скопјанец обвинет за убиство и за обид за убиство

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Убиство од чл.123 ст.1 од Кривичниот законик и за кривично дело – Убиство од чл.123 ст.1 во врска со чл.19 (во обид). Обвинетиот на 14 јуни, во населбата Шуто Оризари, по вербална расправија и физичка пресметка со негов … Повеќе

Отворена постапка против четири лица за загрозување на сигурноста на полициски службеници

СВР Скопје денеска поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против четири лица за кривично дело – Загрозување на сигурноста од чл.144 ст.3 од Кривичниот законик, во врска со настанот случен на 30.11.2019 година околу 11 часот во хотелот „Александар Палас“ во Скопје. Тројца од пријавените се лишени од слобода, а по четвртиот се … Повеќе

Обвинителен акт против лице кај кое беа пронајдени психотропни супстанции и марихуана

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од чл.215 ст.1 во врска со чл.12 ст.2 од Кривичниот законик. Обвинетиот 20-годишник се товари дека делото го сторил во состојба на битно намалена пресметливост заради хронично психичко … Повеќе

Поднесено обвинение за тешка телесна повреда пред дискотека во Марино

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против две лица, од кои едниот обвинет се гони за кривично дело – Тешка телесна повреда од чл.131 ст.3 од Кривичниот законик, додека неговиот брат за помагање при извршување на истото кривично дело. На 23 март годинава, 19-годишниот обвинет, помогнат … Повеќе

Поведена постапка за разбојништво во менувачница

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, поради постоење основано сомнение дека сторило кривично дело  -Разбојништво од чл.237 ст. 1 од Кривичниот законик. На 20 септември, осомничениот влегол во спортска обложувалница на бул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје и со нож во раката се заканил на вработениот, барајќи од … Повеќе

Негувателка осомничена за запуштање и малтретирање на две деца

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено за кривично дело – Запуштање и малтретирање дете од чл.201 ст.1 од Кривичниот законик. Во временскиот период од 1 до 27 ноември, осомничената ангажирана за негување и чување на две деца на возраст од три години, грубо ја … Повеќе

Отворена истрага против негувателка заради малтретирање дете

Oсновното јавно обвинителство Скопје отвори истражна постапка против едно лице за кривично дело – Запуштање и малтретирање на дете од чл.201 ст.1 од Кривичниот законик. Осомничената на 21 ноември, во игротека во еден угостителски објект, малтретирала двегодишно дете за кое била ангажирана како негувателка. Притоа таа повеќепати го удрила детето кое се здобило со телесни … Повеќе

Двајца скопјани обвинети за тешка кражба од возило

Oбвинителен предлог против две лица кои како соизвршители сториле кривично дело – Тешка кражба од чл. 236 ст.1 т.1 во врска со чл.22 од Кривичниот законик поднесе Основното јавно обвинителство Скопје. Обвинетите, на 18 ноември, на ул. „Њуделхиска“ во Скопје, на паркинг простор пред еден супермаркет, се приближиле кон паркиран автомобил „Форд фокус“ со тетовски … Повеќе

Поведена истрага за разбојништво во маркет

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомневање дека сторило кривично дело – Разбојништво од чл. 237 ст.1 од Кривичниот законик. Со закана дека непосредно ќе нападне врз животот и телото на две оштетени лица, осомничениот, на 20 ноември, одзел пари од маркет на ул. … Повеќе

Муниција и дрога пронајдени во дом на скопјанец

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривични дела – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 и Неовластено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од … Повеќе

За изнуда и лихварство под истрага две лица

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица, осомничени дека како соизвршители сториле кривично дело – Изнуда од чл. 258 ст.1 во врска со чл. 22 од Кривичниот законик. За едно од лицата постои основано сомневање дека сторило и кривично дело – Лихварство од чл. 260 ст.1 од Кривичниот законик. … Повеќе

Жителка на Кавадарци под истрага за продажба на дрога во Скопје

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомневање дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од чл.215 ст.1 од Кривичниот законик. На 14 ноември, при претрес во домот каде што времено престојувала … Повеќе

Поведена постапка за убиство во Арачиново

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, осомничено дека сторило кривично дело – Убиство од чл. 123 ст.1 од Кривичниот законик. На 18 август, во село Мојанце, Арачиново, со употреба на огнено оружје со калибар од 7,62Х25мм, осомничениот го лишил од живот Зилбехар Ајвази. На критичниот ден, осомничениот седел … Повеќе

Реакција на Основното јавно обвинителство Скопје за предметот со отуѓеното државно земјиште во Центар

До Основното јавно обвинителство Скопје, од страна на двајца подносители – физички лица, во март 2015 година беше поднесена кривична пријава против четири лица, а во септември 2016 година беше поднесено и проширување на пријавата против уште едно лице за кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 од Кривичниот законик. … Повеќе

Поднесено обвинение за поседување рачна бомба

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. При претрес на домот на обвинетиот во Арачиново, на 18 октомври, во фиока во плакар кој се … Повеќе

Обвинение за поседување оружје, муниција и дрога

По сеопфатна истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против 30-годишен скопјанец за сторени  кривични дела  – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори предвидено и казниво по член 215 став 1  и  Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 2 … Повеќе

Отфрлена иницијативата за кривично гонење на ректор поднесена од Државната комисија за спречување на корупцијата

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Решение за отфрлање на иницијативата за поведување постапка за кривично гонење поднесена од Државната комисија за спречување на корупцијата против ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје. По спроведена предистражна постапка, надлежен јавен обвинител констатираше дека нема основано сомнение дека пријавениот ги сторил кривичните дела – Злоупотреба на … Повеќе

Скопјанец обвинет за една реализирана и една тешка кражба во обид

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 од Кривичниот законик, како и за кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик. … Повеќе