Жител на Драчево обвинет дека дома држел дрога и психотропни супстанции

Жител на Драчево обвинет дека дома држел дрога и психотропни супстанции

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за сторено кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот на 17 мај во својот дом во Драчево држел кај себе опојна дрога – кокаин со вкупна нето … Повеќе

Основното јавно обвинителство Скопје постапува по примено известување за неовластено снимање

СВР Скопје до Основното јавно обвинителство Скопје достави Известување кон кое е приложен Записник за примена кривична пријава изготвен од ПС Центар на 15.05.2019 година во кој пратеник во Собранието на Република Северна Македонија пријавил непознат сторител на кривично дело – Неовластено прислушување и тонско снимање од член 151 од Кривичниот законик. Според наводите во … Повеќе

Српски државјанин обвинет за обид за тешка кражба на автомобил

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот суд Скопје 1 Скопје поднесе Обвинителен акт против еден државјанин на Република Србија кој се товари дека се обидел да стори кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 2 во врска со став 1 точка 1 и во врска со член 19 од Кривичниот законик. Обвинетиот, кој … Повеќе

Извршен увид на местото на тешка сообраќајна несреќа кај Драчево

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на лице место на тешката сообраќајна несреќа во близина на Драчево, во која пет лица го загубија животот. Според првичните сознанија од увидот, несреќата се случила петнаесетина минути пред полноќ, кога автомобил Рено 5 со скопски регистарски таблички во коj се превезувале жртвите, од непознати … Повеќе

Скопјанец обвинет за недозволено држење оружје

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице кое се товари дека сторило кривично дело – Неовластено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик. На 11.04.2019 година, при претрес во домот во кој престојувало лицето на улица „Лазар Трпков“ … Повеќе

Една жена осомничена дека го лишила од живот својот сопруг

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, осомничено дека извршило кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик. Осомничената 50-годишна жителка на Студеничани, при вршење семејно насилство, вчера во дворот на семејната куќа со умисла го лишила од живот својот сопруг. Додека оштетениот … Повеќе

Поднесено обвинение за обид за тешка кражба на автомобил

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот суд Скопје 1 Скопје достави Обвинителен акт против едно лице, 37-годишен државјанин на Република Србија, кое се товари дека се обидело да изврши кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот на 10.04.2019 година, на улицата „Орце Николов“ … Повеќе

Извршен увид во скопско Рашче каде едно лице беше лишено од живот попладнево

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид во селото Рашче каде што попладнево беше пронајдено починато машко лице. Според првичните информации од увидот, лицето било лишено од живот со истрели од огнено оружје. По наредба на јавниот обвинител, врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција. Издадени се наредби за вештачење на … Повеќе

Вложена жалба на пресудата на Апелациониот суд во предметот за сообраќајната несреќа кај Универзална сала

Основното јавно обвинителство Скопје преку Апелациониот суд Скопје до Врховниот суд на Република Северна Македонија достави Жалба на пресудата на Апелациониот суд Скопје од 08.04.2019 година во врска со сообраќајната несреќа која се случи на 03.04.2015 година на бул.„Партизански Одреди“ во која животот го загуби Фросина Цековска од Крива Паланка. Жалбата е поднесена по две … Повеќе

Поднесено обвинение за неовластено држење пиштол во автомобил

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице кое се товари дека сторило кривично дело – Неовластено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот жител на селото Грчец на 07.04.2019 година, на булеварот „Партизански одреди“ спроти трговскиот центар „Лептокарија“, во својот автомобил, … Повеќе

Косовски државјанин обвинет за недозволена трговија со марихуана

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот суд Скопје 1 Скопје достави Обвинителен акт против едно лице кое се товари дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, државјанин на Република Косово и без пријавено живеалиште или престојувалиште … Повеќе

Oбвинителен акт за наркотична дрога пронајдена во автомобил

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице кое неовластено заради продажба држело наркотична дрога – марихуана и со тоа сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. На 23.03.2019 година обвинетиот управувал со автомобил Фоксваген Пасат … Повеќе

Поднесено обвинение за обид за тешка кражба во спортската сала на средното училиште „Никола Карев“

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот суд Скопје 1 Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице, кое се товари дека се обидело да изврши кривично дело – Тешка кражба, предвидено и казниво согласно член 236 став 1 точка 3 од Кривичниот законик. Обвинетиот на 12.12.2018, во гардеробата на спортската сала при … Повеќе

Основното јавно обвинителство Скопје започна истрага за недозволено пуштање во промет на марихуана

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Во домот каде што живее осомничениот, на 15.04.2019 година, била пронајдена … Повеќе

Наредена истрага против скопјанец кој во домот чувал два пиштоли и муниција

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик. При претрес во домот во кој престојувало лицето, на улица … Повеќе

Отворена истрага против српски државјанин кој се обидел да украде вреден автомобил во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, државјанин на Република Србија, кое е осомничено дека се обидело да изврши кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот на 10.04.2019 година, на улицата „Орце Николов“ во Скопје, заедно со … Повеќе

Двајца браќа под истрага за нанесување тешка телесна повреда

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против двајца браќа, од кои за едниот постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Тешка телесна повреда од член 131 став 3 од Кривичниот законик, додека другиот е осомничен за помагање при извршување на истото кривично дело. Првоосомничениот, помогнат од второосомничениот, на 23.03.2019 година, … Повеќе

Поднесен обвинителен предлог за неовластено пуштање во промет наркотичнa дрогa од помало количество

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот суд Скопје 1 Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за сторено кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. На 10.04.2019 година, во својот дом на ул. … Повеќе

Поднесено обвинение за кражба во маркет

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице кое се товари за кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 3 од Кривичниот законик. Обвинетиот на 23.03.2019 година од маркет во населбата Хиподром на дрзок начин одзел парични средства во вкупен износ од 18.000 денари со намера противправно да ги … Повеќе

Отворена постапка против тројца малолетници и едно полнолетно лице за извршено насилство

Основното јавно обвинителство Скопје отвори постапка против едно 19-годишно лице, како и против тројца малолетници на возраст од 17 години, за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. На 11.02.2019 година, по завршување на ракометен натпревар во спортската сала … Повеќе