МЕЃУНАРОДНА ПОЛИЦИСКА ОПЕРАЦИЈА “ КОЛИБРИ “
Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во периодот јули-декември 2019 година, во координација со јавен обвинител од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција презеде низа мерки и активности за утврдување на активностите на организирана криминална група предводена од двајца македонски државјани. Заради размена на информации и договарање на активности и во рамки на предистражната постапка, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал оствари низа средби и координирани состаноци во Скопје и Мадрид со полициски службеници од Шпанија и ДЕА.Повеќе детали на пресот во 10:15часот мвр зграда 1.
Posted by Министерство за внатрешни работи on Вторник, 24 декември 2019
Поднесен обвинителен акт против двајца странски државјани за криумчарење на мигранти
Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд – Скопје поднесе обвинителен акт против две лица. На првообвинетиот германски државјанин и второобвинетата државјанка на Р.Италија, двајцата по потекло од Република Гана, им се става на товар дека како соизвршители сториле кривично дело Криумчарење на мигранти предвидено … Повеќе