Соопштенија

Поднесен обвинителен акт за лицето кое направи импровизирана лабораторија за марихуана во Козле

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице, осомничено дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот на најгорниот кат од својот дом во Козле неовластено произведувал, преработувал и заради продажба … Повеќе

Нема место за јавнообвинителска интервенција во врска со наводната трговија со здрави новороденчиња

По спроведување сеопфатно проучување на добиената документација и известувањата од надлежните органи во врска со наводна трговија со здрави новороденчиња, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе одлука со која укажува дека нема место за јавнообвинителска интервенција. Имено, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и … Повеќе

Поднесен Обвинителен акт за предметот „Пасоши“

По сеопфатна меѓународна истражна постапка, надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот суд Скопје 1 – Скопје, поднесе Обвинителен акт против три лица, македонски државјани. На лицата им се става на товар дека сториле кривично дело „Организирање на група и поттикнување на извршување на делата трговија со … Повеќе

Седумина обвинети за Учество во странска војска, паравоени или параполициски формации признаа вина

Денеска во Основниот суд Скопје 1 Скопје, на главната расправа при произнесување за вина, седумтемина македонски државјани обвинети за Учество во странска војска, паравоени или параполициски формации, а едно лице обвинето и за кривично дело Терористичка организација, ги признаа делата што им се ставаат на товар. Во август минатата година, во соработка со партнерите од … Повеќе

Предложена мерка – притвор за три лица за Злоупотреба на службена положба и овластување

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Судијата на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 Скопје, достави Предлог за определување на мерка – Притвор против три лица, македонски државјани. За лицата постои основано сомневање дека сториле кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување, додека едно … Повеќе

Истрага за четворица вработени во Управата за безбедност и контраразузнавање

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, денеска издаде Наредба за спроведување на истражна постапка против четири лица, македонски државјани. Лицата се осомничени дека како вработени во Управата за безбедност и контраразузнавање при Министерството за внатрешни работи, ја злоупотребиле својата службена положба и овластување и го оштетиле Буџетот … Повеќе

Побарана мерка – Притвор за еден обвинет за настаните од 27 април

Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поднесе Предлог за определување мерка – Притвор према М.Ч. согласно чл.165 ст.1 т.1 од Законот за кривична постапка. Имено, по добиени сознанија и поради страв дека обвинетиот ќе се даде во бегство и ќе се крие со цел да ја избегне кривичната … Повеќе

Запрена истрага за Злоупотреба на службената положба и овластување и Перење пари и други приноси од казниво дело

Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по спроведена сеопсежна истрага, донесе Наредба за запирање на истражната постапка против осум македонски државјани. Лицата беа осомничени дека сториле кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.5 во врска со 3 во врска со ст.1 од Кривичниот … Повеќе

Косовски државјанин под истрага за криумчарење на мигранти

Надлежен јавен обвинител од Oсновното јавно обвинителство за гонење на oрганизиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице – косовски државјанин, осомничен дека сторил кривично дело Криумчарење мигранти од чл. 418-б ст.4 во врска со ст.2 од Кривичниот законик. Имено, вчера, во попладневните часови на автопатот Е-75, во близина на … Повеќе

Уважена жалбата на обвинителството против пресудата во предметот со штитеничката на Домот за деца „Ранка Милановиќ“

Советот на судии во Апелациониот суд Скопје ја уважи жалбата поднесена од страна на јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во врска со изречената пресуда во предметот со штитеничката на Домот за деца „Ранка Милановиќ“ – Скопје. Имено, во декември минатата година надлежниот јавен обвинител поднесе жалба, незадоволен … Повеќе

Донесени Наредби за издавање на централни и меѓународни потерници

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска до Министерството за внатрешни работи достави Наредби за издавање на централни и меѓународни потерници за две лица. За лицата за кои се донесени наредбите постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, предвидено … Повеќе

Под истрага организаторите на настаните во Собранието на Република Македонија

По спроведена сеопсежна предистражна постапка, надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против пет лица за кои постои основано сомневање дека сториле кривично дело – Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, предвидено и казниво по член 313 од Кривичниот законик. … Повеќе

Постапка против осомничени кои изработувале и продавале огнено оружје

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поведе постапка против вкупно девет лица од организирана криминална група за изработка и продавање на огнено оружје. Надлежен јавен обвинител поради постоење на основано сомнение донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против девет лица за сторено кривично дело –  Неовластено изработување, држење, посредување и … Повеќе

Постапка против членови на организирана група за криумчарење мигранти

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во координирана акција со Министерството за внатрешни работи пресече организиран канал за криумчарење мигранти. Надлежен обвинител донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против 21 лице за сторени кривични дела Криумчарење мигранти по член 418-б и Организирање на група и поттикнување на извршување на делата … Повеќе

Притвор и истрага за Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори

Надлежен јавен обвинител од Основното jавно oбвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против еден македонски и двајца албански државјани. Истрагата е поради постоење на основи на сомневање дека лицата сториле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори. На … Повеќе

Основната јавна обвинителка Вилма Русковска се сретна со амбасадорката Рејчел Галовеј

Денеска во просториите на Oсновното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Основната јавна обвинителка Вилма Русковска беше домаќин на Нејзината екселенција – амбасадорката на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во Република Македонија – Рејчел Галовеј. Покрај искреното добредојде, обвинителката Русковска ја запозна амбасадорката со надлежностите на обвинителството со кое раководи … Повеќе

Соопштение

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја известува јавноста за досега преземените дејствија во предметот за бегството на осуденото лице Никола Груевски. Надлежниот јавен обвинител веднаш по настанот отвори предмет по допрен глас со цел да се утврди дали постои евентуална кривична одговорност  за помагање на сторител по извршено кривично дело … Повеќе

Истрага за злоупотреба на службена положба и овластување при издавање под закуп на земјоделско земјиште

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување истражна постапка против четири лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 5 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Лицата се осомничени дека во својство на … Повеќе

Истрага против пет лица за Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истрага против пет лица – двајца македонски и тројца албански државјани. Постои основано сомневање дека лицата сториле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 … Повеќе

Меѓународна криминална група осомничена за кражби во сефови во македонските банки

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување истражна постапка против седум лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Тешка кражба од член 236 и кривично дело – Злосторничко здружување од член 394 од Кривичниот законик. Станува збор за меѓународна криминална група составена од четворица … Повеќе