Односи со Јавноста

Основното јавно обвинителство -Тетово поднесе Обвинителен акт против едно лице за сторено кривично дело Тешки дела против општата сигурност

По спроведената истрага за кривичниот настан што се случи на 13 јуни годинава, во дежурната просторија на Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај во Тетово кога едно лице го загуби животот, Основното јавно обвинителство Тетово до надлежниот суд поднесе Обвинителен акт против едно лице за сторено кривично дело – Тешки дела против општата сигурност … ПовеќеОсновното јавно обвинителство -Тетово поднесе Обвинителен акт против едно лице за сторено кривично дело Тешки дела против општата сигурност

Основното јавно обвинителство – Скопје поднесе Обвинителен акт за инцидентот во кафе бар „Њу Орлеанс“

Во врска со инцидентот во кафе бар „Њу Орлеанс“ во Старата скопска чаршија, што се случи на 4 овој месец, Основното јавно обвинителство – Скопје, до Кривичниот суд – Скопје поднесе Обвинителен акт за сторено кривично дело – Насилство од чл.386 ст.3 в.в.ст.1 од Кривичниот законик, против две лица и Предлог за продолжување на мерката … ПовеќеОсновното јавно обвинителство – Скопје поднесе Обвинителен акт за инцидентот во кафе бар „Њу Орлеанс“

Основното јавно обвинителство – Куманово донесе Наредба за спроведување на истражна постапка и Предлог за одредување на мерка Притвор против тројца државјани на Република Франција

На ден 7.08.2014 година, на граничниот премин Деве Баир, при контрола на тројца државјани на Република Франција на излез од Република Македонија, од страна на овластени службени лица од Царинската управа на Република Македонија, пронајдена е наркотична дрога. Постапувајќи по поднесената кривична пријава од Царинската управа на Република Македонија, дека како соизвршители сториле кривичнo делo … ПовеќеОсновното јавно обвинителство – Куманово донесе Наредба за спроведување на истражна постапка и Предлог за одредување на мерка Притвор против тројца државјани на Република Франција

Соопштение

Основното јавно обвинителство – Скопје по допрен глас, а во врска со информацијата објавена во медиумите за наводна корупција при финансирање на политичка партија, оформи предмет заради проверка на наводите изнесени од страна на лицето Загорац Тумбовски.

ПовеќеСоопштение

Основното јавно обвинителство – Скопје започна со активностите по пријавата на Министерството за здравство

Во врска со актуелната состојба околу појавата на бактеријата листерија, на ден 25.07.2014 година до Основното јавно обвинителство – Скопје од страна на Министерството за здравство е поднесена кривична пријава против непознат сторител. Основното јавно обвинителство – Скопје започна со активностите по пријавата. Од подносителот е побарано да достави дополнителни докази што ќе бидат од … ПовеќеОсновното јавно обвинителство – Скопје започна со активностите по пријавата на Министерството за здравство

Основното јавно обвинителство – Скопје ги презема потребните мерки и активности во врска со испитување на причините за пожарот и експлозијата во фабриката за пиротехника во Сопиште

Основното јавно обвинителство – Скопје ги прибира сите докази и информации неопходи за утврдување на непосредната причина за пожарот кој предизвикал експлозија во фабриката за пиротехника во Сопиште.

ПовеќеОсновното јавно обвинителство – Скопје ги презема потребните мерки и активности во врска со испитување на причините за пожарот и експлозијата во фабриката за пиротехника во Сопиште

Основното јавно обвинителство – Струмица побара мерка – Притвор за едно лице поради сторен полов напад врз дете

Основното јавно обвинителство – Струмица поведе постапка против едно лице за сторено кривично дело – Полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години од чл. 188 ст.1 од Кривичниот законик на Република Македонија. Сторителот ја пресретнал малолетната жртва, по што насилно ја внел во возило и ја одвел во изнајмена соба, каде го извршил … ПовеќеОсновното јавно обвинителство – Струмица побара мерка – Притвор за едно лице поради сторен полов напад врз дете

Соопштение

Во контекст на информациите кои вчера и денес се појавија во одредени медиуми, а во врска со судењето во предметот за артефактите од Музејот на Македонија и наводите од страна на адвокатите дека обвинителството не им ги доставило на увид доказите и записниците од истрагата, Јавното обвинителство на Република Македонија со цел објективно информирање на … ПовеќеСоопштение

Основното јавно обвинителство – Тетово поднесе предлог за определување мерка – Притвор против двајца учесници на протестите

До Основното јавно обвинителство – Тетово поднесена е кривична пријава од СВР – Тетово против десет лица поради основано сомнение дека истите сториле кривично дело – Учество во толпа што ќе изврши кривично дело по чл.385 ст.1 од Кривичниот законик на Република Македонија, односно учество во толпа што со заедничко дејствување ќе стори насилство спрема луѓе.

ПовеќеОсновното јавно обвинителство – Тетово поднесе предлог за определување мерка – Притвор против двајца учесници на протестите

Соопштение

До Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија поднесе кривична пријава против Никола Груевски за кривично дело – Противзаконито посредување по чл.359 од КЗ, кривично дело – Примање поткуп по чл.357 од КЗ и кривично дело – Даночно затајување по чл.279 од КЗ.

 

ПовеќеСоопштение

Основното jавно oбвинителство – Тетово донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против едно лице за случајот во Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај во Тетово

Основното јавно обвинителство – Тетово донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против едно лице за сторено кривично дело – Тешки дела против општата сигурност од член 292 ст.1 вв со член 288 ст. 3 вв со ст.1 од Кривичниот законик на Република Македонија.

ПовеќеОсновното jавно oбвинителство – Тетово донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против едно лице за случајот во Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај во Тетово

Основното јавно обвинителство – Скопје поднесе обвинителен акт против обвинетите во случајот со артефактите во Музејот на Македонија

Основното јавно обвинителство – Скопје на 27 Мај 2014 година поднесе Обвинителен акт до Основниот суд Скопје 1 – Скопје против лицата обвинети во случајот со Музејот на Македонија.

ПовеќеОсновното јавно обвинителство – Скопје поднесе обвинителен акт против обвинетите во случајот со артефактите во Музејот на Македонија

Соопштение во врска со настаните во населбата Ѓорче Петров

Основното јавно обвинителство – Скопје поведе постапка против петмина учесници во насилните протести во скопската населба Ѓорче Петров. Имено, во протестот голема група лица со насилно однесување демонстрираа против убиството на осумнаесетгодишниот А.П. изразувајќи го револтот преку предизвикување на нереди и инциденти. Притоа попречени беа службени лица на Министерството за внатрешни работи во вршење на должноста, за што до Основното јавно обвинителство – Скопје беа поднесени кривични пријави против петмина учесници.

ПовеќеСоопштение во врска со настаните во населбата Ѓорче Петров

Соопштение

Во врска со настанот случен на ден 19 Мај 2014 година на паркингот од Европската очна болница во нас. Ѓорче Петров во Скопје, при што е лишено од живот лицето А.П, Јавното обвинителство на Република Македонија Ве известува дека на лице место е излезен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје. По извршениот увид … ПовеќеСоопштение

Соопштение

По сообраќајната несреќа што се случи на патот Велес – Штип, кај местото Сарамзалино, во која се судрија автобус на Струмица Експрес и патнички воз, Основното јавно обвинителство – Штип во текот на вчерашниот ден изврши увид на лице место и ги презеде потребните истражни дејствија.

ПовеќеСоопштение

Соопштение

Денес до Основниот суд Скопје I – Скопје, Основното јавно обвинителство – Скопје поднесе Обвинителен предлог против лицето Д.С, обвинето за сторено кривично дело – награда за противзаконско влијание од член 359 од Кривичниот законик на Република Македонија. Воедно, Основното јавно обвинителство – Скопје поднeсе и Предлог за продолжување на мерката притвор.   ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО … ПовеќеСоопштение

Соопштение за јавноста

Во текот на вчерашниот ден, 06.05.2014 година, од страна на Министерството за внатрешни работи е лишено од слобода едно лице заради основано сомнение дека сторило кривично дело – Противзаконито посредување од чл.359 од Кривичниот законик. Постапувајќи согласно законот Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје. Основното јавно обвинителство во Скопје, … ПовеќеСоопштение за јавноста

ИНТЕРВЈУ НА ЈАВНИОТ ОБВИНИТЕЛ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ДАДЕНО ЗА „УТРИНСКИ ВЕСНИК“

ИНТЕРВЈУ – ОБВИНИТЕЛСТВОТО ГИ ПРОВЕРУВА СИТЕ ФАКТИ ЗА МАКЕДОНСКА БАНКА

Државниот јавен обвинител Марко Зврлевски одговара за последните афери отворени пред изборите, за партиското финансирање на изборните кампањи, за ревизијата на проектот „Скопје 2014“

ПовеќеИНТЕРВЈУ НА ЈАВНИОТ ОБВИНИТЕЛ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ДАДЕНО ЗА „УТРИНСКИ ВЕСНИК“

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА

СВР Скопје, по претходно преземени дејствија во координација со Јавен обвинител во Основното јавно обвинителство Скопје, документираше дека тројца полициски службеници и тоа еден началник на одделение, еден главен инспектор раководител на отсек и еден самостоен инспектор извршиле кривично дело – Примање поткуп од чл. 357 од Кривичниот законик, за што до Основното јавно обвинителство … ПовеќеСООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА

Основното јавно обвинителство – Скопје, по спроведена претходна постапка, а во врска со пријавата дека од Музејот на Македонија биле украдени 162 археолошки предмети, на ден 27.02.2014 година, донесе Наредба за спроведување на истражна постапка

ПовеќеСООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА