Соопштенија

Обвинение за недозволено поседување марихуана

Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори согласно член 215 став 1 од Кривичниот законик поднесе денеска Основното јавно обвинителство Скопје. Обвинетиот е 29-годишен скопјанец кај кого, при претрес на 12 ноември, биле пронајдени 27,65 грама марихуана. Дрогата била скриена … Повеќе

Двајца скопјани под истрага за трговија со дрога

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори согласно член 215 став 1 од Кривичниот законик. На 30 ноември, во домот во кој престојувал, првиот осомничен, 34-годишен … Повеќе

Притвор заради дрога и оружје

Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против 24-годишен жител на село Челопек, Брвеница, поради основано сомнение дека ги сторил кривичните дела  „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и распрскувачки материи“ од член 396 став 2 во врска со став 1 и „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ … Повеќе

Поднесено обвинение за убиство при вршење семејно насилство

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Убиство според член 123 став 2 точка 2 во врска со член 12 став 2 од Кривичниот законик. Обвинетиот, во состојба на битно намалена пресметливост предизвикана од психичко нарушување и зависност од опијати, при вршење семејно насилство, … Повеќе

Две лица под истрага за разбојништво во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 и во врска со член 22 од Кривичниот законик. На 27 ноември осомничените дошле пред простории на финансиско друштво … Повеќе

Отфрлена кривична пријава за повреда на авторско право и пиратерија

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Решение за отфрлање на кривичната пријава поднесена од пет македонски телевизии против едно физичко лице и едно правно лице за кривични дела – Повреда на авторско право и сродни права од член 157 и Пиратерија на аудиовизуелно дело од член 157-б од Кривичниот законик. Одлуката е донесена бидејќи пријавените дела … Повеќе

Еден обвинет за обид за полов напад врз 10-годишно девојче во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице на возраст од 70 години, кое се товари за кривично дело – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години согласно член 188 став 1 во врска со член 19 (обид) од Кривичниот законик. Обвинетиот, на 7 октомври, на улицата „Индира Ганди“ во Скопје, … Повеќе

Предложени парични казни за организација на масовни собири во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлози за издавање казнени налози против три физички и едно правно лице за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 од Кривичниот законик. Првите двајца обвинети, татко и син од Скопје, на 13 септември во дворот на семејната куќа организирале приватен собир – … Повеќе

Извршен увид за сообраќајната незгода во Кавадарци

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци заедно со увидна екипа од ОВР Кавадарци изврши увид на самото место каде вчера околу 17.00 часот се случи сообраќајна несреќа во која животот го загуби едно лице. На регионалниот пат Кавадарци, кај градските гробишта, се случила сообраќајна незгода помеѓу трактор Урсус со приколка, управуван од 24 – … Повеќе

За фалсификување исправа обвинет албански државјанин

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против 28-годишен државјанин на Република Албанија, кој се гони за кривично дело – Фалсификување исправа од член 378 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. На 6 ноември, на Меѓународниот аеродром Скопје, при чекирање на билетот, лажна исправа употребил како вистинска. Тој искористил лажен француски … Повеќе

Скопското обвинителство поведе истрага за извршени разбојништва

Наредба за спроведување истражна постапка донесе Основното јавно обвинителство Скопје денеска против 30-годишен државјанин на Република Италија со жителство во Скопје, за кого постои основано сомнение дека сторил четири кривични дела – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1, како и еден обид за разбојништво согласно член 237 став 4 во … Повеќе

Обвинение за татко и син – дилери на кокаин

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во текот на вчерашниот ден до Основниот кривичен суд – Скопје поднесе Обвинителен акт против двајца жители на населба Ченто. Обвинетите, татко (49) и син (22), се товарат дека сториле кривично дело – „ Неовластено производство и пуштање во промет на наркотична  дрога, психотропни супстанции … Повеќе

Обвинение за поседување оружје во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот 30-годишник, на 30 октомври, во неговиот дом на улица „Методија Андонов Ченто“, неовластено држел пиштол V.BERNADELLI GARDONE V.T. со калибар 7,65 … Повеќе

Притвор за скопјанец кај кого беа пронајдени марихуана, екстази и амфетамин

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Во домот на осомничениот 37-годишник, на улица „Народен фронт“, при претрес … Повеќе

Албански државјанин обвинет за фалсификување исправа

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен предлог против 22-годишен државјанин на Република Албанија за кривично дело – Фалсификување исправа според член 378 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот употребил лажна исправа како вистинска, односно при излез од земјава, во авион на авиокомпанијата Визер за Лондон, … Повеќе

Притвор за двајца заради трговија со дрога

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица од Куманово на возраст од 59 и 52 години поради постоење основано сомнение дека сториле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Откако првоосомничениот му помогнал … Повеќе

Обвинение за извршено силување

Основното јавно обвинителство Велес поднесе обвинителен акт  против 55-годишно лице од Велес за сторено едно продолжено кривично дело – Силување од член 186 од Кривичниот законик. Обвинетиот искористувајќи исти прилики, како сосед на оштетената,  во два наврати со употреба на сила извршил обљуба врз неа. На 17.09.2020 околу 22.00 часот префрлувајќи се преку оградниот ѕид … Повеќе

Притвор за дилер на дрога

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против битолчанец за сторено кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и  прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. По извршен претрес во домот на осомничениот во Битола на 14.11.2020 година, од страна на СВР Битола … Повеќе

Побаран притвор за дилер кој криел дрога во својот автомобил

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 13 ноември, во своето возило Субару форестер неовластено заради … Повеќе

Истрага за недозволено поседување марихуана во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 29-годишен скопјанец кој е осомничен за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори согласно член 215 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 12 ноември во својот дом на улица „Михаил Чаков“, неовластено заради продажба … Повеќе