Спречен обид за учество во странска војска

Спречен обид за учество во странска војска

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе наредба за спроведување на истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Учество во странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации од член 322-а ст.3 вв ст.9 од Кривичниот законик. На почеток на … Повеќе

Отворен предмет по допрен глас за паднатата фасада на АД „МЕПСО“

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција следејќи ги написите во медиумите за  падната фасада на зградата на АД МЕПСО, денеска отвори предмет по допрен глас. Предметот е распределен кај надлежен јавен обвинител кој издаде наредба  до Министерството за внатрешни работи за обезбедување и вештачење на севкупната документација за проектот насловен „Реконструкција … Повеќе

Криумчарите на мигранти по признавање на вина, осудени и ќе бидат протерани од земјава

По поднесен обвинителен акт од страна на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за предметот во кој се обвинети две лица, по потекло од Република Гана, дека сториле кривично дело Криумчарење на мигранти, денеска во Основниот кривичен суд – Скопје беше одржано рочиште. По воведните зборови на надлежниот обвинител, обвинетите, германски … Повеќе

По вчерашната акција во с. Крушопек, истрага за две лица

Заврши распитот на лицата што вчера вечер беа лишени од слобода во акцијата во с. Крушопек, Општина Сарај. Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело Неовластено производство и пуштање … Повеќе

Соопштение

Денеска во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, на негово барање, обвинителката Вилма Русковска го прими пратеникот Антонио Милошоски. На средбата Милошоски достави аудио материјал за кој по преслушувањето и анализа на истиот ќе биде донесена јавнообвинителска одлука за понатамошно користење на материјалот.

Обвинети шест лица за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје

По сеопфатна истражна постапка, надлежен обвинител од Основното јавно обинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска до Основниот кривичен суд – Скопје поднесе Обвинителен акт против шест лица. На обвинетите им се става на товар дека сториле кривично дело Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи предвидено и казниво … Повеќе

Обвинителен акт против македонски државјанин и тројца Пакистанци за криумчарење мигранти

По сеопфатна истражна постапка, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд – Скопје поднесе Обвинителен акт против еден македонски државјанин и тројца државјани на Пакистан. На обвинитетите им се става на товар дека како соизвршители сториле кривично дело „Криумчарење на мигранти“ предвидено и казниво … Повеќе

Поднесен обвинителен акт против двајца странски државјани за криумчарење на мигранти

Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд – Скопје поднесе обвинителен акт против две лица. На првообвинетиот германски државјанин и второобвинетата државјанка на Р.Италија, двајцата по потекло од Република Гана, им се става на товар дека како соизвршители сториле кривично дело Криумчарење на мигранти предвидено … Повеќе

Поднесен Обвинителен акт против пет лица и едно правно лице

По спроведена сеопфатна истражна постапка надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска до Основниот кривичен суд – Скопје достави Обвинителен акт против пет физички лица и едно правно лице. Со дејствијата опишани во Обвинителниот акт кривичното дело Измама предвидено и казниво по член 247 став 4 во … Повеќе

Постигнати спогодби со четири лица за Несовесно работење во служба и со едно лице за Бесправно градење

Надлежен обвинител при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција постигна спогодба со пет лица кои, по поднесувањето на Обвинителниот акт со кој се обвинува градоначалник, осум административни службеници од општина Карпош и две одговорни лица во правно лице, поднесоа изјави за признавање на вина. Според Обвинителниот акт заснован врз прибраните докази … Повеќе

Првоосомничениот се повика на судски имунитет по предлогот на обвинителството

Првоосомничениот кој не беше достапен и за кого Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во текот на вчерашниот ден побара да му биде определена мерка притвор, денеска самоволно се појави пред Судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје. Во текот на денешното рочиште осомничениот се повика на судскиот … Повеќе

Прес конференција за меѓународната операција во која беа запленети 700 кг кокаин од Колумбија

  Денеска Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и Министерството за внатрешни работи одржаа заедничка Прес конференција во врска со неодамнешната меѓународна операција во која беа лишени од слобода пет лица  припадници на организирана криминална група за купување, пренесување и пуштање во промет на кокаин. Целта на меѓународната операција беше сузбивање … Повеќе

Одложено рочиште за оценка на Обвинителниот акт во кој се обвинети 11 лица

По поднесување на Обвинителниот акт поднесен до Основниот кривичен суд – Скопје на 30.10.2019 година, од страна на четири обвинети лица се поднесени изјави за признавање на вина, а на денеска закажаното рочиште за оценка на Обвинителниот акт уште едно лице даде изјава за признавање на вина. Надлежниот јавен обвинител заради спроведување  на постапката за … Повеќе

Обвинителен акт против 11 лица во предметот „Шпански скали“

По сеопфатна истражна постапка што Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја започна во јуни годинава, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд – Скопје достави Обвинителен акт  против 11 лица. На обвинетите им се става на товар дека сториле кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.5, … Повеќе

Се прибираат потребни известувања за објавените аудио записи на „Јутуб“

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по првичното објавување на аудио снимки на „Јутуб“ објавени на каналот „U6e Big“, отвори предмет по допрен глас. Предметот е земен во работа и по него постапува надлежен јавен обвинител. Издадена е наредба до Министерството за внатрешни работи – Сектор за компјутерски криминал и дигитална … Повеќе

Три лица под истрага за трговија со кокаин

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција вчера вечер донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против три лица осомничени дека сториле кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори. По неколку месечна соработка со Министерството за внатрешни работи и прибрани … Повеќе

Истрага и притвор за криумчарење на 19 мигранти

Во текот на вчерашниот ден надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои на основано сомнение дека сторило кривично дело Криумчарење мигранти по член 418-б  став 4 во врска со став 2 од Кривичниот законик. Осомничениот во … Повеќе

Притвор за осомничен за криумчарење на 12 мигранти

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои на основано сомнение дека сторило кривично дело Криумчарење мигранти по член 418-б  став 4 во врска со став 2 од Кривичниот законик. Осомничениот со намера да ги превезе до … Повеќе

Тројца Пакистанци и еден македонски државјанин осомничени за криумчарење мигранти

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против четири лица. Лицата, еден македонски и тројца пакистански државјани се осомничени дека како соизвршители сториле кривично дело Криумчарење мигранти предвидено и казниво по член 418 – б став 3 во врска со став … Повеќе

Поднесен обвинителен акт против 11 лица

По сеопфатна истражна постапка, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд – Скопје, достави обвинителен акт против 11 лица. Со дејствијата опишани во Обвинителниот акт првообвинетиот се товари дека сторил повеќе кривични дела Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.5 в.в. со … Повеќе