Истрага за разбојништво во Куманово

Истрага за разбојништво во Куманово

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица од скопско Студеничани за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Разбојништво предвидено во член 237 став 4 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик. Осомничените, двајца браќа на возраст од 25 и 18 години и … Повеќе

Истрага против дилер на марихуана во Струга

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струга донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори според член 215 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 27-годишен стружанец, во гаражата што ја користи во близина на неговиот дом на улицата „Мислешевски … Повеќе

Истрага за предизвикување тешка сообраќајна несреќа во близина на Подмолје

Основното јавно обвинителство Охрид донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, 24-годишен жител на селото Белчишта, општина Дебрца, поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик. Поведувањето на постапката … Повеќе

Терористичка организација со закани по живот за Јавниот обвинител Јовески

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија ја известува јавноста дека во текот на вчерашниот ден, преку препорачана пратка експедирана од Пошта Битола на 17.1.2022 година во 10:26 часот, доби закана по неговиот живот. Препорачаната пратка со заканата е напишана на македонски и на англиски јазик. Заканата се однесува на конкретен кривичен предмет по кој постапката е … Повеќе

Притвор за дилер на дрога од Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 39-годишен скопјанец поради основано сомнение дека го сторил кривичното дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. При извршен претрес во возило кое го управувал осомничениот, а потоа и во … Повеќе

Поведена постапка во скопското обвинителство против дилер од Гостивар

Обвинителството со Наредба започна истрага против 52 – годишен жител на Гостивар, за кој постои основано сомнение дека го сторил кривичното дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот на 24.12.2021 година, неовластено заради продажба пренесувал наркотична дрога – хероин … Повеќе

Поднесено обвинение за професорот од Струга

Основното јавно обвинителство Струга поднесе Обвинителен предлог против 57 – годишен професор од Струга, за сторено кривичното дело – Насилство од член 386 став 1 во врска со став 3 од Кривичниот законик. Обвинетиот на 23.12.2021 година околу 13:30 часот, со боксирач удрил ученик на возраст од 18 години. Физичкиот напад следел по претходно влошени  … Повеќе

Предложен притвор за професорот од Струга

Основното јавно обвинителство Струга поведе постапка против 57 – годишен професор од Струга, за кого постои основано сомнение дека го сторил кривичното дело Насилство од член 364 став 1 во врска со став 3 од Кривичниот законик. Осомничениот на 23.12.2021 година околу 12:30 часот, со боксирач удрил во пределот на главата на оштетениот ученик на … Повеќе

Обвинение за поттикнување убиство на три лица во Куманово

Основното јавно обвинителство Куманово поднесе Обвинителен акт против 57 – годишен кумановец за сторено кривично дело Убиство од член 123 став 3 во врска со став 2 точка 4 во врска со член 23 став 2 од Кривичниот законик. Обвинетиот се товари дека  со умисла поттикнувал двајца оштетени да лишат од живот три лица. Поттикнувањето … Повеќе

Поведена постапка по пронајдена наркотична дрога

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување на истражна постапка и поднесе Предлог за определување на мерка притвор против 38 годишна кумановка, поради постоење на основано сомнение дeка го сторила кривичнoто делo – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 … Повеќе

Соопштение

Утринава во 5:30 часот во с. Чегране, гостиварско, извршен е обид за убиство на јавен обвинител од Oсновното јавно обвинителство Гостивар. Јавниот обвинител е надвор од животна опасност и е под медицинска нега на скопските клиники. Јавниот обвинител бил нападнат со нож при што му е зададена убодна рана во грбот. Основното јавно обвинителство презема … Повеќе

Побаран притвор заради трговија со дрога

Основното јавно обвинителство Охрид донесе  Наредба за спроведување на истражна постапка против 38-годишен државјанин на Република Албанија, поради постоење на основано сомнение дека го сторил кривичното дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот на 7 ноември 2021 година, … Повеќе

Казнен налог за уништување извршителски печат во Гостивар

Основното јавно обвинителство Гостивар до надлежниот суд поднесе Предлог за издавање казнен налог против едно лице за кривично дело – Симнување или оштетување на службен печат или знак од член 389 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, на 19 јули симнал службен печат од овластено службено лице – извршител за осигурување на моторно возило Мерцедес, … Повеќе

Гостиварец обвинет за давање лажен исказ

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Предлог за издавање казнен налог против едно лице за кривично дело – Давање лажен исказ според член 367 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. На 23 септември на обвинетиот му било доставено барање да даде податоци за имот и приходи согласно член 26 … Повеќе

Поднесено обвинение за гостиварец кој вршел семејно насилство врз сопругата и ќерката

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против 43 – годишен гостиварец за кривичните дела  – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 и Загрозување на сигурноста од член 144 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот на 15 октомври, при вршење семејно насилство во домот … Повеќе

СООПШТЕНИЕ

До  19:00 часот денеска пристигнаа уште неколку пријави за евентуално сторени кривични дела во врска со изборите и гласањето, по кои постапуваше Комисијата за следење на евентуални изборни нерегуларности. Основното јавно обвинителство Струга е известено дека на избирачко место едно лице го искинало гласачкото ливче и го напуштило гласачкото место. По дадени насоки од јавен … Повеќе

СООПШТЕНИЕ

До 15:00 часот во Комисијата за следење на евентуални нерегуларности поврзани со извршување на кривични дела од Глава шеснаесет – Кривични дела против изборите и гласањето од Кривичниот законик и други кривични дела кои би биле сторени при организирањето и спроведувањето на локалните избори, пристигнаа информации за постапувањата по предметите во основните јавни обвинителства, како … Повеќе

СООПШТЕНИЕ

Комисијата за следење на евентуални нерегуларности поврзани со извршување на кривични дела од Глава шеснаесет – Кривични дела против изборите и гласањето од Кривичниот законик и други кривични дела кои би биле сторени при организирањето и спроведувањето на локалните избори, ја известува јавноста дека во континуитет ги следи случувањата поврзани со изборниот процес. До овој … Повеќе

Осумдневен притвор заради закани кон кандидат за градоначалник

Закани упатени кон кандидатот за градоначалник на Прилеп и неговото семејство,  испратени  преку социјалната мрежа Фејсбук беа предмет на истрага на  Основното јавно обвинителство Прилеп и МВР. Заканите ги упатил 27-годишник од Прилеп, преку објави на социјалната мрежа Фејсбук. Основното јавно обвинителство Прилеп поведе постапка за сторено кривично дело – Загрозување на сигурноста од член … Повеќе