Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од чл. 215 ст. 1 во врска со чл.45 од Кривичниот законик.
Лицето е осомничено дека во текот на 2017 и 2018 година, во повеќе наврати, искористувајќи исти прилики и ист траен однос, неовластено набавила наркотична дрога марихуана, од која што со понатамошна преработка добивала наркотична дрога хашиш и други опојни средства, кои потоа ги продавала на уживатели на територијата на Град Скопје.