Основното јавно обвинителство Прилеп ја истражува сообраќајната несреќа во која почина пешак

Основното јавно обвинителство Прилеп ја истражува сообраќајната несреќа во која почина пешак

Денеска околу 11,30 часот се случи сообраќајна несреќа на ул.„Бидимаш“ во Прилеп, во која животот го загуби едно лице.  Сообраќајната несреќа се случила откако  патничко моторно возило марка „Фолксваген Голф“ управувано од  46- годишен жител на Прилеп удрил во пешак на возраст од 67 години, кој им подлегнал на здобиените повреди. Надлежен јавен обвинител од … Повеќе

Оформен е предмет за говорот на омраза во врска со пожарите во Грција

Основното јавно обвинителство Скопје по допрен глас оформи предмет во врска со определени написи и коментари по социјалните мрежи, а со кои преку компјутерски систем во јавноста се шират расистички и ксенофобични материјали. Објавените текстови во социјалните мрежи се насочени кон пожарот во близина на Атина, Република Грција  во кој има и човечки жртви. Јавното … Повеќе

Основното јавно обвинителство Свети Николе ги истражува причините за сообраќајната несреќа помеѓу камион и автобус

Сообраќајната несреќа се случи на 23 јули, во 13.40 часот на магистралниот пат Велес – Штип, помеѓу автобус во сопственост на фирмата Кит Го  од Штип управуван од возач од Велес роден 1964 година  и  камион ТМВ влекач со полуприколка со регистарски ознаки од Скопје, управуван од жител на Скопје, роден во 1987 година. Во … Повеќе

СООПШТЕНИЕ

По објавите во медиумите за евентуални злоупотреби при доделување на грантови по Јавен повик од Фондот за иновации и технолошки развој, ја известуваме јавноста дека Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција оформи предмет по допрен глас. Обвинителството презема дејствија за утврдување на факти во предметот, а во врска со евентуални сторени … Повеќе

Во Прилеп извршен увид на местото каде беше пронајден мртов полициски службеник

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп со екипа од крим-техника при ПС Прилеп, изврши увид на местото во близина на локалниот пат с.Беловодица-с.Дрен, каде вчера попладне беше пронајден мртов 45-годишен полициски службеник вработен во МВР – ПС Прилеп. Лицето е пронајдено во лежечка положба до неговото возило, со прострелна рана во главата и службениот пиштол во раката. Притоа јавниот обвинител … Повеќе

Oбвинение против две лица за неовластено производство на марихуана

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе Обвинителен акт против две лица за сторено кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори по член 215 ст.3 во врска со ст.1 од Кривичниот законик. За истиот настан, уште едно лице против кое беше покрената … Повеќе

Поднесено обвинение за три лица за Трговија со дете

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска до надлежен суд поднесе Обвинителен акт против едно лице за сторено кривично дело  Трговија со дете од член 418 г став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик,  додека две лица – корисници на сексуални услуги се обвинети за кривично дело Трговија … Повеќе

Основното јавно обвинителство Струмица поднесе обвинение против пет лица за криумчарење на цигари

По завршување на истражна постапка и прибирање на материјални и вербални докази во предметот, Основното јавно обвинителство Струмица денеска до надлежниот суд достави Обвинителен предлог против пет лица за сторено кривично дело Криумчарење од член 278 став 2 во врска со став 1 во врска со член 22 од Kривичниот законик. Заедно со обвинението до … Повеќе

Соопштение

По преземање на сите дејствија за утврдување на фактите во предметот против трите лица осомничени за кривичното дело извршено на 29 јуни 2018 година при кое почина лицето Н.С., Основното јавно обвинителство Скопје изврши преквалификација на кривичното дело за кое до сега се водеше истражната постапка. Имено, наместо за кривично дело Насилство од член 386 став … Повеќе

Соопштение

Во Основното јавно обвинителство Скопје интензивно се преземаат дејствија за утврдување на фактите во предметот поврзан со смртта на лицето Н.С., кое почина по инцидент во скопската населба Автокоманда.  По дадена Наредба од Основното јавно обвинителство Скопје, денеска Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија при Медицинскиот факултет во Скопје, до обвинителството достави извршено … Повеќе

Основното јавно обвинителство Тетово изврши увид на местото на вооружена престрелка

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово изврши увид на лице место на улицата „29-ти Ноември“ во Тетово каде што во вооружена престрелка во текот на ноќта беа повредени три лица. Повредените поради сериозноста на повредите веднаш се пренесени на скопските клиники, а мотивот за престрелката ќе се утврдува. За таа цел, јавниот обвинител … Повеќе

Основното јавно обвинителство Прилеп гони лице за полов напад врз дете

Кривичниот настан се случил вчера во претпладневните часови.  Осомничениот  бил забележан од вработени во ЈЗУ Здравствен дом  Прилеп како во дворот на установата врши полови дејствија врз детето. По пријавата е веднаш постапено и сторителот е лишен од слобода. Основното јавно обвинителство Прилеп постапувајќи во предметот донесе Наредба за спроведување истражна постапка против осомниченото  лице … Повеќе

Основното јавно обвинителство Струмица сомничи пет лица за криумчарење цигари

Основното јавно обвинителство Струмица поведе постапка против пет лица за сторено кривично дело Криумчарење од чл.278 ст. 2 во врска со ст. 1 во врска со чл.22 од Кривичниот законик. Лицата се осомничени дека на 10.07.2018 година се обиделе да пренесат непријавена стока – цигари преку див премин на македонско-бугарската граница. Од страна на овластени … Повеќе

Основното јавно обвинителство Скопје ги расветлува причините за смртта на пронајдено починато машко лице

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје работи на расветлување на причините за смртта на машко лице, чие безживотно тело беше пронајдено доцна синоќа во автомобил на улица „Трета македонска бригада“ во Скопје. Според првичните информации, кај починатото лице не биле видливи траги на насилство. Јавниот обвинител издаде Наредба за обдукција на починатиот, како … Повеќе

Предлог за издавање казнен налог против двајца обвинети за неовластено снимање

По спроведените истражни дејствија, надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот суд Скопје 1 – Скопје поднесе Предлог за издавање казнен налог против две службени лица од КПУ Затвор „Скопје“во Скопје. На лицата им се става на товар дека сториле кривично дело Неовластено снимање од чл.152 ст.2 вв ст.1 од Кривичниот законик. Имено, … Повеќе

Основното јавно обвинителство Скопје утврдува евентуална кривична одговорност за вчерашниот трагичен настан во општина Илинден

Основното јавно обвинителство Скопје постапува во насока на расветлување на причините за трагичниот настан во општина Илинден, во кој вчера животот го загуби 13-годишно девојче, и на утврдување на евентуална кривична одговорност. Надлежен јавен обвинител издаде наредба за обдукција на починатото лице, како и насоки за прибирање дополнителни податоци. Побарани се информации за фирмата која … Повеќе

Основното јавно обвинителство Скопје ги отфрли кривичните пријави поднесени против судии од Уставниот суд

Постапувајќи по поднесени кривични пријави против петмина судии од Уставниот суд на Република Македонија, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје утврди дека нема основано сомнение дека осомничените ги сториле кривичните дела за кои беа пријавени, по што донесе Решение за отфрлање на кривичните пријави. Имено, во кривичните пријави  поднесени од страна на Тодор … Повеќе

Основно јавно обвинителство Радовиш​ изврши увид на местото на сообраќајната несреќа во која загинаа двајца мигранти

Основен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Радовиш вчера во текот на доцните попладневни часови изврши увид на местото каде се случи сообраќајна несреќа со смртни последици. До несреќата дошло кога ТМВ „Ивеко“ со скопски регистарски таблички со кое илегално се превезувале 23 мигранти од Бангладеш и Шри Ланка, движејќи се на магистралниот пат А-4 во … Повеќе

Основното јавно обвинителство Велес ги истражува причините за пожарот во кој животот го загубија три деца

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес го заврши увидот на лице место каде попладнево избувна пожар. Во пожарот три деца на возраст од четири, две и една година го загубија животот. Според првичните сознанија на јавниот обвинител, родителите ги заклучиле децата и заминале во продавница. За тоа време, од засега непознати причини, избувнал … Повеќе

Основното јавно обвинителство Скопје презема дејствија за расветлување на вчерашните настани кои се случија во вечерните часови пред Собранието на Република Македонија

Утринава, претставници од Основното јавно обвинителство Скопје одржаа работен состанок со претставници од Министерството за внатрешни работи на кој Основното јавно обвинителство беше известено за вчерашните настани. Во тек на протестите пред Собранието на Република Македонија од страна на Министерството за внатрешни работи вчера биле лишени од слобода 26 лица, од кои пет малолетници. По утврдување на … Повеќе