Основното јавно обвинителство Кочани спроведува истрага против полициски службеник

Основното јавно обвинителство Кочани спроведува истрага против полициски службеник

Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани издаде Наредба за спроведување на истражна постапка против едно лице – полициски службеник на кој му се става на товар дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од чл.215 ст.1 од Кривичниот законик. Врз основа на … Повеќе

Основното јавно обвинителство – Битола изврши увид на местото каде ноќеска е ранет разбојник

Вчера вечер, во колонијална продавница во Битола е извршено разбојништво. Според добиените сознанија, инспекторите од СВР Битола го известиле дежурниот јавен обвинител дека можниот сторител е скопјанец кој престојува кај својата девојка. Заради пронаоѓање предмети што потекнуваат од кривичното дело или се важни за кривичната постапка издадена е Наредба за претрес на домот и други … Повеќе

Основното јавно обвинителство Куманово побара Бобан Илиќ да биде задржан во притвор до правосилноста на пресудата

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово до Основниот суд Куманово достави Предлог за определување мерка притвор за обвинетото лице Бобан Илиќ, кој беше осуден со првостепена пресуда за кривичното дело Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 ст. 2 во врска со член 297 ст. 1 од … Повеќе

Работна средба меѓу државните јавни обвинители на Македонија и Словенија

Во рамки на билатералната соработка, денеска Јавниот обвинител на Република Македонија, Љубомир Јовески одржа работна средба со Државниот главен јавен обвинител на Република Словенија, Драго Шкета. Зајакнување на соработката во областа на владеење на правото преку размена на искуствата од двете држави, беше тема на која разговараа државните обвинители и членовите на делегациите од двете … Повеќе

Основното јавно обвинителство Тетово врши увид на лице место каде вечерва имаше престрелка

Вечерва во Мала Речица, во меѓусебна престрелка меѓу две групи животот го загуби едно лице, а неколкумина се повредени.  Причините за настанатата престрелка во моментов се непознати и претстои нивно расветлување. Во организирана акција на обвинителството и Министерството за внатрешни работи, две лица учесници во престрелката кои со возило се упатиле кон Скопје се лишени … Повеќе

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинение против лицето кое нападна пратеник

Денеска надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за сторено кривично дело Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. На 25 март годинава, обвинетиот на плоштадот Македонија физички нападна пратеник на Собранието на Република Македонија. Идентитетот на обвинетиот беше утврден  по … Повеќе

Основното јавно обвинителство во Велес истражува обид за убиство

Надлежен јавен обвинител донесе  Наредба за спроведување на истражна постапка против едно лице на возраст од 26 години, поради постоење на основано сомневање дека сторил во обид  кривично дело Убиство од чл.123 ст.1од Кривичниот законик и кривично дело Загрозување на сигурноста од чл.144 ст.3 в.в.ст.1 од Кривичниот законик. Осомничениот на ден 01.04.2018 година околу 20.30 часот … Повеќе

Остварена работна посета со претставници на Врховниот апелационен суд на Република Турција

Јавниот обвинител на Република Македонија, г. Љубомир Јовески денеска оствари работна средба со г. Мехмет Акарџа, Републички главен јавен обвинител на Врховниот апелационен суд на Република Турција и г. Исмаил Рушту Чирит, Претседател на Врховниот суд на Република Турција. На средбата присуствуваа и г. Јово Вангеловски, Претседател на Врховниот суд на Република Македонија, како и … Повеќе

Поднесено обвинение за настаните од 27 април во Собранието на Република Македонија

Прес конференција – ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
27.03.2018

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, по сеопфатна истражна постапка, прибрани докази и утврдени факти, денеска до надлежниот суд поднесе Обвинителен акт против 30 лица. Од нив, 28 лица се товарат за сторено кривично дело – Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста од чл.313 од Кривичниот законик, а две лица се гонат за помагање при вршење на истото кривично дело. За четири од осомничените лица постапката е прекината затоа што во моментов тие се недостапни на органите на прогонот. Обвинителството ќе ја продолжи постапката по нивното пронаоѓање. За едно лице постапката е запрена, бидејќи не се обезбедени докази за сторено кривично дело.

Обвинителството утврди дека обвинетите, со намера да го загрозат уставниот поредок и безбедноста на Република Македонија, да оневозможат избор на Претседавач и Претседател на Собранието на Република Македонија, предизвикале акт на насилство, со што го загрозиле животот на пратеници, новинари, овластени службени лица и вработени во законодавниот дом и создале чувство на несигурност, загрозување и страв кај граѓаните.

Повеќе

Основното јавно обвинителство Тетово изврши увид во хангарот на АРМ каде беа повредени двајца војници

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово изврши увид во хангарот на АРМ каде при чистење на оружје од воена вежба беа повредени двајца припадници на армијата. Според првичните сознанија, настанот се случил кога двајца војници од тимот, по враќањето од воена вежба во Штип, го симнале митралезот тежок 35 килограми кој бил монтиран … Повеќе

Притвор за соседот што извршил полов напад врз дете кое не наполнило 14 години

Постапувајќи по кривичната пријава од МВР-НК КР Делчево, надлежниот обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против едно лице поради постоење на основи на сомневање за сторено кривично дело “Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години” од чл. 188 ст. 1 од Кривичниот законик. Осомничениот на возраст … Повеќе

Донесена наредба за истрага за две лица за Злоупотреба на службена положба и овластување и соизвршителство при вршење на јавни набавки

​Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против две лица на кои им се става на товар дека сториле кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување при вршење на јавни набавки од чл.353 ст.5 в.в. ст.1 в.в со чл.22. Имено, … Повеќе

Изјава на Јавниот обвинител на Република Македонија Љубомир Јовески

Како Јавен обвинител на Република Македонија ја осудувам постапката на дел од јавните обвинители во Јавното обвинителство на Република Македонија за објавеното соопштение за кривичниот предмет во врска со трагичната смрт на 4-годишниот Алмир Алиу, бидејќи сметам дека таквото обраќање е непрофесионално и дека со тоа се повредува функцијата јавен обвинител и тешко е прекршен … Повеќе