Интервјуа

Како се спроведува истрагата за трагедијата во Бугарија – Јовески во Дневникот на ТВ Сител

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески во гостување во Дневникот на Телевизија Сител ги објасни сите аспекти на соработката со бугарските истражни организ за откривање на причините за тешката сообраќајна несреќа на автопатот „Струма“. Тој се задржа на последните сознанија на истрагата за тешкиот инцидент, како и на дејствијата кои ќе треба да … Повеќе

Сознанија на истрагата, три дена по трагедијата во Бугарија – Јовески во интервју за ТВ21

За текот на истрагата за причините кои доведоа до тешката автобуска несреќа во Република Бугарија, Јавниот обвинител на Република Северна Македонија во интервју за емисијата „Клик плус“ на ТВ21. Гостувањето на Јовески во емисијата во видеото подолу:

Интервју на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Јовески за бугарскиот канал БТВ

Тезата дека автобусот на „Беса транс“ пренесувал туби со гориво засега е шпекулација и во овој момент не може да се потврди, но конечните одговори треба да ги даде истрагата на бугарското обвинителство, изјави Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески во онлајн гостувањето на утринската информативна програма „Тази сутрин“ на бугарскиот канал БТВ. … Повеќе

Јовески за 24 Анализа: Јавните обвинителства на Република Северна Македонија и на Република Бугарија директно ќе соработуваат за откривање на причините за несреќата

Заради што побрзо завршување на истрагата и утврдување на причините за тешката автобуска несреќа на автопатот „Струма“ во Република Бугарија ги ставивме на располагање сите капацитети на Јавното обвинителство и подготвени сме да помогнеме на секој начин, изјави Јавниот обвинител на Република Северна Македнија  Љубомир Јовески во синоќешното гостување на емисијата „24 Анализа“ на Телевизија … Повеќе

Интервју на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески за Топ Тема

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески гостуваше на емисијата Топ Тема на телевизија Телма. Во интервјуто, Јовески се осврна на повеќе актуелни предмети во надлежност на Јавното обвинителство, на состојбите во обвинителството, како и на последниот извештај на американскиот Стејт департмент за состојбата со човековите права за 2020 година.

Целосното интервју во видеото подолу.

 

Јовески за ДВ: Ќе бидат санкционирани субјективните слабости кај обвинителите

Ќе побарам податоци за ефикасноста на секој обвинител, а од раководителите на обвинителствата ќе слушнам и предлози за надминување на состојбите констатирани од Стејт департментот, вели Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески во интервју за Дојче Веле, програмски сервис на македонски јазик. Интервјуто го пренесуваме интегрално. Кога станува збор за состојбите во македонското … Повеќе

Интервју на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески за ТВ 24

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески во гостувањето на емисијата „24 Анализа“ на Телевизија 24 зборуваше за повеќе предмети во надлежност на Јавното обвинителство. Целосното интервју во видеото подолу.

 

 

Јовески за ТВ Канал 5: Тврдам дека новиот Закон за ЈО обезбедува услови за професионално и неселективно обвинителство

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески во интервју за телевизијата Канал 5 изјави дека и покрај згаснувањето на СЈО , предметите на ова обвинителство ќе добијат завршница. Јовески вели дека обвинителите кои постапуваат по предметите од СЈО ги преземаат неопходните дејствија. Михаела Димовска разговара со државниот јавен обвинител, Јовески.    

Јовески за МИА: Обвинителството е подготвено за примена на одредбите од новиот Закон, предметите на СЈО ќе добијат завршница

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески во интервју за МИА уверува дека Јавното обвинителство е подготвено и со целосна посветеност и залагање ќе пристапи кон примената на одредбите од новиот Закон за јавно обвинителство што денеска стапи на сила. Законските решенија, како што посочува, содржат добра основа за современо јавно обвинителство, како надлежен орган за гонење … Повеќе

Јовески за МИА: Со Законот за ЈО се елиминираат политичките влијанија

Со новиот Закон за јавно обвинителство Основото јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција има поинаква поставеност во рамките на јавнообвинителската мрежа, како во делот на неговата финансиска самостојност, така и во делот на постапувањето во предметите. Така што јавниот обвинител на Република Северна Македонија не може да преземе предмети од негова надлежност … Повеќе

ИНТЕРВЈУ НА ЈАВНИОТ ОБВИНИТЕЛ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ДАДЕНО ЗА „УТРИНСКИ ВЕСНИК“

ИНТЕРВЈУ – ОБВИНИТЕЛСТВОТО ГИ ПРОВЕРУВА СИТЕ ФАКТИ ЗА МАКЕДОНСКА БАНКА

Државниот јавен обвинител Марко Зврлевски одговара за последните афери отворени пред изборите, за партиското финансирање на изборните кампањи, за ревизијата на проектот „Скопје 2014“

Повеќе