Со новиот Закон за јавно обвинителство Основото јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција има поинаква поставеност во рамките на јавнообвинителската мрежа, како во делот на неговата финансиска самостојност, така и во делот на постапувањето во предметите. Така што јавниот обвинител на Република Северна Македонија не може да преземе предмети од негова надлежност без согласност на јавниот обвинител кој раководи со ова јавно обвинителство, вели во интервју за МИА државниот јавен обвинител Љубомир Јовески.
Пуштање во употреба на новите простории на Основното јавно обвинителство Куманово
Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески и Основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Куманово Теута Бедиу – Рамадани денеска ќе ги пуштат во употреба новите простории на Основното јавно обвинителство Куманово, опремени со средства од фондовите на Европската унија. Настанот ќе се одржи во 12:00 часот во Основното јавно обвинителство Куманово. Ги … Повеќе



