Односи со Јавноста

Малолетник осомничен за разбојништво во Битола

Основното јавно обвинителство Битола поднесе Барање за поведување подготвителна постапка против 16-годишно дете во судир со законот за кое постои сомнение дека сторило кривично дело – Разбојништво предвидено во член 237 став 1 од Кривичниот законик. На 13 декември, во близина на битолската Клиничка болница, детето пристапило до еден оштетен и физички го нападнало, удирајќи … Повеќе

Наредба за спроведување на истражна постапка против 11 лица

По повеќемесечна предистражна постапка, денеска под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, единиците на МВР спроведоа акција при што се извршени претреси на повеќе локации во Градот Скопје. Во акцијата се одземени бројни материјални докази и приведени се девет осомничени лица, додека две лица се недостапни … Повеќе

Тројца осомничени за разбојништво во обложувалница

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Разбојништво според член 237 став 4 во врска со став 1 и член 22 од Кривичниот законик. На 5 декември, во вечерните часови, тројцата осомничени заедно влегле … Повеќе

Закани, демнење и вознемирување кон обвинител и неговото семејство, поведена постапка

Основното јавно обвинителство Прилеп поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривични дела – Полово вознемирување од член 190-а, Загрозување на сигурноста од член 144 став 5 и Демнење од член 144-а став 1 од Кривичниот законик. Во текот на ноември, осомничениот на својот Фејсбук профил во повеќе наврати поставувал … Повеќе

Скопјанец осомничен за недозволено држење оружје и насилство

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 33-годишен скопјанец кој во автомобил Ауди Q5 неовластено држел огнено оружје пиштол марка AG-9 и две рамки со вкупно 30 куршуми. Полициски службеници извршиле претрес во автомобилот и го пронашле оружјето, откако претходно истиот ден осомничениот го вперил пиштолот кон три лица и испукал … Повеќе

Поведена истрага за помагање на сторител по извршено кривично дело

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка за едно лице поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Помагање на сторител по извршено кривично дело од член 365 став 3 вв став 1 од Кривичниот законик. Во период од 01.12.2023 година до 03.12.2023 година осомничениот му помогнал на сторител да не биде … Повеќе

Поднесен предлог за разрешување на јавен обвинител поради сторена тешка дисциплинска повреда

Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на јавен обвинител во вршење на јавнообвинителската функција при Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, по спроведената дисциплинска постапка против јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје и разгледување на извештајот на обвинителот-известител, донесе Решение со кое утврди дека обвинителот е одговорен за сторена тешка дисциплинска повреда од член … Повеќе

ОЈО Скопје побара екстрадиција на осомничено лице од Република Турција

Основното јавно обвинителство Скопје го изготви Барањето за екстрадиција од Република Турција на лице осомничено за две кривични дела – Грабнување од член 141 од Кривичниот законик, како и две убиства на свиреп начин (едно на малолетно лице и едно од користољубие) заедно казниви по член 123 став 3 од Кривичниот законик. Јавниот обвинител побара … Повеќе

Соопштение

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против пет лица, од кои четворица како соизвршители сториле две кривични дела – Грабнување од член 141 од Кривичниот законик, како и две убиства на свиреп начин (едно на малолетно лице и едно од користољубие) заедно казниви по член 123 став 3 од Кривичниот законик. … Повеќе

Побаран краткотраен притвор за осомничен за помагање на сторител по кривично дело

Oсновното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен 48-часовен притвор против 46-годишен скопјанец под сомнение дека извршил – Помагање на сторител по извршено кривично дело од член 365 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Основаното сомневање дека осомничениот го сторил кривичното дело произлегува од … Повеќе

Соопштение

По преземени опсежни мерки и активности од страна на полициски службеници од СВР Скопје, денеска (03.12.2023) во околината на Скопје е пронајдено безживотното тело на малолетната В.Ѓ., која беше пријавена за исчезната на 27.11.2023, а во околината на Велес е пронајдено и телото на П.Ж.(74) од Велес, кој на 24.11.2023 беше пријавен за исчезнат.  Во … Повеќе

Жител на кавадаречко ќе одговара за предизвикување општа опасност и мачење животни

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе Предлог за издавање казнен налог против 32-годишен жител на селото Глишиќ, обвинет за кривични дела – Предизвикување општа опасност од член 288 став 4 во врска со став 1, како и Мачење животни според член 233 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, на 9 ноември, исекол неколку парчиња салама, ги … Повеќе

Пазарен инспектор од Струмица осомничен за примање поткуп

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило две кривични дела – Примање поткуп од член 357 став 1 од Кривичниот законик. Како службено лице – помлад пазарен инспектор, осомничениот струмичанец во два наврати директно побарал и примил парични средства … Повеќе

Постапка против тројца полнолетни скопјани и три деца за разбојништво во Градскиот парк

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против три лица на возраст од 18-19 години кои се осомничени дека како соизвршители сториле кривично дело – Разбојништво по член 237 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Во извршувањето учествувале и три малолетни деца во судир со законот, за кои ќе биде поведена постапка … Повеќе

Скопјанка осомничена за лажно пријавување на кривично дело

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 23-годишна осомничена за – Лажно пријавување кривично дело според член 366 став 1 од Кривичниот законик. Осомничената, на 24 ноември лажно пријавила друг дека сторил кривично дело за кое гонењето се презема по службена должност. Таа пријавила дека на 11 јули се породила со машко дете на Гинеколошко-акушерска … Повеќе

Истрага за даночно затајување во Битола

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица, од кои едното е осомничено за продолжено кривично дело – Даночно затајување од член 279 став 2 од Кривичниот законик, додека второто му помогнало при извршување на делото. Осомничениот 62-годишен сопственик и управител на  правно лице во Битола, со помош на осомничената … Повеќе

Истражна постапка против 23 лица осомничени за трговија со дрога и оружје

По повеќемесечна предистражна постапка, денеска под координација на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција е спроведена полициска акција во охридско – струшкиот регион. Со акцијата е сузбиена повеќечлена криминална група чии членови, со цел противправно стекнување на имотна корист, подолг временски период се занимавале со неовластено набавување и … Повеќе

Две постапки против дилери на дрога во Скопје, еден осомничен за помагање

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против еден осомничен за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик, како и против уште едно лице кое му помогнало да го стори кривичното дело. Осомничениот 35-годишник од Скопје, … Повеќе

Истраги против дилери на дрога од Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Неовластено призводство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Осомничениот 31-годишник и неговата 20-годишна … Повеќе

Обид за убиство при семејно насилство – маж се обидел да ја убие партнерката

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Убиство според член 123 став 2 точка 2 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик. На 15 ноември, осомничениот при вршење семејно насилство, се обидел да ја лиши од живот неговата вонбрачна … Повеќе