Соопштенија

Отфрлена пријава за злоупотреба на службата и несовесно работење во Министерството за внатрешни работи

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Решение за отфрлање на кривична пријава од Фросина Ташевска-Ременски поднесена против три лица за кривични дела – Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.2 во врска со ст. 1 и Несовесно работење во службата од чл. 353в ст. 2 во врска со ст. 1 … ПовеќеОтфрлена пријава за злоупотреба на службата и несовесно работење во Министерството за внатрешни работи

Двајца контролори во Фондот за здравствено осигурување осомничени за примање поткуп од лекар

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица кои се осомничени дека како соизвршители сториле кривично дело – Примање поткуп од чл.357 ст. 1 во врска со чл.22 од Кривичниот законик. На 23 декември, во ресторан на булеварот „Филип Втори Македонски“ во Скопје, двајцата осомничени како службени … ПовеќеДвајца контролори во Фондот за здравствено осигурување осомничени за примање поткуп од лекар

Прес конференција за меѓународната операција во која беа запленети 700 кг кокаин од Колумбија

  Денеска Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и Министерството за внатрешни работи одржаа заедничка Прес конференција во врска со неодамнешната меѓународна операција во која беа лишени од слобода пет лица  припадници на организирана криминална група за купување, пренесување и пуштање во промет на кокаин. Целта на меѓународната операција беше сузбивање … ПовеќеПрес конференција за меѓународната операција во која беа запленети 700 кг кокаин од Колумбија

Соопштение

Во врска со информациите објавени во дел од медиумите за постапувањето на Основното јавно обвинителство Свети Николе во два предмети против градоначалникот на општина Лозово, Јавното обвинителство појаснува дека, постапувајќи по две барања за изземање поднесени од пријавениот, Вишото јавно обвинителство Штип пред околу еден месец донесе одлука со која барањата беа уважени. Притоа, првиот … ПовеќеСоопштение

Истрага за разбојништво во казино во Кочани, осомничениот фатен на граница

Основното јавно обвинителство Кочани донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради постоење основано сомнение дека сторило кривично дело – Разбојништво од чл.237 ст.1 од Кривичниот законик. Осомничениот на 22 декември, во казино на улицата „Маршал Тито“ во Кочани, употребил сила врз двајца вработени и одзел пари во вкупен износ од 76.400 денари … ПовеќеИстрага за разбојништво во казино во Кочани, осомничениот фатен на граница

Поднесено обвинение за поседување оружје и муниција во дебарско

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен акт против лице осомничено за кривично дело – Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од чл.396 ст.2 во врска со ст. 1 од Кривичниот законик. На 15.09.2017 година, во домот на обвинетиот во дебарското село Могорче било пронајдено полуавтоматско огнено оружје – … ПовеќеПоднесено обвинение за поседување оружје и муниција во дебарско

Поранешен градоначалник на Демир Капија обвинет за злоупотреба на службената положба

Основното јавно обвинителство Велес поднесе Обвинителен акт против поранешен градоначалник на Општина Демир Капија за кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.4 во врска со ставовите 3 и 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот од 21.02.2015 до 12.10.2017 година, како одговорно лице – градоначалник на општината ја искористил службената положба и прибавил … ПовеќеПоранешен градоначалник на Демир Капија обвинет за злоупотреба на службената положба

Татко осомничен за полов напад врз неговите три деца во Битола

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице на возраст од 58-години, осомничено дека сторило три продолжени кривични дела – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години од чл.188 ст.1 во врска со чл.45 од Кривичниот законик. Осомничениот, повеќе пати во текот на 2019 година, во семејниот дом … ПовеќеТатко осомничен за полов напад врз неговите три деца во Битола

Побаран притвор за осомничен за убиство и за обид за убиство во Тафталиџе

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице осомничено дека извршило кривични дела – Убиство од чл.123 ст.1, Убиство од чл.123  ст.1 во врска со чл. 19 (обид), како и Недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од чл.396 ст.1 од Кривичниот законик. На … ПовеќеПобаран притвор за осомничен за убиство и за обид за убиство во Тафталиџе

Три лица под истрага за изнуда

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против три лица, осомничени дека како соизвршители извршиле кривично дело – Изнуда од член 258 ст.1 в.в. со член 22 од Кривичниот законик. Осомничените, во периодот од 13.12.2019 до 15.12.2019, заедно договорени, со намера за себе да прибават противправна имотна корист, со  употреба на сила спрема едно лице од Битола … ПовеќеТри лица под истрага за изнуда

Обвинение за возач кој под дејство на алкохол предизвикал сообраќајка во Кавадарци и избегал оставајќи ги повредените деца

Основното јавно обвинителство во Велес, по спроведена истражна постапка, до Основен суд Велес поднесе Обвинителен акт против едно лице од Кавадарци на возраст од 37 години за кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од чл.300 ст.1 во врска со чл.297 ст.1 од Кривичниот зкаоник, како и за  кривично … ПовеќеОбвинение за возач кој под дејство на алкохол предизвикал сообраќајка во Кавадарци и избегал оставајќи ги повредените деца

Гостиварец под истрага за трговија со марихуана и кокаин

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од чл.215 ст.1 од Кривичниот законик. На 10 декември полициски службеници се обиделе да извршат личен претрес на осомничениот 22-годишен … ПовеќеГостиварец под истрага за трговија со марихуана и кокаин

Кумановец осомничен за загрозување на сигурноста на неговата мајка и за напад врз полицаец

Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против лице кое е осомничено за кривични дела – Загрозување на сигурноста од чл.144 ст.2 во врска со ст.1 и Напад на службено лице при вршење работи од безбедноста од чл.383 ст.2 во врска со ст.1 од Кривичниот законик. На 15 декември осомничениот 37-годишен кумановец, при вршење семејно насилство, … ПовеќеКумановец осомничен за загрозување на сигурноста на неговата мајка и за напад врз полицаец

Поведена постапка против адвокатка за измама

Основното јавно обвинителство Куманово поведе истражна постапка против едно лице поради основано сомнение дека сторило кривично дело – Измама од член 247 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничената во својство на адвокат била ополномоштена од клиентка да ги застапува нејзините правни интереси пред Фондот за пензиско и инвалидско осигурување за … ПовеќеПоведена постапка против адвокатка за измама

Побаран притвор за двајца дилери во Гостивар

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители  сториле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Осомничените на 13-ти декември неовластено … ПовеќеПобаран притвор за двајца дилери во Гостивар

Одложено рочиште за оценка на Обвинителниот акт во кој се обвинети 11 лица

По поднесување на Обвинителниот акт поднесен до Основниот кривичен суд – Скопје на 30.10.2019 година, од страна на четири обвинети лица се поднесени изјави за признавање на вина, а на денеска закажаното рочиште за оценка на Обвинителниот акт уште едно лице даде изјава за признавање на вина. Надлежниот јавен обвинител заради спроведување  на постапката за … ПовеќеОдложено рочиште за оценка на Обвинителниот акт во кој се обвинети 11 лица

Истрага против скопјанец во чиј дом беше пронајдена марихуана

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против еден 27-годишен скопјанец, осомничен дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прокуроси од чл.215 ст.1 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 14 декември во својот дом во Влае, неовластено заради продажба држел наркотична дрога – … ПовеќеИстрага против скопјанец во чиј дом беше пронајдена марихуана

Обвинителен акт против 11 лица во предметот „Шпански скали“

По сеопфатна истражна постапка што Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја започна во јуни годинава, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд – Скопје достави Обвинителен акт  против 11 лица. На обвинетите им се става на товар дека сториле кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.5, … ПовеќеОбвинителен акт против 11 лица во предметот „Шпански скали“

Обвинение за разбојништвото во заложна куќа

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против две лица кои се товарат за сторено кривично дело – Разбојништво од член 237 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Обвинетите како соизвршители, по претходен договор, на 19-ти септември во  заложната куќа „Астра кредити“, на улица „Лондонска“ во Скопје, одзеле туѓи подвижни предмети … ПовеќеОбвинение за разбојништвото во заложна куќа

Скопјанец обвинет за продолжено неовластено пуштање во промет на хероин и марихуана

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот Кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за продолжено кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од чл.215 ст.1 во врска со чл.45 од Кривичниот законик. Обвинетиот 41-годишен скопјанец, во домот во кој престојувал на бул.„Гоце Делчев“, во … ПовеќеСкопјанец обвинет за продолжено неовластено пуштање во промет на хероин и марихуана