Соопштенија

Поднесено обвинение за обид за разбојништво во аптека во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице кое се бидело да изврши кривично дело – Разбојништво од чл.237 ст.1 во врска со чл.19 од Кривичниот законик. Обвинетиот се товари дека на 27.12.2019 година влегол во аптека на бул. „Климент Охридски“ и се заканил дека непосредно ќе нападне … Повеќе

Обвинение за скопјанецот кој криел марихуана во дворот на сосетката

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот 27-годишник неовластено заради продажба држел наркотична дрога – марихуана, со вкупна нето маса од 1.521,2 грама. … Повеќе

Притвор за осомничен за загрозување на сигурноста

Одлучувајќи по предлогот на јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје попладнево определи мерка притвор во траење од осум дена за лице осомничено за продолжено кривично дело Загрозување на сигурноста од член 144 став 2 (при вршење семејно насилство), како и за кривичните дела Загрозување на … Повеќе

Еден осомничен за загрозување на сигурноста

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за сторени кривични дела – Загрозување на сигурноста од член 144 став 2 (при вршење семејно насилство), Загрозување на сигурноста од член 144 став 4 (по пат на информатички систем), како и Неизвршување на судска одлука од член 377 став 5. Ценејќи ги сите околности во … Повеќе

Истрага за обид за убиство во селото Арнакија

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе истражна постапка за едно лице осомничено дека се обидело да изврши кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 од Кривичниот законик. На 30 август 2019 година, осомничениот пред кафе бар на влезот во селото Арнакија со умисла се обидел да … Повеќе

Скопјанец осомничен дека неовластено држел марихуана во куќата на неговиот дедо

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, поради постоење на основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 25-годишник од непознато лице набавил наркотична дрога – марихуана со вкупна … Повеќе

​Еден обвинет за тешка кражба од автомобил

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против 47-годишен жител на Студеничани за кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 од Кривичниот законик. На 14 септември 2019 година на булеварот „АСНОМ“ во Скопје, обвинетиот го скршил задното десно стакло од паркиран автомобил БМВ Х6 и одзел туѓи … Повеќе

Битолчанец обвинет за семејно насилство врз сопругата

Основното јавно обвинителство Битола поднесе Обвинителен предлог против едно лице за продолжени кривични дела – Загрозување на сигурноста од член 144 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 45 и Неизвршување судска одлука од член 377 став 5 во врска со член 45 од Кривичниот законик. Во исто време, лицето … Повеќе

Еден обвинет затоа што чувал марихуана во тегли од лутеница и ајвар

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје достави Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. При претрес на домот на обвинетиот во Влае, на 14 декември 2019 година, … Повеќе

Скопјанец под истрага за нелегална набавка на хашиш смола и масло од Албанија

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице од Скопје осомничено дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Според првичните сознанија, осомничениот 29-годишник, на 13 јануари, од непознато лице во Република Албанија набавил … Повеќе

Поднесен обвинителен акт против двајца странски државјани за криумчарење на мигранти

Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд – Скопје поднесе обвинителен акт против две лица. На првообвинетиот германски државјанин и второобвинетата државјанка на Р.Италија, двајцата по потекло од Република Гана, им се става на товар дека како соизвршители сториле кривично дело Криумчарење на мигранти предвидено … Повеќе

Жител на Чашка осомничен за обид за силување во Негорци

Основното јавно обвинителство Гевгелија поведе истражна постапка против лице осомничено дека се обидело да стори кривично дело – Силување од член 186 став 1 во врска со член 19 од Кривичниот законик. Осомничениот жител на селото Мелница, општина Чашка, на 12 јануари со употреба на сила се обидел да присили на обљуба една жена од … Повеќе

Во притвор дилер на дрога

Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка за едно лице, 24-годишен кумановец, поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот Законик. Осомничениот во текот на јануари, неовластено заради продажба држел наркотична дрога и психотропни супстанции.  При … Повеќе

Пронајдени две безживотни тела во Прилеп

Јавен обвинител во координација со  екипи на крим-техника од Минситерството за внатрешни работи, изврши увид во куќа на ул.  Александар Македонски во Прилеп каде утринава во  8 часот беа пронајдени две безживотни тела. Безживотните тела на А.П. родена 1979 година и нејзината мајка Т.К. родена 1956 година имале прострелни рани. Во нив пукал сега осомничениот, … Повеќе

Скопјанец осомничен за малтретирање на невенчаната сопруга и нејзината тригодишна ќерка

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривични дела – Тешка телесна повреда од чл.131 ст.2 во врска со ст.1 и Запуштање и малтретирање дете по чл.201 ст.1 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 7 јануари, во домот на ул. „Вашингтонска“ во Скопје, при … Повеќе

Основното јавно обвинителство Скопје донесе резолуција во предметот за работењето на депонијата Дрисла

Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје кој постапуваше по допрен глас за незаконито согорување медицински отпад на депонијата „ДРИСЛА-СКОПЈЕ“ ДОО Батинци донесе Резолуција дека нема место за јавнообвинителска интервенција во предметот. Заради утврдување на фактичката состојба јавниот обвинител спроведе обемна предистражна постапка во рамките на која прибра податоци и извештаи кои се однесуваат … Повеќе

Седум години затвор за продажба на ќерка си

По одржана главна расправа на која беа изведени материјални и вербални докази, во Основниот кривичен суд – Скопје е објавена пресуда со која обвинетиот Т.Д. е огласен за виновен за сторено кривично дело Трговија со дете од член 418-г став 1 од Кривичниот законик и е осуден на казна затвор во траење од 7 години. … Повеќе

Поведена постапка против три лица за трговија со дрога

Основното  јавно обвинителство Охрид донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица поради постоење на основано сомнение дека го сториле кривичното дело – Недозволено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Осомничените на 7 јануари , околу … Повеќе

Поведена постапка за загрозување на сигурноста на градоначалникот на Кавадарци

Основното јавно обвинителство Кавадарци поведе постапка против лицето кое во изминатите неколку месеци ја загрози сигурноста на градоначалникот на Кавадарци и неговото семејство. Постапката е поведена поради основано сомнение дека осомничениот, 40-годишен кавадарец, ги сторил кривичните дела – Загрозување на сигурноста од член 144 став 4 и Насилство од член 386 став 3 во врска … Повеќе

Поднесен Обвинителен акт против пет лица и едно правно лице

По спроведена сеопфатна истражна постапка надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска до Основниот кривичен суд – Скопје достави Обвинителен акт против пет физички лица и едно правно лице. Со дејствијата опишани во Обвинителниот акт кривичното дело Измама предвидено и казниво по член 247 став 4 во … Повеќе