Основното јавно обвинителство – Скопје ги прибира сите докази и информации неопходи за утврдување на непосредната причина за пожарот кој предизвикал експлозија во фабриката за пиротехника во Сопиште.
ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Република Северна Македонија
Во врска со актуелната состојба околу појавата на бактеријата листерија, на ден 25.07.2014 година до Основното јавно обвинителство – Скопје од страна на Министерството за здравство е поднесена кривична пријава против непознат сторител. Основното јавно обвинителство – Скопје започна со активностите по пријавата. Од подносителот е побарано да достави дополнителни докази што ќе бидат од … Повеќе
Основното јавно обвинителство – Скопје ги прибира сите докази и информации неопходи за утврдување на непосредната причина за пожарот кој предизвикал експлозија во фабриката за пиротехника во Сопиште.
Основното јавно обвинителство – Струмица поведе постапка против едно лице за сторено кривично дело – Полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години од чл. 188 ст.1 од Кривичниот законик на Република Македонија. Сторителот ја пресретнал малолетната жртва, по што насилно ја внел во возило и ја одвел во изнајмена соба, каде го извршил … Повеќе
Во контекст на информациите кои вчера и денес се појавија во одредени медиуми, а во врска со судењето во предметот за артефактите од Музејот на Македонија и наводите од страна на адвокатите дека обвинителството не им ги доставило на увид доказите и записниците од истрагата, Јавното обвинителство на Република Македонија со цел објективно информирање на … Повеќе
До Основното јавно обвинителство – Тетово поднесена е кривична пријава од СВР – Тетово против десет лица поради основано сомнение дека истите сториле кривично дело – Учество во толпа што ќе изврши кривично дело по чл.385 ст.1 од Кривичниот законик на Република Македонија, односно учество во толпа што со заедничко дејствување ќе стори насилство спрема луѓе.
До Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија поднесе кривична пријава против Никола Груевски за кривично дело – Противзаконито посредување по чл.359 од КЗ, кривично дело – Примање поткуп по чл.357 од КЗ и кривично дело – Даночно затајување по чл.279 од КЗ.
Основното јавно обвинителство – Тетово донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против едно лице за сторено кривично дело – Тешки дела против општата сигурност од член 292 ст.1 вв со член 288 ст. 3 вв со ст.1 од Кривичниот законик на Република Македонија.
Основното јавно обвинителство – Скопје на 27 Мај 2014 година поднесе Обвинителен акт до Основниот суд Скопје 1 – Скопје против лицата обвинети во случајот со Музејот на Македонија.
Основното јавно обвинителство – Скопје поведе постапка против петмина учесници во насилните протести во скопската населба Ѓорче Петров. Имено, во протестот голема група лица со насилно однесување демонстрираа против убиството на осумнаесетгодишниот А.П. изразувајќи го револтот преку предизвикување на нереди и инциденти. Притоа попречени беа службени лица на Министерството за внатрешни работи во вршење на должноста, за што до Основното јавно обвинителство – Скопје беа поднесени кривични пријави против петмина учесници.
Во врска со настанот случен на ден 19 Мај 2014 година на паркингот од Европската очна болница во нас. Ѓорче Петров во Скопје, при што е лишено од живот лицето А.П, Јавното обвинителство на Република Македонија Ве известува дека на лице место е излезен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје. По извршениот увид … Повеќе
По сообраќајната несреќа што се случи на патот Велес – Штип, кај местото Сарамзалино, во која се судрија автобус на Струмица Експрес и патнички воз, Основното јавно обвинителство – Штип во текот на вчерашниот ден изврши увид на лице место и ги презеде потребните истражни дејствија.
Денес до Основниот суд Скопје I – Скопје, Основното јавно обвинителство – Скопје поднесе Обвинителен предлог против лицето Д.С, обвинето за сторено кривично дело – награда за противзаконско влијание од член 359 од Кривичниот законик на Република Македонија. Воедно, Основното јавно обвинителство – Скопје поднeсе и Предлог за продолжување на мерката притвор. ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО … Повеќе
Во текот на вчерашниот ден, 06.05.2014 година, од страна на Министерството за внатрешни работи е лишено од слобода едно лице заради основано сомнение дека сторило кривично дело – Противзаконито посредување од чл.359 од Кривичниот законик. Постапувајќи согласно законот Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје. Основното јавно обвинителство во Скопје, … Повеќе
СВР Скопје, по претходно преземени дејствија во координација со Јавен обвинител во Основното јавно обвинителство Скопје, документираше дека тројца полициски службеници и тоа еден началник на одделение, еден главен инспектор раководител на отсек и еден самостоен инспектор извршиле кривично дело – Примање поткуп од чл. 357 од Кривичниот законик, за што до Основното јавно обвинителство … Повеќе
Основното јавно обвинителство – Скопје, по спроведена претходна постапка, а во врска со пријавата дека од Музејот на Македонија биле украдени 162 археолошки предмети, на ден 27.02.2014 година, донесе Наредба за спроведување на истражна постапка
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја известува јавноста дека по спроведената истрага, за предметот познат во јавноста под името “Шпион”, на 17.12.2013 година поднесе Обвинителен акт со предлог за продолжување на мерката притвор и куќен притвор против 19 лица обвинети за кривични дела Злосторничко здружување од чл. 394 ст.1 од КЗ; Шпионажа од чл. 316 ст.3 од КЗ; Прикривање од чл. 261 ст.3 од КЗ; Измама од чл. 247 ст.3; Послужување во службата од чл. 356 од КЗ; Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од чл. 396 ст.2 од КЗ; Злоупотреба на државна службена или воена тајна 360-а ст.2 од КЗ; Оддавање државна тајна од чл. 317 ст.2 од КЗ; Уцена од чл. 259 ст.2 од КЗ; Изнуда од чл. 258 ст.2 од КЗ. Обвинетите наведените кривични дела ги вршеле во подолг временски период почнувајќи од 2009 година па се до 2012 година.
Јавното обвинителство на Република Македонија ја известува јавноста дека постапувајќи по поднесената Кривична пријава од Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до надлежниот истражен судија при Одделението за организиран криминал и корупција на Основниот суд Скопје I – Скопје, поднесе Барање за спроведување истрага против лицата С.Т. Јавен обвинител во Основното јавно обвинителство во Битола и Н.Х. вработен во истото обвинителство за кривично дело – Противзаконито посредување по чл. 359 ст.7 во врска со ст.2 и 3 од Кривичниот законик, со тоа што вршел влијание во повеќе предмети кои се во постапка заради добивање на противправна имотна корист, во што му помагало лицето Н.Х.