Се испитуваат причините за несреќа на градежна локација во Кавадарци каде две лица го загубија животот
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци изврши увид на лице место на локацијата каде утринава, при извршување градежни работи, се откачи дигалка – кран, при што двајца работници од Скопје го загубија животот. Едниот од загинатите работници бил на возраст од 30, а другиот од 50 години. Во несреќата не се повредени други лица. … Повеќе