Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески и Основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Куманово Теута Бедиу – Рамадани денескa ги пуштија во употреба новите простории на Основното јавно обвинителство Куманово, опремени со средства од фондовите на Европската унија.
За кумановец обвинителството предложи парична казна заради непочитување на самоизолација
Основното јавно обвинителство Куманово поднесе Предлог за издавање казнен налог против едно лице за сторено кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот на 18 март, допатувал од Србија-земја со средно ниво на ризик. Иако, на граничниот премин бил предупреден за здравствените прописи … Повеќе


