МЕЃУНАРОДНА ПОЛИЦИСКА ОПЕРАЦИЈА “ КОЛИБРИ “
Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во периодот јули-декември 2019 година, во координација со јавен обвинител од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција презеде низа мерки и активности за утврдување на активностите на организирана криминална група предводена од двајца македонски државјани. Заради размена на информации и договарање на активности и во рамки на предистражната постапка, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал оствари низа средби и координирани состаноци во Скопје и Мадрид со полициски службеници од Шпанија и ДЕА.Повеќе детали на пресот во 10:15часот мвр зграда 1.
Posted by Министерство за внатрешни работи on Вторник, 24 декември 2019
Започната предистражна постапка за оддавање службена тајна
По известување од страна на Министерството за внатрешни работи за сознанија во врска со протекување на материјал од посебни истражни мерки, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција презема дејствија во предистражна постапка за откривање сторители и обезбедување докази. Во текот на вчерашниот ден беа повикани четири лица, вработени во Министерството за … Повеќе