Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција заврши со распитот на членовите на терористичката група и со увидот на местото на настанот

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција заврши со распитот на членовите на терористичката група и со увидот на местото на настанот

Утринава надлежниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција заврши со распитот на триесетте члена на терористичката група, по што до судија на претходна постапка поднесе Предлог за определување на мерка – Притвор. Осомничените се теретат за сторени кривични дела „Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста” од чл. 313 и … Повеќе

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција спроведува истражна постапка по случувањата во Куманово

Во врска со настаните во Куманово, што се случија при спроведување на полициската акција, Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против определен број лица, за сторено кривично дело – Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста по чл. 313 од Кривичниот законик. Основното … Повеќе

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција се спогоди со двајца обвинети од акцијата „Чекан"

Надлежен јавен обвинител, денес склучи Спогодба со двајца обвинети во акцијата „Чекан”. На обвинетите кои до сега не се осудувани, им е определена казна – Затвор во траење од 2 години и 7 месеци, односно 2 години и 6 месеци за сторени две кривични дела – Злосторничко здружување од чл. 394 ст.2 и продолжено кривично … Повеќе

СООПШТЕНИЕ

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, согласно своите овластувања ќе изврши проверки во врска со фактите и околностите под кои материјалите од средбата помеѓу Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски и лидерот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија Зоран Заев, дошле до медиумите. Јавното обвинителство на Република Македонија цени дека … Повеќе

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поведе постапка против четири лица за Шпионажа и Насилство спрема претставници на највисоките државни органи

Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење на органзиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против четири лица за повеќе кривични дела. Надлежниот обвинител против осомничените лица донесе Наредба за спроведување на истражна постапка и тоа за осомничениот ЗВ за кривични дела Шпионажа по чл. 316 од Кривичниот Законик и кривично дело … Повеќе

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе жалба на Одлуката за условен отпуст за Томислав Кежаровски

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска поднесе жалба на Одлуката за условен отпуст на осуденото лице Томислав Кежаровски. Во законски предвидениот рок, надлежниот јавен обвинител ја разгледа Одлуката за условен отпуст донесена од страна на Основниот суд Скопје 1. Сметајќи дека со одлуката погрешно е утврдена фактичката состојба во случајот … Повеќе

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе Жалба на Решението за условниот отпуст на Вранишковски

На 12 јануари 2015 година Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција го прими Решението на Основниот суд Скопје со кое судот одлучи да го уважи предлогот на Директорот  на КПУ Идризово за условен отпуст на осудениот Вранишковски. Таквото решение беше предмет на  целосна анализа на околностите и оцена во надлежното обвинителство … Повеќе

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција смета дека се исполнети законските услови за примена на условен отпуст за Вранишковски

Осудениот Јован Вранишковски е правосилно осуден на единствена затворска казна  од пет гонини и пет месеци. Досега издржал вкупно 36 месеци затвор, што значи дека издржал половина од затворската казна на која што е правосилно осуден. За време на издржувањето се однесувал примерно и го почитувал куќниот ред  во затворот, при што ги извршувал и … Повеќе

Гласовите за првите две местa нa Скoпскиот фестивaл се вoлјa нa грaѓaните

Врз oснoвa нa дoсегa спрoведените истрaжни дејствијa вo врскa сo нерегулaрнoстите при глaсaњетo нa Скoпскиoт фестивaл, Oснoвнoтo јaвнo oбвинителствo зa гoнење нa oргaнизирaн криминaл и кoрупцијa јa инфoрмирa јaвнoстa декa првите две местa се сo регулaрни глaсoви. Именo, дoсегaшнoтo вештaчење нa глaсaњетo укaжувa нa тoa декa зa првите две местa нa гoдинешниoт Скoпски фестивaл, грaѓaните … Повеќе

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против 16 лица

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против 16 лица, меѓу кои за пет државни службеници вработени во Општина Охрид и пет управители на трговски друштва. Осомничените се товарат дека во периодот од 2006 – 2013 година при вршење на јавни набавки за потребите на … Повеќе

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција спроведува истрага против девет осомничени лица

Повеќемесечната претходна постапка што се спроведуваше од месец февруари до денес, утрово резултираше со наредба од надлежниот јавен обвинител за гонење на организиран криминал и корупција за спроведување на истрага против девет осомничени лица. Осомничените се товарат за кривични дела – Злоупотреба на службена положба и овластување по чл.353 ст.5 , а во врска со … Повеќе

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поведе постапка против две лица за криумчарење на мигранти

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, постапувајќи по кривичната пријава од Министерството за внатрешни работи – Полициска станица – Кавадарци, донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против две лица за сторено кривично дело – Криумчарење на мигранти.

Повеќе

Соопштение

До Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија поднесе кривична пријава против Никола Груевски за кривично дело – Противзаконито посредување по чл.359 од КЗ, кривично дело – Примање поткуп по чл.357 од КЗ и кривично дело – Даночно затајување по чл.279 од КЗ.

 

Повеќе

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја известува јавноста дека по спроведената истрага, за предметот познат во јавноста под името “Шпион”, на 17.12.2013 година поднесе Обвинителен акт со предлог за продолжување на мерката притвор и куќен притвор против 19 лица обвинети за кривични дела Злосторничко здружување од чл. 394 ст.1 од КЗ; Шпионажа од чл. 316 ст.3 од КЗ; Прикривање од чл. 261 ст.3 од КЗ; Измама од чл. 247 ст.3; Послужување  во службата од чл. 356 од КЗ;  Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од чл. 396 ст.2 од КЗ; Злоупотреба на државна службена или воена тајна 360-а ст.2 од КЗ; Оддавање државна тајна од чл. 317 ст.2 од КЗ; Уцена од чл. 259 ст.2 од КЗ; Изнуда од чл. 258 ст.2 од КЗ. Обвинетите наведените кривични дела ги вршеле во подолг временски период почнувајќи од 2009 година па се до 2012 година.
 

Повеќе