Соопштенија

Група дилери на марихуана под истрага, предложен притвор

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за проведување истражна постапка против три лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори од  член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Двајца од осомничените, на 14 … Повеќе

Скопјанка осомничена за измама

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 40-годишна скопјанка која е осомничена дека сторила кривично дело – Измама од член 247 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничената, која претходно е осудувана и против која се водат и други постапки за слични кривични дела, лажно се претставувала како вработена во Министерството … Повеќе

Мерки на претпазливост за осомничен за примање поткуп

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 24-годишник од Дебар за кого постои основано сомнение дека сторил продолжено кривично дело – Примање поткуп од член 357 став 6  во врска со став 2 и став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик. Во септември и октомври 2022 година, како вработен на Универзитетската … Повеќе

Управител и фирма осомничени за злоупотреба на постапка за јавна набавка

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно физичко и едно правно лице за продолжено кривично дело – Злоупотреба на постапката на јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство од член 275-в од Кривичниот законик. Осомничениот управител преку правното лице во 2018 година свесно ги повредил прописите … Повеќе

Скопјанец осомничен за илегална трговија со кокаин

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 37-годишен скопјанец откако полициски службеници во неговиот автомобил пронашле 1109, 93 грама кокаин. Дрогата била пронајдена при претрес на автомобилот на 13 октомври, при што полицијата пронашла и дигитална вага со траги од наркотична дрога. Со ова постои основано сомнение дека осомничениот сторил кривично … Повеќе

Поведена постапка против дилер на кокаин од Арачиново

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за продолжено кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 23-годишник, во повеќе наврати, на различни локации во Скопје и на различни лица-сведоци им продавал … Повеќе

Татко осомничен за убиство на тримесечно бебе во Скопје

Oсновното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 44-годишник, кој при вршење семејно насилство го лишил од живот сопственото дете, со што сторил кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик. Ноќта меѓу 25 и 26 септември, додека осомничениот бил во домот со четири малолетни деца, … Повеќе

Предложен притвор за осомничен за разбојништво со смртни последици во скопското село Глуво

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 52-годишен жител на Прилеп поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело – Разбојништво од член 237 став 5  и став 4  во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, заедно со уште две други лица кои до овој момент не се идентификувани, … Повеќе

Две лица осомничени за набавка на синтетички дроги со криптовалути

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица затоа што постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Осомничената 37-годишна скопјанка и осомничениот 29-годишен скопјанец, кои што живееле во … Повеќе

Бугарски државјани осомничени за измама во Скопје, предложен притвор

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против маж и жена, државјани на Република Бугарија за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Измама од член 247 став 3 во врска со став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Двајцата соизвршители, со намера за себе да прибават противправна … Повеќе

Скопјанец осомничен за повеќекратно насилство

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 20-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил продолжено кривично дело –  Насилство од член 386 став 6 во врска со став 3 и став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик. На 9 септември, пред средно училиште и кафе … Повеќе

Обвиненија за измами и злоупотреби при регистрација на увезени автомобили во Скопје

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против две лица, од кои едното се товари за кривично дело – Измама од член 247 став 4 во врска со став 1 и за продолжено кривично дело – Фалсификување исправа од член 378 став 3 и став 1, додека другото лице е обвинето за … Повеќе

Управител на фирма обвинет за употреба на фалсификуван извод од лиценца за меѓународен превоз на патници

По спроведена опсежна претходна постапка и направените детални проверки, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе Обвинителен предлог против едно физичко и едно правно лице за продолжено кривично дело – Фалсификување исправа. Обвинетиот 41-годишник, како управител на правното лице од Рашче, искористувајќи ист траен однос, исти прилики и слични околности, преку возачите кои … Повеќе

Арачиновец го чистел пиштолот што го поседувал без дозвола и ја повредил сопругата, поведена истрага

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 68-годишен жител на Арачиново, осомничен дека сторил кривично дело –  Тешки дела против општата сигурност по член 292 став 1 во врска со член 288 став 1, како и кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи според … Повеќе

Притвор за албански државјанин осомничен за давање поткуп на Блаце

Jавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка и поднесе предлог за определување мерка притвор против 43-годишен државјанин на Република Албанија за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Давање поткуп по член 358 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 26 август, пристигнал на граничниот премин “Долно Блаце”, како заменски возач … Повеќе

Обвинение против скопјанец за противправно лишување од слобода и семејно насилство

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице кое се товари дека сторило продолжени кривични дела – Противправно лишување од слобода од чл.140 ст.2 вв ст.1 вв со чл. 45 и Телесна повреда од чл.130 ст.2 вв ст.1 вв со чл. 45 од Кривичниот законик. Обвинетиот, во периодот од 10.10.2021 година до 12.03.2022 … Повеќе

Истрага за грабнување бебе во Скопје

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишна скопјанка осомничена за кривично дело – Грабнување според член 141 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. На 16 август, во сутеренскиот дел на Градскиот трговски центар – Скопје, осомничената извршила грабнување на малолетно лице – новороденче … Повеќе

Истрага за измама на пациенти во приватна клиника

По утврдување на определени околности во текот на предистражната постапка, Основното јавно обвинителство Скопје денеска донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Измама од член 247 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, во периодот од април 2020 година … Повеќе

Истрага против две лица за разбојништво во Скопје

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Разбојништво според член 237 став 4 во врска со став 1 и во врска со член 22 од Кривичниот законик. Двајцата осомничени, на 4 август, влегле во … Повеќе

Предложен притвор за осомничен за телесна повреда при семејно насилство

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 42-годишно лице за кое постои основано сомнение дека при вршење семејно насилство сторило продолжено кривично дело – Телесна повреда според член 130 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик. На 10 јули, пред зграда на булеварот „Јане Сандански“, осомничениот … Повеќе