Соопштенија

Поведена постапка за недозволено поседување на оружје

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 30-годишен скопјанец, за сторено кривично дело – Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 2 во врска со став 1 од Kривичниот законик. При извршен петрес во помошните простории на домот во која живее осомничениот, на 2 јули 2021 година, овластени … Повеќе

Обвинение за дилер на дрога

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против 49-годишен гостиварец за сторено кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. При извршен претрес од страна на овластени службени лица, на 30 јуни 2021 година кај наплатната рампа Глумово, кај … Повеќе

Шеесетгодишник обвинет за задоволување полови страсти пред деца

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт потив 60-годишно лице за сторено кривично дело – Задоволување на полови страсти пред друг од член 190 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, жител на село Миладиновци, на 3 февруари, на улицата „Беровска“  во Скопје, вршел полови дејствија пред три деца кои не … Повеќе

Предложена парична казна за употреба на фалсификувана потврда за негативен ПЦР тест

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Предлог за издавање казнен налог против едно лице за кривично дело – Фалсификување исправа согласно член 378 став 1 од Кривичниот законик. На 28 мај, 49-годишната обвинета се обидела да оствари излез од државава на граничниот премин на Меѓународниот аеродром – Скопје, … Повеќе

Американски државјанин го нарушил полицискиот час во Скопје, поднесено обвинение

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против 43-годишен државјанин на САД, кој на 28 мај се движел во општина Центар во часовите кога движењето на населението беше забрането како мерка за спречување на ширењето на коронавирусот. Со ова странскиот државјанин сторил кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член … Повеќе

Охриѓанец обвинет за непочитување на полицискиот час во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Предлог за издавање казнен налог против 33-годишен жител на Охрид за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. На 11 јуни, спротивно прописите со кои во одредени делови од деноноќието беше забрането движење на населението како мерка за … Повеќе

Скопјанец осомничен за убиство

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Убиство од член 123 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 30-годишник, по претходна вербална расправија, на 29 јуни со умисла лишил од живот едно лице во скопско Ново Село. Тој најпрвин од својот џеб извадил … Повеќе

Постапки за непочитување на полицискиот час во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлози за издавање казнени налози против 11 лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетите биле затекнати при непочитување на важечкиот полициски час. Имено, за време на забраната за движење на населението, определена како мерка за … Повеќе

Истрага против дилер на марихуана од Скопје

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори согласно член 215 став 1 од Кривичниот законик. На 23 јуни, на крстосница на булеварот „Србија“, меѓу наслебите Аеродром и Ново Лисиче, осомничениот 43-годишен скопјанец во … Повеќе

Турски државјанин осомничен за обид за убиство

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 30-годишен државјанин на Република Турција со живеалиште во Скопје кој е осомничен за кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 (обид) од Кривичниот законик. Осомничениот, на 23 јуни, пред кафе-бар во Старата скопска чаршија, се обидел да … Повеќе

Предложени парични казни за непочитување на полицискиот час во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка и поднесе предлози за издавање казнени налози против три лица зaради кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија според член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетите го сториле делото непочитувајќи го важечкиот полициски час, определен како мерка за спречување на ширењето на коронавирусот. За време … Повеќе

Предложени парични казни за групирање на прослава за положен испит

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлог за издавање казнен налог против вкупно 28 лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетите, сите на возраст од 20 и 21 година, на 21 мај во раните утрински часови, биле затекнати при проверка во … Повеќе

Решение за отфрлање на кривичните пријави против претседателот на Собранието и двајца пратеници

По спроведена претходна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје донесе Решение за отфрлање на кривичните пријави поднесени од две политички партии против претседателот на Собранието и двајца пратеници за кривични дела – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија и Пренесување заразна болест, бидејќи пријавените дела не се кривични дела за кои се гони по … Повеќе

Двајца обвинети за тешки кражби во Скопје

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против две лица кои се товарат дека сториле кривични дела – Тешка кражба од член 236 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот 35-годишен скопјанец и обвинетата 25-годишна скопјанка, по претходен договор заеднички влегле во куќа на улица „Венијамин Мачуковски“ и додека станарите спиеле, од масата … Повеќе

Предложени парични казни за непочитување на полицискиот час во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје до надлежниот суд поднесе предлози за издавање казнени налози против четири лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија согласно член 206 став 1 од Кривичниот законик. Тројца од обвинетите во селото Побожје, а еден во Бутел биле затекнати додека не го почитувале полицискиот час. За … Повеќе

Гостиварец обвинет за употреба на фалсификуван резултат од ПЦР тест на скопскиот аеродром

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против лице од гостиварското село Сенокос за кривично дело – Фалсификување исправа согласно член 378 став 1 од Кривичниот законик. На 17 март, 36-годишниот обвинет се обидел да ја напушти државата преку Меѓународниот аеродром Скопје, употребувајќи фалсификуван медицински сертификат за негативен тест на SARS-CoV-2 вирусот. Иако знаел дека не … Повеќе

Предложени парични казни за непочитување на полицискиот час во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлози за издавање казнени налози против седум лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетите биле затекнати при непочитување на важечкиот полициски час. Имено, за време на забраната за движење на населението, определена како мерка за … Повеќе

Постапки против деветмина заради непочитување на здравствените прописи

Основното јавно обвинителство Скопје до надлежен суд поднесе предлози за издавање казнени налози против вкупно 7 лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетите биле затекнати при непочитување на полицискиот час определен како мерка за заштита и превенција на ширењето на … Повеќе

Изречени мерки на претпазливост за осомничен за сообраќајната незгода со смртни последици

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје заедно со екипа од МВР, изврши увид на самото место каде на 8 јуни 2021 година, во 23:05 часот, во Скопје, на ул. „Борис Трајковски“ се случи сообраќајна несреќа во која животот го загубија две лица.  По наредба на обвинителството обезбедени се и подигнати траги од лице  место, … Повеќе

Три лица обвинети за непочитување на полицискиот час во Скопје

За кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик, надлежен јавен обвинител од Основното јавно oбвинителство Скопје поднесе предлози за издавање казнен налог против три лица. Обвинетите биле затекнати како се движат надвор од своите домови во Скопје за време на важечкиот полициски час, … Повеќе