Соопштенија

Со спогодбите во Синџир вратени безмалку 1.000.000 евра во државниот буџет

По одобрување на Обвинителниот акт за предметот „Синџир“, поднесен од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Основниот кривичен суд Скопје закажа рочиште за главна расправа што ќе се одржи денеска 25.6.2024 година со почеток во 10 часот. Истражната постапка против 26 сопственици и управители на 28 правни лица беше започната на … Повеќе

Предложени мерки на претпазливост за второосомничениот

Јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерки на претпазливост спрема второосомничениот – член на Советот на јавни обвинители. Со предлогот, обвинителството бара судот на осомничениот да  му определи мерки на претпазливост согласно чл.146 ст.1 … Повеќе

Истрага против две лица за примање наградата за противзаконито влијание

По претходна пријава од син на обвинет во предмет што се води во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, вчера во попладневните часови МВР реализираше акција во која од слобода е лишен активен врховен судија. Врз основа на доставеното Известување од МВР, БЈБ, Оддел за криминалистичка полиција, Сектор за економски криминал … Повеќе

Истрага против шестмина затворски полицајци и уште 11 опфатени со предистражна постапка

По повеќемесечна предистражна постапка, под раководство на јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, денеска беше спроведена акција од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при … Повеќе

Сузбиена организирана криминална група за криумчарење мигранти

Денеска во раните утрински часови, под раководство на предметен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал реализираше акција во која е сузбиена организирана криминална група која во периодот од август до ноември 2023 година извршувала кривично дело криумчарење мигранти. Извршени се … Повеќе

Наредба за истрага против десет лица по вчерашната акција „Чибук“

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција постапувајќи по кривичната пријава поднесена денес (3.3.2024 година) од МВР, донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против 10 лица. На сите осомничени им се става на товар дека сториле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, … Повеќе

Регионална средба на обвинителства за гонење организиран криминал во Скопје

„Tранснационалниот организиран криминал е растечка закана за нашите општества и за безбедноста на нашите граѓани. Директно ја загрозува националната и меѓународната сигурност со импликации и врз јавната безбедност, демократските институции и економската стабилност на земјите“, истакна Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски на денешното отворање на еднодневната Регионална конференција на јавни обвинителства надлежни … Повеќе

Обвинителен акт и проширување на истражна постапка за уште шест лица во предметот „Исар“

По неколку месечна истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против единаесет лица. Според опишаните дејствија во диспозитивот на обвинението на обвинетите им се става на товар дека сториле кривично дело Организирање на група и поттикнување на извршување на … Повеќе

Наредба за истрага против четири лица што го оштетиле Фондот за здравствено осигурување

По повеќемесечна предистражна постапка под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, денес во раните утрински часови Управата за финансиска полиција реализира акција под кодно име „Цицач” на територијата на Општина Прилеп. Предметниот јавен обвинител постапувајќи по кривичната пријава против повеќе физички и две правни лица за … Повеќе

Поднесен Обвинителен акт и Обвинителен предлог за предметот „Феникс“

Предметен јавен обвинител кој постапува во предметот познат во јавноста под кодно име „Феникс“ до Основниот кривичен суд – Скопје поднесе Обвинителен акт против пет лица на кои им се става на товар дека сториле продолжено кривично дело Перење пари и други приноси од кривично дело од член 273 од Кривичниот законик. Со Обвинителниот акт … Повеќе

Заврши процесот на адаптација и реконструкција на новиот објект на ОЈОГОКК

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до крајот на месецов ја започнува постапката за префрлање во новиот објект кој беше целосно реновиран и прилагоден за потребите на обвинителството. Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески и основниот јавен обвинител на ОЈОГОКК Ислам Абази вчера извршија обиколка на зградата во која … Повеќе

Наредба за спроведување на истражна постапка против 11 лица

По повеќемесечна предистражна постапка, денеска под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, единиците на МВР спроведоа акција при што се извршени претреси на повеќе локации во Градот Скопје. Во акцијата се одземени бројни материјални докази и приведени се девет осомничени лица, додека две лица се недостапни … Повеќе

Истражна постапка против 23 лица осомничени за трговија со дрога и оружје

По повеќемесечна предистражна постапка, денеска под координација на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција е спроведена полициска акција во охридско – струшкиот регион. Со акцијата е сузбиена повеќечлена криминална група чии членови, со цел противправно стекнување на имотна корист, подолг временски период се занимавале со неовластено набавување и … Повеќе

Притвор за уште едно лице од предметот „Синџир“

Првоосомничениот во предметот „Синџир“ кој беше недостапен на органите на прогонот е обезбеден и изведен пред Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје. Прифаќајќи го предлогот на предметниот обвинител со Решение судијата му определи мерка притвор во траење од 30 дена. Според наводите содржани во диспозитивит на Наредбата за спроведување на истражна постапка, … Повеќе

Реакција

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција најостро реагира на наводите изнесени во прилогот ТВ Телма под наслов „„Синџирот“ врза ситен дивеч, крупните „ѕверки“ во бегство“ потпишан од новинарот Срѓан Стојанчов. Со невистинити и непроверени информации содржани во овој прилог е доведен во прашање интегритетот и легитимитетот на обвинителството и Управата за … Повеќе

Со „Синџир“ опфатени 26 физички и 28 правни лица

Врз основа на досегашните предистражни дејствија и доставената кривична пријава од Управата за финансиска полиција, јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против 26 сопственици и управители на 28 правни лица за кои постои основано сомневање дека сториле кривични дела Злосторничко здружување … Повеќе

Соопштение

Денеска од раните утрински часови под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Управата за финансиска полиција со асистенција на единиците од МВР на повеќе локации во Неготино, Кавадарци, Битола и Охрид извршува претреси и се приведуваат осомничени лица. Акцијата е резултат на повеќемесечна предистражна постапка, под … Повеќе

Осуммина обвинети признаа вина

На првото одржано рочиште за предметот под кодно име „Багер“осуммина обвинети кои извршувале недозволено истражување и ископување на движни добра под привремена заштита, односно културно наследство, ​ги признаа делата за кои Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во јуни годинава поднесе Обвинителен акт. Според опишаните дејствија во диспозитивот на Обвинителниот акт, сите обвинети сториле … Повеќе

Обвинителен акт против полициски инспектор за усмртената мигрантка

По спроведена севкупна истражна постапка, предметен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против полициски инспектор за сторено кривично дело Тешки дела … Повеќе

Абази на билатерална работна средба во Црна Гора

Во текот на вчерашниот ден во организација на делегација на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција предводена од Основниот јавен обвинител Ислам Абази реализира работна посета со претставниците на Специјалното обвинителство на Република Црна Гора. На оваа средба беа разменети околу организацијата и функционирањето на двете обвинителства и нивните надлежности. Соговорниците … Повеќе