По сознанијата од Министерството за внатрешни работи дека во полициска станица пристапиле две лица, од кои еден малолетник, кои се пријавиле како извршители на кривично дело, надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје издаде Наредба за препознавање. На извршеното препознавање еден од оштетените ги препознал пријавените како сторители на кривичното дело во кое животот го загуби 19-годишно лице.
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе обвинение против службено лице од МВР
По поднесена кривична пријава од Министерството за внатрешни работи против едно лице вработено во МВР, а за сторено кривично дело – Незаконито влијание врз сведоци, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ги презеде сите потребни дејствија за утврдување на фактите во предметот. Притоа е утврдено дека постои основано сомнение дека осомничениот … Повеќе