ПОДНЕСЕНО ОБВИНЕНИЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДЕТСКАТА КЛИНИКА

ПОДНЕСЕНО ОБВИНЕНИЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДЕТСКАТА КЛИНИКА

Основното јавно обвинителство Скопје по утврдување на основаноста на сомнението, поднесе обвинение против едно лице за кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 7 (Убиство на бремено лице). Лицето е обвинето бидејќи на 09.01.2015 год. околу 19,00 час, во кругот на комплекс Клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, во потпокривната просторија на Клиниката … Повеќе

Основното јавно обвинителство -Тетово донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против едно лице за сторено кривично дело Убиство

По поднесената кривична пријава од страна на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија – СВР Тетово, надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство -Тетово донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против едно лице за сторено кривично дело Убиство во обид . Имено, на 31.03. 2015 година во вечерните часови осомничениот со умисла се … Повеќе

Европската Комисија цени дека работата на јавните обвинители може да ја ценат само надлежните основни судови

Јавното обвинителство на Република Македонија достави покана до Европската Комисија за испраќање на меѓународни експерти кои би биле во тек со предметите кои ги води обвинителството, а произлезени од последните актуелни случувања. Иако јавното обвинителство има капацитети и единствена законска недлежност за водење на истражна постапка, сепак ја поканивме Европската Комисија преку свои претставници, а … Повеќе

СООПШТЕНИЕ

Основното јавно обвинителство Скопје ја известува јавноста дека предметите по јавно објавените наводи од наводно прислушкуваните разговори по службена должност и досега поднесените кривични пријави од СДСМ, се распоредени на 17 јавни обвинители од ова обвинителство. Сите пријави се дадени во работа. По дел од истите досега се преземени определени дејствија, а во тек е … Повеќе

Основното јавно обвинителство Гевгелија гони три лица за сторени кривични дела Тешка кражба и Тешка кражба во обид

Припадници на така наречената група Проспера се гонат од страна на Основното јавно обвинителство за две кривични дела – Тешка кражба и Тешка кражба во обид. Кривичната пријава беше поднесена од Министерството за внатрешни работи НК-КР Гевгелија. Осомничените на ден 17.03.2015 година по претходен договор, со намера противправно присвојување на туѓи подвижни предмети од поголема … Повеќе

СООПШТЕНИЕ

Јавното обвинителство е единствен и самостоен државен орган кој ги гони сторителите на кривични дела и на други со закон утврдени казниви дела. Јавните обвинители функцијата ја вршат законито, непристрасно и објективно. Во рамки на своите надлежности, а во име на општеството се грижат за ефикасност на кривичноправниот систем. Во своето постапување јавното обвинителство доследно … Повеќе

28 годишен штипјанец извршил полов напад врз дете кое не наполнило 14 години и продолжено кривично дело обљуба врз немоќно лице

Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против 28 годишен штипјанец за сторено кривично дело – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години и продолжено кривично дело Обљуба врз немоќно лице. Имено, осомничениот од почетокот на 2015 година со претходно договарање за времето и местото на средбата, се среќавал … Повеќе

ВЕЛЕШКОТО ОБВИНИТЕЛСТВО ГОНИ ЕДНО ЛИЦЕ ЗА ПОЛОВ НАПАД ВРЗ МАЛОЛЕТНИК

Основното јавно обвинителство – Велес донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против едно лице за сторено кривично дело – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години од чл.188 ст.1 од Кривичниот законик. Осомничениот (47), инаку сосед на жртвата (12), на 09.03.2015 година во попладневните часови го повикал момчeто да го превезе со … Повеќе

СООПШТЕНИЕ

По последните случувања, континуираните објави на снимки, разговори, изјави од страна на повеќето политички партии, како и по нагласеното препукување кое преку медиумите се прави, а е во врска со кривично правни настани за кое надлежните јавни обвинителства веќе постапуваат, деновиве јавното обвинителство нагласено се повикува да даде конечен одговор. Исто така, се повикува на … Повеќе

СООПШТЕНИЕ

Основното јавно обвинителство Скопје ја известува јавноста дека кривичните пријави поднесени од СДСМ, Зоран Заев, Радмила Шеќеринска, Стево Пендаровски, Оливер Спасовски, Тито Петковски и Андреј Жерновски, се земени во работа. Притоа се повикани подносителите на кривичните пријави, дел од нив се сослушани пред јавниот обвинител и во тек е преземањето и на други дејствија со … Повеќе

Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против едно лице за продолжено кривично дело – Полов напад врз дете.

По поднесена кривична пријава од МВР ПС Прилеп, надлежниот јавен обвинител утврди постоење на основано сомнение, па започна истражна постапка против осомничениот. Имено, осомничениот во временскиот период од месец јуни до месец август 2014 година во повеќе наврати извршил полови дејствија спрема дете во неговиот дом. Сметајќи дека се исполнети законските основи, надлежниот Јавен обвинител … Повеќе

Поведена постапка против три лица вработени во Здравствен дом Охрид

Основното јавно обвинителство Охрид донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против три лица за сторено продолжено кривично дело – Проневера во службата.  По пријава од Финансиската полиција, надлежниот обвинител утврди постоење на основано сомнение, па започна истражна постапка против осомничените. Осомничените во периодот од 2010 до 2014 година подигале готови средства уплатени на име … Повеќе

СО ЗАТВОРСКА КАЗНА ОД СЕДУМНАЕСЕТ ГОДИНИ ПОТВРДЕНО ОБВИНЕНИЕ НА ЈАВНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО

Казната е досудена по поднесено обвинение на Основното јавно обвинителство Скопје, против едно лице за сторено кривично дело Полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години.  Обвинителството постапувајќи по поднесена  кривична пријава од Министерството за внатрешни работи, по прибирање на сите докази и факти во предметот, против осуденото лице поднесе Обвинителен акт и тоа … Повеќе

Основното јавно обвинителство – Скопје ќе го испитува случајот на починатото девојче од Велес

Основното јавно обвинителство – Скопје, по допрен глас, оформи предмет за случајот со починатото девојче Т.Д. од Велес, за кој вчера известија медиумите. Назначен е надлежен јавен обвинител, кој ќе го разгледа предметот и ќе започне постапка за утврдување на фактите и на евентуалната одговорност за смртта.

Наредена ДНК анализа на телата на починатите во пожарот во фабриката „Балкан Гасови “ – Богданци

Основното јавно обвинителство – Гевгелија издаде наредба да се изврши обдукција на телата на три починати лица во вчерашниот пожар во фабриката ДПУТ „Балкан Гасови “ ДОО Богданци. На телата ќе се врши и ДНК анализа за да се утврди идентитетот на починатите. Обдукцијата на починатите е извршена уште вчера попладне во ЈЗУ Општа болница … Повеќе

Истрага за обид за убиство во Желино

Основното јавно обвинителство – Тетово до Основниот суд во Тетово поднесе барање за спроведување истрага против едно лице, под сомнение дека сторило кривично дело – Убиство (во обид). Пријавениот се сомничи дека пред кафетерија во с. Желино на 02.02.2015 година со умисла се обидел да лиши од живот едно лице, а ги довел во опасност … Повеќе

СООПШТЕНИЕ

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, согласно своите овластувања ќе изврши проверки во врска со фактите и околностите под кои материјалите од средбата помеѓу Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски и лидерот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија Зоран Заев, дошле до медиумите. Јавното обвинителство на Република Македонија цени дека … Повеќе

Кумановец под истрага за полов напад врз малолетник

Основното јавно обвинителство – Куманово нареди спроведување на истрага против едно лице поради постоење основано сомение дека сторил кривично дело – Полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години. Според кривичната пријава доставена до надлежното обвинителство, во текот на април 2014 година осомничениот го повикал оштетеното дете во својот дом, каде што извршил обљуба. … Повеќе

Истрага за две полнолетни лица и малолетник за сторено кривично дело – Разбојништво врз сириски државјанин

Основното јавно обвинителство – Куманово нареди спроведување на Истражна постапка против две полнолетни лица и еден малолетник поради постоење основано сомнение дека извршиле кривично дело – Разбојништво. Имено, на 29.01.2015 година, на Автобуската станица во Куманово тие со употреба на сила му одзеле мобилен телефон и 300 евра на сириски државјанин, по што веднаш побегнале. … Повеќе