Настани

Јовески и Русковска на меѓународна конференција за правосудни реформи организирана од Јавното обвинителство на Република Бугарија

Владеењето на правото е една од темелните вредности на уставниот портедок на секоја демократска држава. Притоа, правото мора да биде еднакво достапно до секој граѓанин, а институциите да обезбедат тоа да важи за сите подеднакво, бидејќи селективната правда е најголема неправда, истакна денеска Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески во онлајн обраќањето на … Повеќе

Јовески: Обвинителите и судиите треба да ја обезбедат еднаквоста на граѓаните пред законот – бавната правда е неправда

„Предизвикот на обвинителите и судиите во битката за обезбедување на владеењето на правото и еднаков пристап до правдата е секојдневен. Во таа битка тие често се критикувани и напаѓани“, истакна Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески во синоќешното обраќање на свечениот настан по повод 15-годишнината од создавањето на Академијата за судии и јавни … Повеќе

Основната јавна обвинителка Русковска се сретна со евроамбасадорот Гир

Основната јавна обвинителка Вилма Русковска  вчера беше домаќин на претставници на Делегацијата на Европската унија во земјава, предводени од амбасадорот Дејвид Гир. Едночасовната средба беше од протоколарен карактер и се одржа во просториите на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Амбасадор Гир покажа интерес за функционирањето на обвинителството, неговата кадровска екипираност, … Повеќе

Работна средба за зајакнување на соработката меѓу Јавното обвинителство и Државниот завод за ревизија

Претставници на Јавното обвинителство предводени од Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, Љубомир Јовески вчера остварија работна средба со претставници на Државниот завод за ревизија предводени од Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски, во рамки на проектот „Поддршка за имплементација на комуникациската стратегија на Државниот завод за ревизија 2018-2022 година“, кој Државниот завод за ревизија … Повеќе

Бугарскиот главен јавен обвинител во посета на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија

Можностите за унапредување на соработката во сите области, а особено во борбата против организираниот и прекуграничниот криминал беа во фокусот на денешната средба на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески со Иван Гешев, Главен јавен обвинител на Република Бугарија. Работната посета на бугарскиот главен обвинител во Скопје се остварува на покана на Јовески. … Повеќе

Регионална отворена дебата: Дигитализацијата е неопходна за ефикасност во работата на Јавното обвинителство

Дигитализацијата на правосудството, со која е опфатено и Јавното обвинителство, треба да овозможи ефикасност и транспарентност и да го олесни пристапот на граѓаните до правдата, заклучија учесниците на регионалната отворена дебата „Дигитално правосудство – нова ера на реформите на македонскиот правосуден систем“, што се одржа денеска во Скопје. Системот на информатичко-комуникациски технологии е неопходност во … Повеќе

Балкански форум на јавните обвинители во Софија: Притисокот врз независноста на јавните обвинителства е недозволен

Во Софија денеска се одржа Вториот работен форум на главните јавни обвинители на балканските држави на тема „Улогата на јавното обвинителство за воспоставување на владеење на правото“, на кој учествуваше и Јавниот обвинител на Република Северна Македонија  Љубомир Јовески. „Притисокот врз независноста на јавните обвинители е недозволен, особено оној кој доаѓа од политичарите“, се согласија … Повеќе

СООПШТЕНИЕ

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески денеска одржа онлајн состанок со јавните обвинители на јавните обвинителства во Република Северна Македонија. Тема на состанокот беше последниот извештај на Стејт департментот за состојбата со човековите права во 2020 година, во кој во делот за Република Северна Македонија се нотира пречекорување на роковите за истраги. Јавниот … Повеќе

Одржана прес конференција за предметот „Планина“

Основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, денеска одржа прес-конфереција на на која ги информираше медиумите и јавноста за деталите од предметот под назив „Планина“. Почитувајќи ги протоколите за заштита од натамошно ширење на вирусот COVID-19, прес конференцијата беше реализирана на далечина. Видео записот може да … Повеќе

Предновогодишна средба на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески со шефовите на јавните обвинителства

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, Љубомир Јовески денеска одржа дигитална предновогодишна средба шефовите на обвинителствата. Од самиот почеток на пандемијата, сменет е  начинот на работа, со минимално присуство и со друг приод на движење на странките во обвинителските простории. „Содржина на јавнообвинителската работа се предизвиците и поради тоа уверен сум дека и со овој предизвик … Повеќе

Брифинг на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, Љубомир Јовески, денеска одржа дигитална предновогодишна средба со  новинарите. Јовески посочи дека 2020 е тешка година за сите, а беше исполнета и со многу предизвици за јавните обвинители бидејќи нивната работа бара постојан  континуитет, целосна посветеност, лична директна комуникација со многу луѓе. „Надлежни сме за гонење на криминалот, а … Повеќе

Отворен ден на Јавното обвинителство за студентите на Правниот факултет во Скопје

Јавни обвинители од Основното јавно обвинителство Скопје денеска го одржаа првиот Отворен ден на Јавното обвинителство за студентите од Правниот факултет во Скопје. Обвинителите Даниел Коцев, Наташа Гоџоска, Фатон Азизи и Наташа Сарамандова на виртуелната презентација ја претставија работата на Јавното обвинителство, но споделија и корисни информации за правата и обврските на граѓаните во кривичната постапка. … Повеќе

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Јовески се сретна со рускиот амбасадор Баздникин

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески оствари средба со Сергеј Баздникин, амбасадор на Руската Федерација во земјава. На средбата беше истакната заложбата за продлабочување на соработката во областа на борба против тероризмот, корупцијата и меѓународниот организиран криминал. Јавниот обвинител Јовески ја презентираше структурата, условите за работа и предизвиците со кои се соочува Јавното … Повеќе

Средба со претседателот на Европравда

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески денеска оствари средба со претседателот на Европравда Ладислав Хамран. На средбата присуствуваа и јавни обвинители од ЈОРСМ , како и јавниот обвинител за врска на Република Северна Македонија во Европравда Ленче Ристоска. На средбата со Хамран, кој воедно е национален член на Република Словачка во Европравда, беше … Повеќе

Работна средба со претставници на Државната комисија за спречување на корупцијата

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески денеска одржа работен состанок со делегација на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) предводена од претседателката Билјана Ивановска. На состанокот беа разменети заемните заложби за подобрување на меѓусебната соработка за прашања од заеднички интерес, особено во насока на поефикасна борба против корупцијата. Договорена е континуирана комуникација … Повеќе

Јовески се сретна со претставници на ИПА/2017 Проектот за борба против сериозен криминал во Западен Балкан

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески и обвинителот за врска со Eurojust Ленче Ристоска остварија средба со Ерик Винкен, проект менаџер на ИПА/2017 Проектот за борба против сериозен криминал во Западен Балкан и со членовите на делегираниот проектен тим за земјава. На средбата се разговараше за неодамнешните активности и идните можности за соработка … Повеќе