Односи со Јавноста

Координативна средба меѓу Јавното обвинителство и МВР

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески денеска организираше координативна средба со претставници на Министерството за внатрешни работи, предводени од директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски. Целта на средбата, на која присуствуваа јавни обвинители од неколку јавни обвинителства и шефови на повеќе оддели во МВР, беше дополнително интензивирање на соработката и забрзување … Повеќе

Соопштение

Јавното обвинителство ја оценува како целосно беспредметна и непотребна иницијативата на Државната комисија за спречување на корупцијата во врска со конфискацијата на имотот во предметот „Труст“. Иако Јавното обвинителство ќе ја прими иницијативата како и секоја друга претставка, крајно е нецелисходно ДКСК да поднесува иницијативи за кривично гонење за предмети во кои обвинителството веќе постапува. … Повеќе

Под истрага 15 лица за даночна измама, злосторничко здружување и перење пари и други приноси од казниво дело

По повеќемесечна предистражна постапка координирана од јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, денеска од страна на МВР е реализирана акција и по поднесената кривична пријава, предметниот обвинител донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против 15 лица. Врз основа на спроведените предистражни дејствија постои основано сомнение дека осомничените … Повеќе

Еден обвинет за разбојништво и тешка кражба во Скопје  

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против 29-годишник против кого се води постапка за кривични дела – Разбојништво од член 237 став 1 во врска со член 22 и Тешка кражба од член 237 став 1 точка 3 од Кривичниот законик. Обвинетиот, на 13 април, заедно во договор со непознато женско лице, со употреба … Повеќе

Јовески на средба со членовите на ДКСК

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески денеска, на сопствена иницијатива, оствари средба со членовите на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК). На средбата, во рамките на активностите за зајакнување на националниот фронт за борба против корупцијата, двете институции ги разгледаа можностите за дополнително унапредување на меѓусебната соработка. Притоа, Јовески оцени дека по … Повеќе

Издадени наредби за испитување на несреќата во Шипковица во која загинаа двајца работници

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово изврши увид на лице место во Шипковица, каде при изградба на потпорен ѕид вчера загинаа двајца работници. Издадена е наредба за обдукција на телата на починатите, а јавниот обвинител нареди да се обезбеди и целокупната документација од правниот субјект кој ги ангажирал работниците, како и документацијата од општината … Повеќе

Договорени активности за соработка меѓу Јавното обвинителство и Државниот завод за ревизија

Денес, во просториите на Државниот завод за ревизија, Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски и Заменик главниот државен ревизор м-р Орхан Адеми остварија работна средба со Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески и јавниот обвинител – раководител на Одделението во ЈОРСМ за соработка со други институции Башким Бесими. Работната средба беше иницирана од … Повеќе

Жена обвинета за запуштање на двете деца и семејно насилство

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против жителка на Гостивар со престојувалиште во Скопје за две кривични дела – Запуштање и малтретирање на дете од член 201 став 1 и две кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од … Повеќе

Извршен вонреден надзор во предметите поврзани со работата на Општина Струга

Комисија на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија изврши вонреден надзор над работата на Основното јавно обвинителство Струга, Вишото јавно обвинителство Битола и на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во сите заведени предмети против лицето Рамиз Мерко, градоначалник на Општина Струга, како и во предметите поврзани со работата на Општина … Повеќе

Предложен притвор за осомничен за тешка кражба во скопски хотел

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка и предложи мерка притвор за 38-годишен скопјанец, осомничен за кривично дело – Тешка кражба според член 236 став 1 точка 1 од Кривичниот законик. Осомничениот е претходно повеќепати осудуван за истородни и други кривични дела и се наоѓал на издржување затворска казна во КПУ Затвор Прилеп, но побегнал и … Повеќе

Истрага против уште едно лице за грабнување во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека било вклучено во дејствија на кривично дело –  Грабнување од член 141 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот на 3 март, заедно  со уште две други лица против кои веќе се … Повеќе

ОЈО Велес води постапка против дилер на дрога

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 23-годишен велешанец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори според член 215 став 1 од Кривичниот законик. Во близина на неговиот дом, но и во шкаф на работното место … Повеќе

Истрага за криумчарење на луксузни автомобили, осомничени 20 лица

По спроведена претходна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје денеска поведе истрага против осум лица за продолжени кривични дела – Криумчарење, Прикривање на стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама, Компјутерски фалсификат и Фалсификување исправи. Уште 12 физички и едно правно лице се осомничени за кривични дела кои се гонат во скратена постапка. Меѓу … Повеќе

Соопштение

Jaвното обвинителство инсистира сите политички партии да запрат да ја злоупотребуваат во политички цели истражната постапка во предметот „Феникс“, како и кое било друго постапување на обвинителството. Ги потсетуваме сите политички чинители на пораката што во овој контекст пред само неколку дена ја упати американскиот Стејт департмент -„лидерите на Северна Македонија мора да покажат силни, … Повеќе

Истрага против едно лице за тешка сообраќајна несреќа во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот според член 300 став 2 во врска со член 297 став 1  од Кривичниот законик. Осомничениот 42-годишник од Скопје, на 1 јули, на улицата … Повеќе

Пресконференција во врска со предметот „Скопје 2014“

По опсежно спроведена постапка КО.Бр.9/20, по прибавени докази по пат на меѓународна правна помош од пет странски држави, во текот на вчерашниот и денешниот ден, до судија за претходна постапка поднесени се повеќе барања за претреси и барање за привремено одземање на имот заради обезбедување, замрзнување банкарски сметки и удели како и предлози за определување … Повеќе

Потпишан Меморандум за разбирање за заеднички проектни активности меѓу Јавното обвинителство и Мисијата на ОБСЕ во Скопје

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески и амбасадорот Килијан Вал, шеф на Мисијата ОБСЕ во Скопје денеска потпишаа Меморандум за разбирање меѓу двете институции за спроведување заеднички проектни активности во периодот 2023-2025 година. Целта на Меморандумот е да се создаде правна рамка за идната соработка во клучни области. Соработката меѓу Јавното обвинителство и … Повеќе

Истрага за поттикнување за примање поткуп

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 45-годишен жител на Тетово, вработен во Министерство за одбрана како командир во тетовска касарна, бидејќи постои основано сомнение дека поттикнувал кривично дело –  Примање поткуп од член 357 став 1 во врска со член 23 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 18 и 19 мај … Повеќе

Истрага за полови дејствија спрема дете

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради постоење основано сомнение дека сторил полови дејствија врз дете кое не наполнило 15 години од член 188 став 5 од Кривичниот законик. Осомничениот 70-годишник, извршил друго полово дејствие спрема 11-годишно девојче на кое му одржувал дополнителни часови. Надлежниот јавен обвинител до … Повеќе

Јовески и Бесими потпишаа Меморандум за соработка за заштита на финансиските интереси на ЕУ во РС Македонија

Со Меморандум за соработка меѓу Министерството за финансии и Јавното обвинителство се зајакнува меѓуинституционалната соработка со цел сузбивање неправилности, измами, корупција и други незаконски активности насочени против финансиските интереси на ЕУ во РС Македонија. Меморандумот за соработка денеска го потпишаа Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески и министерот за финансии Фатмир Бесими.  Иницијативата за Меморандумите … Повеќе