Односи со Јавноста

Поднесено обвинение за поседување дрога и муниција

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за продолжено кривично дело –  Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори  од член 215 став 1 во врска со член 45 и за кривичното дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи по … Повеќе

Поведена истрага за недозволена трговија со марихуана

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. На 14 октомври, при претрес во домот на осомничениот 37-годишник во Драчево, … Повеќе

Две лица обвинети за узурпација на локација прогласена за споменик на природата во Матка

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против две лица за кривично дело – Узурпација на недвижности согласно член 225 став 1 од Кривичниот законик. Првиот обвинет, 39-годишен жител на Глумово, како трговец-поединец кој врши дејност за патнички воден транспорт, на точно неутврден датум  со намера заземал во владение туѓа недвижност што е со пропис … Повеќе

Истрага за дванаесетмина кои криумчареле мигранти

Со цел расчистување на кривични дела што се однесуваат на организирање на група за криумчарење мигранти, во изминатите 10 месеци  се спроведуваше криминалистичката истрага над поголема организирана криминална група. Како резултат на добиените сознанија, денеска во координација со надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Одделот за сузбивање … Повеќе

Предложени парични казни за непочитување на здравствените прописи на улица „Боемска“

По спроведена претходна постапка и обезбедување на сите релевантни докази, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Предлог за издавање казнен налог против две физички и едно правно лице за кои постои основано сомнение дека  сториле кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 од Кривичниот законик. Обвинетите, … Повеќе

Обвинение за насилство

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен акт против две лица кои го сториле кривичното дело – Насилство од член 386 став 6 во врска со став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Настанот за кој се товарат обвинетите се случил на 24 ноември 2019 година, кога тие заедно телесно повредиле едно лице … Повеќе

Еден обвинет за тешки кражби во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за продолжено кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик. Во периодот од март до октомври, обвинетиот во четири наврати сторил временски поврзани дејствија кои претставуваат повеќекратно сторување на истото кривично дело. На … Повеќе

Поведена истрага за тешката сообраќајна незгода во Трубарево

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, осомничено за кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 72-годишник, на 11 октомври, како учесник во сообраќајот на јавните патишта, … Повеќе

Поведена постапка за државјани на Албанија кои продавале марихуана

Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против двајца државјани на Република Албанија на возраст од 21 и 26 години, за кои постои основано сомнение дека како соизвршители го сториле кривичното дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. На 10.10.2020 година … Повеќе

Поведена постапка за дилер на дрога

Основното јавно обвинителство Струга поведе постапка против 23 – годишен државјанин на Република Албанија за кој постои основано сомнение дека го сторил кривичното дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот управувал патничко моторно возило со македонски регистарски ознаки во … Повеќе

Притвор за дилер на дрога

Основното јавно обвинителство  Велес донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против лице од Велес на 26 годишна возраст за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот во својот дом неовластено заради продажба држел наркотична дрога – марихуана … Повеќе

IN MEMORIAM

На 7.10.2020 година, во Струга,  на 65-годишна возраст почина Никола Неделкоски, јавен обвинител во Основното јавно обвинителство Струга. Никола Неделкоски беше роден на 14.12.1954 година во с.Љабуништа, Струга. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје во 1980 година. На 26.03.1997 година е избран за заменик на основниот јавен обвинител во Струга. Во текот на своето работење … Повеќе

Истрага за даночно затајување

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 13 лица за кривични дела даночно затајување и злоупотреба на службената положба и овластување. Имено, за две лица истрага е поведена за кривично дело – Даночно затајување од член 279 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик,  петмина се осомничени за … Повеќе

Сузбиена криминална група што криумчарела мигранти 

Во текот на денешниот ден, со цел сузбивање на организирана криминална група инволвирана во организирање и криумчарење мигранти, под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во соработка со Одделот за специјални и посебни операции, СВР Струмица и Регионалните … Повеќе

Преземени дејствија за утврдување на причините за смртта на дете

Основното јавно обвинителство Кавадарци во координација со увидна екипа од Министерството за внатрешни работи, извршија увид во семејна единица во село Корешница, Демир Капија, каде синоќа почина 11-годишно дете , штитеник на Специјаниот завод Демир Капија. Починатото момче беше згрижено во семеен дом пред еден месец, откако претходно беше пронајдено како целосно запуштено живее само … Повеќе

Скопјанец осомничен за разбојништво и тешки кражби

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради основано сомневање дека сторил кривично дело – Разбојништво од член 237 став 1, како и две кривични дела – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 3 од Кривичниот законик. Осомничениот 22-годишник, на 26 септември, на улица „Алжирска“, со употреба … Повеќе

Поведена постапка за дилер на дрога

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против 32 – годишен битолчанец кој неовластено држел наркотична дрога хероин, со што го сторил кривичното дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. При извршен претрес во домот на осомниченото лице, на 29.9.2020 … Повеќе

Побаран притвор заради силување

Скопското обвинителство донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, скопјанец на 55-годишна возраст, поради основано сомнение дека го извршил кривичното дело – Силување од член 186 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот на 28 септември 2020 година, околу 15.00 часот, го управувал своето возило и ја пресретнал оштетената која враќајќи се од работа, … Повеќе

Обвинение за недозоволено поседување хероин

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори според член 215 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетата на возраст од 39 години, во домот во кој престојувала на улица „Никола … Повеќе

Притвор за татко и син заради дрога и оружје

Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против две лица, татко и син на возраст од 56 и 33 години, поради основано сомнение дека како соизвршители ги сториле кривичните дела –Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член  215  став 1 и  Неовластено изработување, … Повеќе