Твининг проект – Градење на институционалниот капацитет на истражниот центар

Твининг проект – Градење на институционалниот капацитет на истражниот центар

Проектот е финансиран од Европската унија со буџет од еден милион евра. Периодот на спроведување на проектот е 24 месеци (11 мај 2019 – 10 мај 2021). По неколку месечниот прекин во текот на 2020 година, поради вирусот Ковид – 19 и пропишаните мерки за заштита, проектот продолжи со својата работа од 01.01.2021 година во Република … Повеќе

Новогодишна честитка од еден осомничен за јавен обвинител

Новата година секогаш можност да се сумираат резултатите и да се оценува досега сработеното, но и да се прават планови за периодот што е пред нас. Во годината што измина Јавното обвинителство постапуваше против повеќе од 25.000 полнолетни сторители на кривични дела. Со оглед на тоа што согласно Законот за кривична постапка, основно право и … Повеќе

Предновогодишна средба на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески со шефовите на јавните обвинителства

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, Љубомир Јовески денеска одржа дигитална предновогодишна средба шефовите на обвинителствата. Од самиот почеток на пандемијата, сменет е  начинот на работа, со минимално присуство и со друг приод на движење на странките во обвинителските простории. „Содржина на јавнообвинителската работа се предизвиците и поради тоа уверен сум дека и со овој предизвик … Повеќе

Брифинг на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, Љубомир Јовески, денеска одржа дигитална предновогодишна средба со  новинарите. Јовески посочи дека 2020 е тешка година за сите, а беше исполнета и со многу предизвици за јавните обвинители бидејќи нивната работа бара постојан  континуитет, целосна посветеност, лична директна комуникација со многу луѓе. „Надлежни сме за гонење на криминалот, а … Повеќе

Отворен ден на Јавното обвинителство за студентите на Правниот факултет во Скопје

Јавни обвинители од Основното јавно обвинителство Скопје денеска го одржаа првиот Отворен ден на Јавното обвинителство за студентите од Правниот факултет во Скопје. Обвинителите Даниел Коцев, Наташа Гоџоска, Фатон Азизи и Наташа Сарамандова на виртуелната презентација ја претставија работата на Јавното обвинителство, но споделија и корисни информации за правата и обврските на граѓаните во кривичната постапка. … Повеќе

Интервју на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески за ТВ 24

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески во гостувањето на емисијата „24 Анализа“ на Телевизија 24 зборуваше за повеќе предмети во надлежност на Јавното обвинителство. Целосното интервју во видеото подолу.

 

 

IN MEMORIAM

На 7.10.2020 година, во Струга,  на 65-годишна возраст почина Никола Неделкоски, јавен обвинител во Основното јавно обвинителство Струга. Никола Неделкоски беше роден на 14.12.1954 година во с.Љабуништа, Струга. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје во 1980 година. На 26.03.1997 година е избран за заменик на основниот јавен обвинител во Струга. Во текот на своето работење … Повеќе

Средба на Јовески со тим од Проектот за борба против сериозен криминал во Западен Балкан

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески се сретна со проектниот тим со седиште во Република Северна Македонија на Проектот за борба против сериозен криминал во Западниот Балкан – ИПА 2019. На средбата стана збор за можностите за идна соработка. На Јовески му беа презентирани новините во актуелната проектна фаза (7.2020-6.2023), вклучувајќи ги и … Повеќе

Работна средба со Министерот за правда

Имплементацијата на новиот Закон за јавно обвинителство и претстојните реформи во насока на унапредување на јавнообвинителскиот систем беа тема на денешната средба меѓу Љубомир Јовески, Јавен обвинител на Република Северна Македонија и Бојан Маричиќ, Министер за правда во Владата на Република Северна Македонија На средбата беше потенцирано дека Јавното обвинителство има итна потреба од зајакнување … Повеќе

Соопштение

Поради различните информации во медиумите и на социјалните мрежи за учеството на јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово Лејла Кадриу на место на кое се изведувале работи на водовод во тетовско и повеќе нејаснотии во постапувањето на јавниот обвинител, Јавниот обвинител на Република Северна Македонија денеска писмено побара од Вишото јавно обвинителство Гостивар да … Повеќе

Информација за предмети во основните јавни обвинителства по член 205 или 206 од КЗ

Збирна информација за предмети во основните јавни обвинителства по член 205 или 206 од Кривичниот законик, како и по пријави за непочитување на мерки за спречување или сузбивање на опасна заразна болест – коронавирус COVID 19. Датум на ажурирање на податоците:  22.07.2020 година ИНФОРМАЦИЈА АЖУРИРАНА ДО 22.07.2020 ГОДИНА  

Изјава за медиумите на јавниот обвинител Џелал Бајрами, претседател на Комисијата за следење на евентуални нерегуларности поврзани со извршување на кривични дела против изборите и гласањето

Комисија за следење на евентуални нерегуларности поврзани со извршување на кривични дела против изборите и гласањето констатира дека парламентарните избори се одвиваа во мирна атмосфера, без значителен број на изборни нерегуларности. Во основните јавни обвинителства и на електронската адреса izbori@jorm.mk на која граѓаните можеа да пријават сомнение за сторено кривично дело поврзано со изборите и … Повеќе

Комисијата за следење на евентуални изборни нерегуларности во континуитет ги следи сите случувања поврзани со изборниот процес

Комисија за следење на евентуални нерегуларности поврзани со извршување на кривични дела против изборите и гласањето ја известува јавноста дека до 17.00 часот изборите се одвиваат во мирна атмосфера, без значителен број изборни нерегуларности. Во основните јавни обвинителства и на електронската адреса izbori@jorm.mk на која граѓаните можат да пријават сомнение за сторено кривично дело поврзано … Повеќе

СООПШТЕНИЕ

Комисијата за следење на евентуални нерегуларности поврзани со извршување на кривични дела од Глава шеснаесет – Кривични дела против изборите и гласањето од Кривичниот законик и други кривични дела кои би биле сторени при организирањето и спроведувањето на предвремените парламентарни избори,  ја известува јавноста дека до 13.00 часот во основните јавни обвинителства и преку електронската … Повеќе

СООПШТЕНИЕ

До овој момент, од почетокот на гласањето во oсновните јавни обвинителства, како и во Комисијата за следење на изборни нерегуларности и преку електронската адреса izbori@jorm.mk нема пристигнати пријави за изборни нерегуларности поврзани со настани од процесот на гласање. Во текот на ноќта и предизборните денови пристигнати се неколку известувања. Во голем дел од пристигнатите известувања … Повеќе

СООПШТЕНИЕ

Привремената Комисија за следење на евентуални нерегуларности поврзани со извршување на кривични дела од Глава шеснаесет – Кривични дела против изборите и гласањето од Кривичниот законик и други кривични дела кои би биле сторени при организирањето и спроведувањето на предвремените парламентарни избори, ја известува јавноста дека во континуитет ги следи случувањата поврзани со изборниот процес … Повеќе