Учество на Меѓународна конференција на шефовите на обвинителствата од Европа

Учество на Меѓународна конференција на шефовите на обвинителствата од Европа

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески, заедно со јавниот обвинител од Вишото јавно обвинителство Скопје Елвин Вели и основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска  учествуваат на Меѓународна конференција „Улогата на обвинителствата во заштитата на индивидуалните права и јавниот  интерес во светло на препораките … Повеќе

Балкански форум на јавните обвинители во Софија: Притисокот врз независноста на јавните обвинителства е недозволен

Во Софија денеска се одржа Вториот работен форум на главните јавни обвинители на балканските држави на тема „Улогата на јавното обвинителство за воспоставување на владеење на правото“, на кој учествуваше и Јавниот обвинител на Република Северна Македонија  Љубомир Јовески. „Притисокот врз независноста на јавните обвинители е недозволен, особено оној кој доаѓа од политичарите“, се согласија … Повеќе

Обука за истражители во рамки на ЕУ Твининг проектот  „Градење на институционалниот капацитет на Истражниот Центар“

Во рамки на ЕУ Твининг проектот  „Градење на институционалниот капацитет на Истражниот Центар“ и согласно планираните активности во Компонента 2 од работниот план, во периодот од 26-ти и 27-ми мај 2021 година, се реализираше дводневна обука на тема „Заеднички истраги (мулти-досциплинарни обуки)“ наменета за истражители од истражните центри. Оваа обука беше спроведена од г-дин  Бенедикт Велфенс, … Повеќе

Јовески и Русковска на средби во бугарското обвинителство

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески и Основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска во Софија се сретнаа со Главниот обвинител на Обвинителството на Република Бугарија Иван Гешев. Двете страни на средбата ги разгледаа прашањата од заемен интерес, особено поврзани со соработката во кривичните … Повеќе

IN MEMORIAM

Во Скопје денеска, на 73-годишна возраст, почина Коста Петровски, поранешен јавен обвинител во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија. Петровски беше роден на 16.11.1947 година во Скопје. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје во 1971 година. Во 1976 година беше избран за заменик јавен обвинител во Општинското јавно обвинителство Скопје, а од 1985 до 1989 … Повеќе

ИЗЈАВА на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, залагајќи се за доследно остварување на принципот на отвореност, правото на информирање и слобода на медиумите, укажува дека еден од основните принципи во работењето е транспарентноста и отчетното работење  гарантирани во член 8 од Законот за јавното обвинителство и во Упатството за односи со јавноста. Медиумите се помош во … Повеќе

Работна средба со претставници на синдикатот

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија денеска одржа работна средба со претставници на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани на РСМ на која се говореше за подобрување на условите за работа на вработените во јавните обвинителства. Висината на платите и додатоците  за јавно обвинителските службеници, можностите за нивно унапредување и … Повеќе

Интервју на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески за Топ Тема

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески гостуваше на емисијата Топ Тема на телевизија Телма. Во интервјуто, Јовески се осврна на повеќе актуелни предмети во надлежност на Јавното обвинителство, на состојбите во обвинителството, како и на последниот извештај на американскиот Стејт департмент за состојбата со човековите права за 2020 година.

Целосното интервју во видеото подолу.

 

СООПШТЕНИЕ

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески денеска одржа онлајн состанок со јавните обвинители на јавните обвинителства во Република Северна Македонија. Тема на состанокот беше последниот извештај на Стејт департментот за состојбата со човековите права во 2020 година, во кој во делот за Република Северна Македонија се нотира пречекорување на роковите за истраги. Јавниот … Повеќе

Јовески за ДВ: Ќе бидат санкционирани субјективните слабости кај обвинителите

Ќе побарам податоци за ефикасноста на секој обвинител, а од раководителите на обвинителствата ќе слушнам и предлози за надминување на состојбите констатирани од Стејт департментот, вели Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески во интервју за Дојче Веле, програмски сервис на македонски јазик. Интервјуто го пренесуваме интегрално. Кога станува збор за состојбите во македонското … Повеќе

IN MEMORIAM

По кратко боледување, денеска во Скопје, на 60-годишна возраст, почина Марко Зврлевски, поранешен Јавен обвинител на Република Македонија. Зврлевски беше роден на 04.12.1960 година во Дебар. Основно и средно образование завршува во Скопје. Дипломираше на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во  Скопје. Работното искуство го започна при Македонската академија на … Повеќе

Годишен план за јавни набавки за 2019 година

Годишен план за јавни набавки 2019 година ПЛАН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ГОДИШНИОТ ПЛАН ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ ЗА 2019 ГОДИНА 1 ПЛАН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ГОДИШНИОТ ПЛАН ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ ЗА 2019 ГОДИНА 2 ПЛАН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ГОДИШНИОТ ПЛАН ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ ЗА 2019 ГОДИНА 3 ПЛАН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ … Повеќе

Годишен план за јавните набавки за 2018 година

Годишен план за јавни набавки 2018 година ПЛАН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ГОДИШНИОТ ПЛАН ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ ЗА 2018 ГОДИНА 1 ПЛАН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ГОДИШНИОТ ПЛАН ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ ЗА 2018 ГОДИНА 2 ПЛАН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ГОДИШНИОТ ПЛАН ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ ЗА 2018 ГОДИНА 3 ПЛАН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ … Повеќе

Соопштение

Јавното обвинителство активно постапува за утврдување кривична одговорност во предметите поврзани со групите „Јавна соба“ оформени на социјалната мрежа „Телеграм“. Во предметот во јавноста познат како „Јавна соба 1“, Основното јавно обвинителство Скопје на 05.02.2021 година донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кривично дело – Производство и дистрибуција на детска порнографија … Повеќе

ПРОЕКТ – Сузбивање на сериозен криминал во Западен Балкан

Општата цел на проектот е да ги поддржи институциите партнери од Западен Балкан во надминување на бариерите на нивниот пат кон пристапување во ЕУ и да им овозможи да лишуваат од слобода и кривично да гонат сторители на кривични дела во согласност со правилата и стандардите на ЕУ. Проектот ќе го постигне ова преку: (1) … Повеќе

Одржана средба во Царинската управа

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески денеска оствари средба со директорот на Царинската Управа  Горан Сугарески, на која присуствуваа и Ферат Елези, јавен обвинител од Јавното обвинителство на РСМ и Сашо Рајчев, основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје. На средбата стана збор за заложбите за подобрување на ефикасноста на системот во … Повеќе