Годишен извештај за работата на јавните обвинителства во 2022 година
ЦЕЛОСЕН ТЕКСТ НА ИЗВЕШТАЈОТ
ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Република Северна Македонија
ЦЕЛОСЕН ТЕКСТ НА ИЗВЕШТАЈОТ
Делегација на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, составена од јавните обвинители Ферат Елези и Анита Тополова Исајловска, денеска во Виена учествуваше на регионалниот настан по повод формирањето на регионалната компонента на GlobE – Глобалната оперативна мрежа на антикорупциски органи. „Важна придобивка од воспоставувањето на регионалната компонента на мрежата ќе биде поставената цел за подигање … Повеќе
Во врска со информациите од 452-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија, на која беше разгледан и усвоен извештај од работна посета на Основен кривичен суд Скопје, Јавниот обвинител на Република Северна Македонија испрати писмено барање до Судскиот совет. Барањето го објавуваме интегрално:
Јавното обвинителство се заблагодарува на новинарите на ИРЛ што ја направија достапна за пошироката јавност аудио снимката која најдобро покажува дека е лажен нивниот став дека обвинителството ја прикрило експертизата од германските стручни лица, врз кој став натаму ги темелат и другите лажни информации за пожарот во модуларната болница. Снимката недвосмислено потврдува дека за обвинителството … Повеќе
Во текот на 2022 година удвоен е бројот на лица опфатени со посебните истражни мерки во однос на претходната година, а благ нагорен тренд се забележува и кај бројот на предмети опфатени со вакви мерки, покажува Извештајот за примена на посебните истражни мерки во текот на 2022 година што го објави Јавното обвинителство и го … Повеќе
ЦЕЛОСЕН ТЕКСТ НА ИЗВЕШТАЈОТ
Јавното обвинителство и тимот од јавни обвинители кои работеа на предметот поврзан со пожарот во тетовската модуларна болница ги отфрлаат наводите во емисијата на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) кои се однесуваат на текот на истрагата за овој случај. Со очигледна цел за неоснована дискредитација и без никаков реален интерес да се презентира вистината, во емисијата … Повеќе
Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески денеска оствари средба со директорот на Управата за финансиска полиција Горан Иванов со кого разговараше за потесна соработка и координација на дејствијата меѓу обвинителството и финансиската полиција во насока на обезбедување ефикасен кривичен прогон. На средбата присуствуваа и основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје Гаврил … Повеќе
Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески денеска организираше координативна средба со претставници на Министерството за внатрешни работи, предводени од директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски. Целта на средбата, на која присуствуваа јавни обвинители од неколку јавни обвинителства и шефови на повеќе оддели во МВР, беше дополнително интензивирање на соработката и забрзување … Повеќе
Јавното обвинителство ја оценува како целосно беспредметна и непотребна иницијативата на Државната комисија за спречување на корупцијата во врска со конфискацијата на имотот во предметот „Труст“. Иако Јавното обвинителство ќе ја прими иницијативата како и секоја друга претставка, крајно е нецелисходно ДКСК да поднесува иницијативи за кривично гонење за предмети во кои обвинителството веќе постапува. … Повеќе
Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески денеска, на сопствена иницијатива, оствари средба со членовите на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК). На средбата, во рамките на активностите за зајакнување на националниот фронт за борба против корупцијата, двете институции ги разгледаа можностите за дополнително унапредување на меѓусебната соработка. Притоа, Јовески оцени дека по … Повеќе
Денес, во просториите на Државниот завод за ревизија, Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски и Заменик главниот државен ревизор м-р Орхан Адеми остварија работна средба со Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески и јавниот обвинител – раководител на Одделението во ЈОРСМ за соработка со други институции Башким Бесими. Работната средба беше иницирана од … Повеќе
Комисија на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија изврши вонреден надзор над работата на Основното јавно обвинителство Струга, Вишото јавно обвинителство Битола и на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во сите заведени предмети против лицето Рамиз Мерко, градоначалник на Општина Струга, како и во предметите поврзани со работата на Општина … Повеќе
ТЕКСТ НА МЕМОРАНДУМОТ
Годишна сметка на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија за 2022 година – 1 сметка Годишна сметка на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија за 2022 година – 2 сметка
Jaвното обвинителство инсистира сите политички партии да запрат да ја злоупотребуваат во политички цели истражната постапка во предметот „Феникс“, како и кое било друго постапување на обвинителството. Ги потсетуваме сите политички чинители на пораката што во овој контекст пред само неколку дена ја упати американскиот Стејт департмент -„лидерите на Северна Македонија мора да покажат силни, … Повеќе
Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески и амбасадорот Килијан Вал, шеф на Мисијата ОБСЕ во Скопје денеска потпишаа Меморандум за разбирање меѓу двете институции за спроведување заеднички проектни активности во периодот 2023-2025 година. Целта на Меморандумот е да се создаде правна рамка за идната соработка во клучни области. Соработката меѓу Јавното обвинителство и … Повеќе
Со Меморандум за соработка меѓу Министерството за финансии и Јавното обвинителство се зајакнува меѓуинституционалната соработка со цел сузбивање неправилности, измами, корупција и други незаконски активности насочени против финансиските интереси на ЕУ во РС Македонија. Меморандумот за соработка денеска го потпишаа Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески и министерот за финансии Фатмир Бесими. Иницијативата за Меморандумите … Повеќе
Високиот инспектор за правда на Република Албанија Артур Метани денеска беше во посета на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, каде се сретна со јавните обвинители во државното обвинителство Џељаљ Бајрами и Соња Симовска. На средбата, на која присуствуваше и амбасадорот на Република Албанија во земјава Фатос Река, се разговараше за организацијата на јавнообвинителските структури … Повеќе
Македонска верзија – ЈО Регионален Меморандум за соработка односи со јавноста (МАК) Англиска верзија – PPO Regional Memorandum for cooperation public relations (ENG)