Кумановец осомничен за тешко семејно насилство

Кумановец осомничен за тешко семејно насилство

Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против 59-годишен кумановец, осомничен дека при вршење семејно насилство тешко ја повредил сопругата. На 20 март во семејната куќа сопружниците имале вербална расправија, а осомничениот физички ја нападнал жената, удирајќи ја со тупаници и клоци по целото тело, при што и предизвикал сериски фрактури на три ребра. Тој е … Повеќе

Истрага за убиство на свиреп начин во кумановско, се испитува поврзаност и со други случаи

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека извршило кривично дело – Убиство според член 123 став 2 точка 1 од Кривичниот законик. На точно неутврден датум во периодот од 27.01 до 12.02.2026 година, осомничениот 25-годишник во селото Челопек, општина Старо … Повеќе

Насилство во Куманово, осомничени две лица

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека заеднички извршиле кривично дело – Насилство од член 386 став 6 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик. На 18 јануари, по 1 часот по полноќ, осомничените агресивно и насилнички се обиделе … Повеќе

Истрага за полов напад и уцена на девојче во липковско

Основното јавно обвинителство Куманово ќе поведе истражна постапка и ќе предложи мерка притвор за 2 лица за кривично дело – Полов напад и силување од член 186 став 2 во врска со став 1, а едниот од нив е осомничен и за кривично дело – Уцена согласно став 259 од Кривичниот законик. Првоосомничениот, спротивно на … Повеќе

Обид за убиство во Куманово, поведена истрага

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради обид да изврши кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 4 во врска со член 19 од Кривичниот законик. На 4 декември, во хотел во Куманово, осомничениот 84-годишник, од ниски побуди, со умисла се обидел да лиши од … Повеќе

Околу 130 килограми марихуана откриени на Табановце, поведена истрага

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против српски државјанин осомничен за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. На 29 октомври, на граничниот премин Табановце, во камион со полуприколка (ладилник) со словенечки регистарски ознаки, тој … Повеќе

Двајца осомничени за разбојништво во Куманово

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение за кривично дело – Разбојништво од член 237 став 1 од Кривичниот законик. На 10 јуни, двајцата соизвршители одзеле пари од човек кој забележале дека разменува девизи. Го следеле и кога наближил кон неговата … Повеќе

Еден осомничен за измама со фиктивна продажба на станови

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно физичко и едно правно лице за кои постои сомнение за сторено продолжено кривично дело – Измама од член 247 од Кривичниот законик. Пријавениот сопственик на правното лице, со цел да прибави противправна имотна корист за себе и за својата фирма, лажно прикажувал факти … Повеќе

Двајца браќа осомничени за убиство од користољубие во кривопаланечко Луке

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против двајца браќа од кривопаланечкото село Луке за кои постои основано сомнение дека како соизвршители го сториле кривичното дело – Убиство од член 123 став 2 точка 4 од Кривичниот законик. Осомничените, на возраст од 20 и 25 години, од користољубие лишиле од живот нивен … Повеќе

Увид на експресниот пат кај Крива Паланка по две сообраќајни несреќи

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово изврши увид на лице место на експресниот пат во близина на Крива Паланка, каде вчера едно по друго се случија две сообраќајни несреќи. Имено, најпрво автомобил “фолксваген голф” излетал од патот и се превртел, при што животот го загубил еден од сопатниците во автомобилот. Неговиот син и … Повеќе

Обид за убиство во Крива Паланка, еден осомничен

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик. Осомничениот 25-годишник, во семејниот дом во Крива Паланка, се обидел со умисла да … Повеќе

Идентификувано лицето кое подметнало четири пожари во Куманово, поведена истрага

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 35-годишник поради продолжено извршување на – Тешки дела против општата сигурност предвидено според член 292 став 1 во врска со член 288 став 1 од Кривичниот законик. Постои основано сомнение дека осомничениот на 2 декември, во раните утрински часови, со умисла извршил повеќе поврзани … Повеќе

Истрага за примање поткуп од градежна инспекторка во Куманово

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 60-годишна осомничена, за која постои основано сомнение дека во својство на службено лице – градежен инспектор сторила кривичнo делo – Примање поткуп од член 357 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави … Повеќе

Осомничен за разбојништво во Куманово не почитувал мерки на претпазливост, побаран притвор

Основното јавно обвинителство Куманово води постапка против едно лице за кривично дело – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик. По предлог на јавниот обвинител, Основниот суд во Куманово со решение од 30 јули определи мерки на претпазливост против осомничениот 31-годишник. Мерките вклучуваат привремено одземање на патна и … Повеќе

Кумановец осомничен за обид за убиство, предложени мерки на претпазливост

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 32-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Убиство според член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик. На 8 август, во дворното место на сопствената куќа, осомничениот се обидел да лиши од живот друго … Повеќе

Истрага за двојното убиство во Кратово

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 36 – годишна жителка на Кратово, осомничена дека сторила кривичнo делo – Убиство од член 123 став 3 во врска со став 2 точка 2 од Кривичниот законик. При вршење семејно насилство на 13 јуни, осомничената со умисла ги лишила од живот сопругот и … Повеќе

Уапсен дилер од Куманово, нападнал и полициски службеник

Основното јавно обвинителство Куманово поведе истрага против 19-годишник осомничен за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги и психотропни супстанции од член 215 став 1, но и Напад на службено лице при вршење работи на безбедноста согласно член 383 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. На 25 … Повеќе

Петмина осомничени за фалсификување пари во Куманово

Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против пет лица, од кои две се осомничени дека сториле продолжено кривично дело –  Фалсификување пари од член 268 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик, додека останатите со умисла им помогнале да го извршат делото. Осомничените, четворица жители на Скопје и една жителка на Крива … Повеќе