Истрага против тројца турски државјани за изнуда во Скопје

Истрага против тројца турски државјани за изнуда во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против тројца турски државјани за кои постојат сомненија дека сториле кривично дело – Изнуда од член 258 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Тројцата осомничени во група, со сериозна закана по живот, присилиле еден оштетен, исто така државјанин на Република Турција, … Повеќе

Работилница за зајакнување на соработката помеѓу Државниот завод за ревизија и Јавното обвинителство

Партнерството помеѓу ревизорските и обвинителските органи претставува клучен механизам за заштита на јавниот интерес, борба против корупцијата и обезбедување отчетност и интегритет во користењето на јавните средства, истакнаа Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски и Главниот државен ревизор Максим Ацевски, на отворањето на работилницата за дополнително зајакнување на соработката меѓу двете институции, организирана … Повеќе

Постапки против дилери на марихуана во Велес и Скопје

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Двајцата осомничени соизвршители, во периодот од март до септември годинава, во атарот на велешкото село Карабуниште неовластено произведувале … Повеќе

Романец осомничен за тешка кражба во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против романски државјанин, осомничен дека во Скопје извршил кривично дело – Тешка кражба според член 236 став 1 точка 3 од Кривичниот законик. Осомничениот 41-годишник делото го извршил на 21 март, во Ѓорче Петров, кога на дрзок начин и со сила одзел златен ланец со крст од еден оштетен, … Повеќе

Маж осомничен за изнуда на пари од жена, поведена истрага

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека во последните 2 месеца вршело кривично дело – Изнуда од член 258 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, телефонски и преку пораки на различни апликации упорно контактирал жена во странство, и упатувал сериозни … Повеќе

Предложен притвор за осомничен за производство на марихуана во Страчинци

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Во домот на осомничениот 50-годишник во селото Страчинци, полицијата пронашла 3 откорнати растенија и 99 пресечени, превиткани … Повеќе

Скопјанец осомничен за телесна повреда на сопствената мајка

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 40-годишен скопјанец за кого постои основано сомневање дека сторил кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Настанот се случил во дворот на семејниот дом на улицата „Славејко Арсов“, на 21 септември, кога осомничениот најпрво на висок тон … Повеќе

Три лица под сомненија за изнуда на пари од скопјанец

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против тројца осомничени за кривично дело – Изнуда од член 258 од Кривичниот законик. Во периодот од 16 до 18 септември, првоосомничениот, со намера за себе да прибави противправна имотна корист, употребил сериозна закана и присилил еден оштетен да му исплати 60.000 денари. Осомничениот му … Повеќе

Четири лица осомничени за тешка кражба и сквернавење гробови

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против четири лица кои се осомничени дека во соизвршителство сториле кривични дела – Тешка кражба од член 236 став 1 точка , како и – Сквернавење гроб согласно член 400 став 1 од Кривичниот законик. Осомничените, на 17 септември, влегле на градските гробишта во Бутел, дошле … Повеќе

Осомничен за производство на марихуана во Ајватовци, ОЈО Скопје поведе истрага

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека вршел кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори по член 215 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 47-годишник, во дворот на куќата во селото Ајватовци, под фолија насадил … Повеќе

Истрага против четири лица и фирма за загрозување на животната средина со отпад во Трубарево

Основното јавно обвинителство Скопје, по анализа на сите докази прибрани во предистрагата до овој момент, денеска донесе Наредба за спроведување истражна постапка против четири физички и едно правно лице за кривично дело – Загрозување на животната средина и природата со отпад од член 230 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Обвинителството … Повеќе

Извршен увид по пожарот во Трубарево

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје и увидни екипи на МВР денеска извршија увид на лице место по настанатиот пожар во Трубарево. Увидните дејствија се преземаа како во однос на настанувањето на пожарот, така и во однос на складирањето на отпадот на предметната локација. Беше извршено фотографирање и дронско снимање на локацијата. Со оглед … Повеќе

Соопштение

Увидот на лице место во однос на причините за пожарот во Трубарево треба да започне утре. Увидните екипи на терен ќе ги координира јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје. По наредба на јавниот обвинител екипи на СВР Скопје и денеска излегоа на лице место со цел преземање дејствија и прибирање определени докази потребни во … Повеќе

Двајца осомничени за тешка телесна повреда со смртни последици

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Тешка телесна повреда од член 131 став 4 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик. На 10 септември, во вечерните часови, во паркот “Жена-борец” во … Повеќе

Побаран краткотраен притвор за 4 лица во врска со пожарот во Трубарево

Поради основано сомнение дека со заеднички дејствија учествувале во извршување на кривично дело – Загрозување на животната средина и природата со отпад од член 230 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 4 лица за кои од судија на претходна постапка вечерва ќе побара определување … Повеќе

Поведена постапка против едно лице за сообраќајна несреќа во Марино

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 36-годишник од Гевгелија осомничен за -Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 3 во врска со член 297 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, околу 1 часот по полноќ денеска, во селото Марино, управувал автомобил „Хјундаи … Повеќе

ОЈО Скопје презема дејствија во врска со пожарот во Трубарево

Во врска со пожарот во магацински објекти во селото Трубарево, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје веќе презема дејствија за утврдување важни факти и обезбедување докази за понатамошна постапка. Јавниот обвинител вчера упати барање за поддршка до Началникот на Генералштабот на АРМ за вклучување на Единицата за атомска, биолошка и хемиска одбрана на Армијата … Повеќе

Поднесено обвинение за депониите во Вардариште, ОЈО Скопје постапува и во други предмети за загaдување со отпад

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје ја заврши истражната постапка и денеска поднесе Обвинителен акт против три лица за кривично дело – Загрозување на животната средина и природата со отпад од член 230 став 1 од Кривичниот законик. Тројцата обвинети, на ул.„Зендел Џемаил“ во Скопје, од 2020 година до 02.09.2025 година вршеле дејност – … Повеќе

Пронајдена дрога во домот на скопјанец, овозможувал и на друго лице да користи кокаин

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 42-годишен скопјанец за кривични дела – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 и Овозможување употреба на наркотични дроги од член 216 од Кривичниот законик. Во станот во кој престојувал осомничениот на улицата “Матеја Матевски” во … Повеќе

Малолетник осомничен дека се обидел да го убие сопствениот татко

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до надлежен судија за деца поднесе Барање за поведување подготвителна постапка спрема 17-годишно дете во судир со законот, за кое постои основано сомнение дека извршило дејствие што со закон е определено како  кривично дело – Убиство по член 123 став 2 точка 2 во врска со член 19 … Повеќе