Извршен претрес во неколку стана во Скопје

Извршен претрес во неколку стана во Скопје

По барање на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска е извршен претрес во повеќе објекти. Претресот е во рамки на истражните дејствија во предметот во јавноста познат како „Плацеви на Водно“. Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција продолжува во континуитет да презема дејствија во насока на … Повеќе

Отворен предмет по допрен глас за сообраќајниот софтвер 

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска отвори предмет по допрен глас во врска со набавката на софтверот за „определување на просечна брзина на возилата во сообраќајот и изрекување казни“. Следејќи ги повеќедневните написи во медиумите за набавката на  софтверот од страна на Генералниот секретаријат на Владата, обвинителството отвори предистражна постапка, … Повеќе

Соопштение

Денеска во утринските часови, врз основа на сознанијата на Агенцијата за национална безбедност дека Јордан Камчев се подготвува за бегство, Министерството за внатрешни работи го лиши од слобода. Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во рамките на своите надлежности до Основниот кривичен суд – Скопје достави Предлог за определување на мерка … Повеќе

Обвинение за тројца терористи од Куманово

По спроведената истражна постапка, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонењена организиран криминал и корупција, денеска до Основниот кривичен суд – Скопје достави Обвинителен акт против три лица од Куманово. На обвинетиот Б.А (28), му се става на товар дека сторил кривично дело – Терористичка организација од член 394-а став 1 и кривично … Повеќе

Соопштение

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција соопштува дека обвинетиот Сашо Мијалков во попладневните часови се јави во обвинителството и притоа му е врачено Решение за определена мерка куќен притвор. Пред два дена како резултат на оперативни сознанија кои укажуваа на можност од бегство, на предлог на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Основниот кривичен суд … Повеќе

СООПШТЕНИЕ

Во врска со издржувањето на мерката куќен притвор на обвинетиот Сашо Мијалков, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја информира јавноста дека во моментот на завршување на главната расправа за предметот Таргет-Тврдина, обвинителите кои постапуваа во предметот немале никакви индиции дека обвинетиот подготвува бегство. Но и покрај тоа, по завршување на … Повеќе

Наредба за истрага за четири одговорни лица во Еуростандард банка АД Скопје

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување истражна постапка против четири лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело Предизвикување стечај на банка по член 181 ст.1 од Законот за банки и продолжено кривично дело – Перење пари и други приноси од … Повеќе

Обвинение за учесник во странска војска баран со потерница

По спроведената истражна постапка надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд достави Обвинителен акт против дваесет и четиригодишниот И.Т. од Скопје, за сторено кривично дело – Учество во странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации од член 322-а ст.3 од Кривичниот законик. Обвинетиот е дел … Повеќе

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција е незадоволно од условната казна ќе поднесе жалба

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција незадоволно од пресудата со која на обвинетиот Зоран Ѓорѓевски му е изречена условна осуда по добивањето на писмената пресуда ќе поднесе жалба. На рочиштето одржано на 20.01.2020 година во Основниот кривичен суд Скопје, по признание на вина обвинетиот Зоран Ѓорѓевски е огласен за виновен и му е изречена алтернативна … Повеќе

Обвинение за единаесет членови на група за криумчарење мигранти

По спроведена истражна постапка, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд – Скопје, достави Обвинителен акт против 11 лица. На лицата им се става на товар дека во периодот од декември 2019 година до октомври 2020 година во повеќе наврати како организатори или членови … Повеќе

Обвинителен акт за шестмина организатори и припадници на група за криумчарење мигранти

По спроведена истражна постапка, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд –Скопје поднесе Обвинителен акт против шест лица. Со дејствијата опишани во Обвинителниот акт обвинетите се товарат дека како организатори и членови на група сториле кривично дело – Организирање на група и поттикнување на … Повеќе

Поднесен Обвинителен акт против седум лица за злоупотреба на службена положба и овластување

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд – Скопје, поднесе Oбвинителен акт против седум лица за сторено кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување. По спроведената истражна постапка, предметниот обвинител утврди дека во временскиот период од август 2011 година до декември 2012 година, обвинетите З.Т. како … Повеќе

Поднесен Обвинителен акт против осум „трговци“ со културно наследство

По повеќемесечна истражна постапка, надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска до Основниот кривичен суд – Скопје поднесе Обвинителен акт против осум лица. Лицата се обвинети дека во текот на 2017 и 2018 година поединечно или заедно, за остварување на точно определени цели, без дозвола од надлежни органи, … Повеќе

Приведени осум лица за сторено кривично дело „Tерористичка организација“

По повеќемесечна предистражна постапка под раководство на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во текот на вчерашниот ден Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам, Одделот за специјални полициски операции и Агенцијата за национална безбедност реализираа … Повеќе

Обвинителен акт против девет лица за перење на над девет милиони евра

По сеопфатна истражна постапка, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд –Скопје достави Обвинителен акт против девет лица. На обвинетите К.С., Т.Г. и Р.Д им се става на товар дека сториле продолжено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.4 вв со ст.3 в.в ст.1, … Повеќе

Обвинение за татко и син – дилери на кокаин

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во текот на вчерашниот ден до Основниот кривичен суд – Скопје поднесе Обвинителен акт против двајца жители на населба Ченто. Обвинетите, татко (49) и син (22), се товарат дека сториле кривично дело – „ Неовластено производство и пуштање во промет на наркотична  дрога, психотропни супстанции … Повеќе

Истрага за едно лице за сторено кривично дело криумчарење мигранти

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против дваесет и четиригодишен жител на Арачиново. Лицето е осомничено дека како соизвршител сторило кривично дело Криумчарење мигранти, предвидено и казниво по член 418-б став 4 во врска со став 2 од Кривичниот законик. … Повеќе

Пет лица под истрага за спроведените јавни набавки во Државната изборна комисија

По спроведена севкупна предистражна постапка, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување, при вршење на јавни набавки, од чл.353 ст.5 во врска со ст.1 од Кривичниот законик, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување истражна постапка … Повеќе

Наредба за истрага против четири лица

Постапувајќи по поднесената кривична пријава од Управата за финансиска полиција, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против четири лица. Три лица како соизвршители се осомничени дека сториле кривично дело Измама на штета на средства на европската заедница од член 249-а … Повеќе

Наредена истрага за Перење пари и други приноси од казниво дело

По повеќемесечна предистражна постапка, надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во текот на вчерашниот ден донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против шест лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Перење пари и други приноси од казниво дело од чл.273 од Кривичниот законик … Повеќе