Основното јавно обвинителство – Велес спроведува истрага против 11 лица за фалсификување пари

Основното јавно обвинителство – Велес спроведува истрага против 11 лица за фалсификување пари

Постапувајќи по кривичната пријава поднесена од страна на Министерството за внатрешни работи, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Велес донесе Наредба за спроведување на истрага против 11 лица. На седуммина од осомничените им се става на товар дека сториле кривично дело Фалсификување пари од чл.268, а четворица се товарат за кривично дело Злоупотреба … Повеќе

Основното јавно обвинителство Гостивар ги истражува причините за смртта на пронајденото лице

По добиена информација за пронајдено тело во распаѓање  над с. Бигор Доленци, кичевско, надлежен јавен обвинител и екипи од Министерството за внатрешни работи вчера попладне започнаа со увид на лице место. Починатиот е пронајден во непристапен терен кој оневозможуваше транспорт на телото во текот на ноќта. По обезбедување на телото, утринава со помош на хеликоптер … Повеќе

По барање на Основното јавно обвинителство Скопје судот ја замени мерката притвор за обвинет во случајот со обид за убиство на Зијадин Села

Основното јавно обвинителство Скопје денеска до Основниот суд Скопје 1 Скопје достави предлог за замена на мерката притвор со поблага мерка куќен притвор за обвинетиот А.Ј.-Т. Надлежниот обвинител по вторпат пред судот укажува дека со оглед на здравствената состојба кај обвинетиот и поодминатата фаза на постапката и со поблага мерка ќе се постигнат целите и … Повеќе

Вработена во Основното јавно обвинителство Гевгелија под сомнение за „оддавање службена тајна“

Основното јавно обвинителство Гевгелија иницираше постапка против едно лице, вработено во Казнено-правното одделение на ова обвинителство како помлад јавнообвинителски соработник за казнено право. Јавниот обвинител на Основното јавно обвинителство Гевгелија располагала со основи на сомневање дека пријавената сторила кривично дело „Оддавање службена тајна“ од член 360 ст.1 во врска со член 45 од Кривичниот законик. … Повеќе

Измена во Обвинителниот акт за обидот за убиство на пратеникот Зијадин Села

Надлежниот обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, имајќи ги предвид изведените докази на главната расправа, а посебно предложениот нов видео доказ во дополнувањето на доказната постапка, оцени дека состојбата изнесена во писмено поднесениот Обвинителен акт е изменета. Од тие причини, за обвинетиот С.С., јавниот обвинител на денешното рочиште во целост се откажа од Обвинителниот акт … Повеќе

Основното јавно обвинителство Тетово врши увид на местото каде утринава беше застрелано лице во полициска акција

По сознанија за местото каде престојувало осудено лице кое е сторител на повеќе тешки кривични дела, денеска во раните утрински часови Министерството за внатрешни работи спроведе полициска акција за лишување од слобода на осуденото лице и негово спроведување во установа  за да ја издржува определената казна затвор . Лицето е осудено заради сторување на повеќе … Повеќе

Основното обвинителство во Битола гони дилер на дрога

Основното јавно обвинителство Битола издаде наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори,  од чл. 215 ст.1 од КЗ. Осомничениот во неговиот дом  во с. Трново, неовластено заради продажба држел 8 пластични паковки од лек „Омепразол”, како и вкупно … Повеќе

Поднесен обвинителен акт против седум лица во предметот за најголемата лабораторија за производство на синтетички дроги во Југоисточна Европа

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот суд Скопје 1 Скопје, поднесе обвинителен акт против двајца државјани на Република Србија и петмина македонски државјани. На лицата им се става на товар дека сториле кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори од чл.215 ст.3 … Повеќе

Отфрлени кривични пријави поднесени од Светски Македонски Конгрес

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Решение за отфрлање на кривичната пријава поднесена од организацијата Светски Македонски Конгрес против две лица за сторени повеќе кривични дела – Повреда на угледот на Република Македонија од член 178 од Кривичниот законик, Излагање на подбив на македонскиот народ и припадници на заедниците од чл.179, Велепредавство … Повеќе

Поднесено обвинение против повеќе лица за учество во вооружениот инцидент во Мала Речица

Основното јавно обвинителство Тетово поднесе обвинение против вкупно 13 лица за учество во вооружениот инцидент во Мала Речица на 05.04.2018 година, во кој едно лице го загуби животот, а неколкумина беа повредени. Против четири лица е поднесен Обвинителен акт со предлог за продолжување на мерката притвор, со кој  едно лице се товари за кривично дело Убиство … Повеќе

Основното јавно обвинителство Гостивар гони едно лице за полов напад врз дете

Во тек на вчерашниот ден во Кичево, лице на возраст од 67 години извршило полов напад врз дете на возраст под 14 години. Нападот се случил во попладневните часови во дел од градот каде има помало движење на луѓе. Настанот го забележал случаен минувач кој веднаш пријавил во Министерството за внатрешни работи. За кратко потоа, … Повеќе

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција гони шест лица за Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против шест лица. Петмина од осомничените се товарат дека сториле кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ од чл.215 ст.3 в.в. ст.1 од Кривичниот законик, а едно … Повеќе

Поднесен обвинителен предлог за несовесно работење во службата на поранешен градоначалник

Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе Обвинителен прeдлог против едно лице за Несовесно работење во службата од член 353-в ст.2 во врска со ст.1 од Кривичниот законик. Обвинетиот се товари дека во својство на службено лице-градоначалник на единица на локална самоуправа при Општина Прилеп несовесно постапувал во вршењето на своите овластувања и должности. Според обвинителниот предлог, … Повеќе

Основното јавно обвинителство Скопје ги отфрли кривичните пријави поднесени од страна на судија во Основен суд Скопје 1 – Скопје

Постапувајќи по поднесени три кривични пријави против десет службени лица, надлежен обвинител оцени дека во дејствијата на пријавените нема битни елементи на кривични дела наведени во пријавите, ниту на други дела што се гонат по службена должност и со Решение ги отфрли пријавите. Подносителот на пријавите судија од Основниот суд Скопје 1 – Скопје во … Повеќе

Поднесено обвинение против 12 лица за Несовесно работење во службата во случајот со лекувањето на Тамара Димовска

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот суд Скопје 1 Скопје поднесе Обвинителен предлог против 12 лица за сторено кривично дело – Несовесно работење во службата од член 353-в став 2, во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Обвинителството постапуваше по предметот оформен по допрен глас, кон кого подоцна беше припоена и кривичната пријава поднесена од Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија и законскиот застапник на оштетеното дете, сега починатата Тамара Димовска од Велес.

Повеќе

Наредба за спроведување на истражна постапка за уште две лица за случајот со штитеничката од домот

Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка за уште две лица македонски државјани инволвирани во предметот со случајот на штитеничката од ЈУ Завод за згрижување на деца со воспитно – социјални проблеми и нарушено поведение – Скопје. На лицата им се … Повеќе

Работни средби во обвинителствата во Охрид и Струга

Јавниот обвинител на Република Македонија Љубомир Јовески оствари одделни средби со јавните обвинители од Основното јавно обвинителство Охрид и од Основното јавно обвинителство Струга. Тема на двете работни средби беа тековните прашања и проблемите со кои се соочуваат јавните обвинители од овие обвинителства во текот на работењето. На средбата со јавните обвинители од Основното јавно … Повеќе

Притвор за албански државјанин кој пренесувал дрога

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против албански државјанин на 37 годишна возраст затоа што постои основано сомнение дека на ден 02.05.2018 година неовластено заради продажба пренесувал наркотична дрога – марихуана во количина од над 130 килограми. Осомничениот со товарно моторно возило марка Волво со албански регистарски ознаки и со полуприколка … Повеќе

Притвор за осомничена за неовластено производство и пуштање во промет наркотична дрога – хероин

Основното јавно обвинителство Куманово, постапувајќи по кривична пријава поднесена од Царинската управа на Република Македонија, започна постапка против едно лице осомничено дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори од чл.215 став 1 од Кривичниот законик. Осомничената 33-годишна жителка на Тетово се товари дека на 30.04.2018 … Повеќе

Работни средби во обвинителствата во Велес и Гевгелија

Јавниот обвинител на Република Македонија, Љубомир Јовески, вчера оствари одделни средби со јавните обвинители од Основното јавно обвинителство Велес и од Основното јавно обвинителство Гевгелија. Тема на работните средби беа тековните прашања и проблемите со кои се соочуваат во текот на работењето јавните обвинители од овие обвинителства. Стана збор за подобрување на ефикасноста во постапувањето … Повеќе