Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Велес по вчерашното разбојништво во Велес во насока на утврдување на околностите на стореното кривично дело, донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против двајца скопјани и еден велешанец кој е недостапен на органите на прогонот. Сите три лица се осомничени дека сториле кривично дело Разбојништво од чл.237 од Кривичниот законик, а на првоосомничениот му се става на товар и кривично дело – Недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и распрскувачки материи од чл.396 ст.1 од Кривичниот законик.
Основното јавно обвинителство – Битола нареди истрага за убиството во село Маково
Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство – Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, осомничено за кривично дело – Убиство од чл.123 ст.1 од Кривичниот законик. Осомничениот се товари дека пред селската продавница – кооперација во с. Маково, општина Новаци, по вербална расправија, лишил од живот едно лице од истото село, на … Повеќе