Прилепското обвинителство ја расчистува сообраќајната незгода во која животот го загуби едно лице

Прилепското обвинителство ја расчистува сообраќајната незгода во која животот го загуби едно лице

Сообраќајната незгода се случи во Прилеп меѓу товарно возило со скопски регистарски таблици  и патничко моторно возило со битолски регистарски таблици. При тоа на лице место настрадал возачот на патничкото моторно возило, четириесет и седум годишен битолчанец. Веднаш по сообраќајната незгода извршен е увид на лице место од страна на надлежен јавен обвинител од Основното … Повеќе

Основното јавно обвинителство Кочани поведе постапка против лицето кое рани двајца во с. Лукавица

Осомничениот во тек на вчерашниот ден со намера да лиши од живот три лица се упатил кон нивните домови, при што извршил Обид за убиство и притоа ранил две лица. Мотив за стореното на осомничениот му бил неговиот сомнеж за наводното неверство на сопругата. Тој се упатил во домот на прво ранетиот, каде со ловечка … Повеќе

Основното јавно обвинителство Кочани поведе постапка против едно лице за Производство и дистрибуција на детска порнографија

Осомничениот во периодот од јули 2014 година досега во неколку наврати произведувал видео запис на сопствениот мобилен телефон кој го имал поставено во женската соблекувална на фискултурната сала и во соблекувалната на градскиот базен во Делчево.  Снимениот материјал како и направените фотографии осомниченот ги чувал со цел нивна дистрибуција како детска порнографија. Мобилниот телефон бил … Повеќе

Македонското и косовското обвинителство ќе соработуваат во борбата против организираниот криминал и против тероризмот

Јавното обвинителство на Република Македонија и Канцеларијата на Државниот обвинител на Република Косово денеска во Приштина потпишаа Меморандум за разбирање, со кој договорија тесна соработка во борбата против организираниот криминал и поврзаните кривични дела, вклучувајќи го и перењето пари и борбата против тероризмот. Меморандумот е прв документ од ваков вид договорен со Република Косово, а … Повеќе

Извештајот за падот на Кингерот е доставен до Јавното обвинителство

Меѓународниот стручен тим денеска го достави Извештајот за авионската несреќа во која по падот на владиниот Кингер животот го загуби претседателот на Република Македонија и осум членови на екипажот. Јавното обвинителство на Република Македонија го достави Извештајот до надлежното обвинителство на натамошно разгледување и анализа, по што ќе излезе со информации за евентуално натамошно постапување.

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе Обвинителен предлог против две лица вработени во МВР, бидејќи не му го одзеле пиштолот на трикратниот убиец од Кавадарци

Постапувајќи по кривична пријава поднесена од  Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди при МВР, Основното јавно обвинителство Кавадарци поведе постапка и  поднесе Обвинителен предлог  против две лица за сторени  кривични  дела – Несовесно работење во службата и непостапување по Законот за оружје. Имено обвинетите , како службени лица вработени во МВР НК КР Кавадарци … Повеќе

Кумановското Основно јавно обвинителство навремено ги превзеде сите потребни дејствија за утврдување на причините за смртта на двегодишното дете од Куманово

По објавување на натписи во дел од весниците и порталите, а со цел информирање на јавноста во врска со постапувањето на јавното обвинителство во случајот на починатото двегодишно дете од Куманово, Јавното обвинителство на Република Македонија ја известува јавноста дека навремено се преземени сите мерки за утврдување на причините за смртта на детето. Имено, во … Повеќе

Oсновното јавно обвинителство Скопје нареди дополнително вештачење на доставените податоци од поднесокот за фалсификување пасоши

Основното јавно обвинителство Скопје констатираше дека е потребно да се изврши дополнување на вештачењето заради давање на одредени појаснувања и да се извршат дополнителни проверки на доставените податоци од анонимниот поднесок, според кој постоела индиција дека непознати сторители сториле кривично дело Фалсификување исправа. Постапувајќи по анонимниот поднесок од 27.11.2014 година, доставен до Јавното обвинителство на … Повеќе

Основното јавно обвинителство Тетово нареди спроведување истрага за обид за убиство

Основното јавно обвинителство – Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради основано сомнение за сторено кривично дело – Убиство. Осомничениот со удар со кујнски нож се обидел да го лиши од живот оштетениот, нанесувајќи му убодна рана во пределот на десната страна на вратот. Оштетениот со левата рака успеал да го … Повеќе

Основното јавно обвинителство – Тетово поведе истражна постапка против полициски службеник

Основното јавно обвинителство – Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка  против  едно лице – полициски службеник, поради основано сомнение дека извршил кривични дела –  Злоупотреба на  службена положба и Разбојништво. Осомничениот, полицаец во СВР – ПС за БПС Тетово, облечен во сина полициска униформа и полициски фосфорен елек, на автопатот Скопје-Тетово го запрел возилото … Повеќе

Гласовите за првите две местa нa Скoпскиот фестивaл се вoлјa нa грaѓaните

Врз oснoвa нa дoсегa спрoведените истрaжни дејствијa вo врскa сo нерегулaрнoстите при глaсaњетo нa Скoпскиoт фестивaл, Oснoвнoтo јaвнo oбвинителствo зa гoнење нa oргaнизирaн криминaл и кoрупцијa јa инфoрмирa јaвнoстa декa првите две местa се сo регулaрни глaсoви. Именo, дoсегaшнoтo вештaчење нa глaсaњетo укaжувa нa тoa декa зa првите две местa нa гoдинешниoт Скoпски фестивaл, грaѓaните … Повеќе

СООПШТЕНИЕ

Јавното обвинителство на Република Македонија во коорганизација со ЕУ – TAIEX инструментот  организираат Меѓународна работилница на тема ” Новиот пристап во кривичната постапка и улогата на јавните обвинители” во деновите  11 и 12 декември 2014 година. Работилницата која ќе се одржи во Скопје,  ќе биде можност да се разменат искуствата на обвинителите од Јавните обвинителства … Повеќе

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истрага за сообраќајната незгода во која животот го загуби шеснаесет годишно момче

Во надлежното Основно јавно обвинителство Скопје пристигна кривичната пријава поднесена од МВР за сообраќајната незгода кај раскрсницата од улиците Митрополит Теодосиј Гологанов и 9 Мај кога беше прегазен малолетник. Надлежниот јавен обвинител донесе Наредба за спроведување на истрага против едно лице за сторено кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во … Повеќе

Основното јавно обвинителство – Струга ги истражува причините за смртта на осуденикот од КПУ Струга

Денес околу 11.40 часот надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Струга излезе на увид на лице место во Казнено поправната установа – Струга каде што е пронајдено безживотно тело на осуденик. Станува збор за осуденик, роден 1978 година, кој издржувал казна затвор за кривично дело – Загрозување на сигурноста. Телото на починатиот со … Повеќе

Основното јавно обвинителство Штип презема активности за расветлување на тројното убиство во Злетово

Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип врши увид на лице место со цел утврдување на фактите, прибирање на докази заради расветлување на тројното убиство во Злетово.  Според првичните сознанија, сторителот на кривичните дела утринава околу 6.30 минути се упатил во семејниот дом на сега починатото лице М.Д  роден 1963 година, каде со огнено … Повеќе

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против 16 лица

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против 16 лица, меѓу кои за пет државни службеници вработени во Општина Охрид и пет управители на трговски друштва. Осомничените се товарат дека во периодот од 2006 – 2013 година при вршење на јавни набавки за потребите на … Повеќе

Во Основното јавно обвинителство – Скопје се води постапка против едно лице за сторени кривични дела – Уцена и Злоупотреба на лични податоци

Од страна на МВР СВР Скопје пријавено е едно лице, кое со намера за себе да прибави имотна корист, ја уценувал поранешната девојка со можно објавување на нејзини разголени фотографии на една од социјалните мрежи. Снимките направени додека тие биле во секслуална врска, осомничениот делумно ги објавил, по што и запретил на оштетената дека доколку … Повеќе

Основното јавно обвинителство – Куманово започна постапка против две лица осомничени за кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста

Осомничените сториле кривичнo делo – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста на ден 15.11.2014 година околу 12.30 часот, кога на ул.„11- ти Октомври“, ги нападнале службените лица – полицајци од УПС на СВР Куманово, при вршење работи на јавната безбедност. Полициските службеници биле нападнати по обид да ги легитимираат осомничените кои непосредно … Повеќе

Основното јавно обвинителство – Велес започна постапка против едно лице поради неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори

По поднесената кривична пријава од Царинската управа на Република Македонија, Основното јавно обвинителство во Велес на 15. 11. 2014 година, донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против едно лице за кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори. Осомничениот патувајќи во автобус кој сообраќа на редовна линија Истанбул … Повеќе