Јавниот обвинител на Република Македонија г. Марко Зврлевски денеска во Тирана оствари средба со Главниот обвинител на Албанија г. Адриатик Лала, на која стана збор за проширување на натамошната соработка, имајќи ги предвид предизвиците со кои се соочуваат обвинителствата во борбата против организираниот криминал и корупцијата.
Основното јавно обвинителство Скопје ја истражува сообраќајната несреќа во која загина деветнаесет годишно момче
Кривичната пријава за случената сообраќајната несреќа од 20 септември годинава, кога возач на патничко возило удри во сега починатото деветнаесет годишно момче Х.К. во Основното јавно обвинителство Скопје пристигна на 8 ноември. Надлежен јавен обвинител веднаш започна со дејствија во насока на прибирање на податоци и утврдување на фактите. Донесена е Наредба за спроведување на … Повеќе