Одржана работилница во рамки на Отворениот ден на јавното обвинителство

Одржана работилница во рамки на Отворениот ден на јавното обвинителство

Денеска во организација на Амбасадата на САД во Скопје и Амбасадата на САД во Загреб, со поддршка на едукатори од ОПДАТ Скопје и ОПДАТ Загреб,  се одржа виртуелна работилница за обучувачи на јавните обвинители, како прва  од серијата активности кои ќе следат во рамки на Отворениот ден на јавното обвинителство. При отворање на виртуелната работилница, … Повеќе

Јовески за ТВ Канал 5: Тврдам дека новиот Закон за ЈО обезбедува услови за професионално и неселективно обвинителство

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески во интервју за телевизијата Канал 5 изјави дека и покрај згаснувањето на СЈО , предметите на ова обвинителство ќе добијат завршница. Јовески вели дека обвинителите кои постапуваат по предметите од СЈО ги преземаат неопходните дејствија. Михаела Димовска разговара со државниот јавен обвинител, Јовески.    

Јовески за МИА: Обвинителството е подготвено за примена на одредбите од новиот Закон, предметите на СЈО ќе добијат завршница

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески во интервју за МИА уверува дека Јавното обвинителство е подготвено и со целосна посветеност и залагање ќе пристапи кон примената на одредбите од новиот Закон за јавно обвинителство што денеска стапи на сила. Законските решенија, како што посочува, содржат добра основа за современо јавно обвинителство, како надлежен орган за гонење … Повеќе

Предадена донацијата од Амбасада на САД за правосудството за справување со Ковид-19

Амбасадорката на САД Н.Е. Кејт Мари Брнз денеска во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија ја предаде донацијата од Соединетите Американски Држави, преку Бирото за меѓународна борба против наркотици и спроведување на законите (ИНЛ). Донацијата со вредност од 35.000 американски долари е наменета како поддршка за намалување на ширењето на КОВИД-19. „Ова е едно исклучително … Повеќе

​Предадена донацијата од Амбасада на САД за правосудството за справување со Ковид-19

Амбасадорката на САД Н.Е. Кејт Мари Брнз денеска во Јавнотто обвинителство на Република Северна Македонија ја предаде донацијата од Соединетите Американски Држави, преку Бирото за меѓународна борба против наркотици и спроведување на законите (ИНЛ). Донацијата со вредност од 35.000 американски долари е наменета како поддршка за намалување на ширењето на КОВИД-19.

Донација од Амбасада на САД за правосудството за справување со Ковид 19

MИА.mk 发布于 2020年6月29日周一

Формирана е привремена Комисија за следење на евентуални изборни нерегуларности

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија донесе Одлука за формирање привремена Комисија за следење на евентуални нерегуларности поврзани со извршување на кривични дела од Глава шеснаесет – Кривични дела против изборите и гласањето од Кривичниот законик и други кривични дела кои би биле сторени при организирањето и спроведувањето на изборите. Настаните поврзани со претстојните предвремени … Повеќе

IN MEMORIAM

По кратко боледување почина Драгољуб Цакиќ, јавен обвинител во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија. Драгољуб Цакиќ беше роден на 16.08.1950 година во с. Доња Лукошница, Лесковац. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје во 1975 година. Во ноември 1984 година е именуван за заменик на општинскиот јавен обвинител во Скопје, а во 1997 година е … Повеќе

IN MEMORIAM

Денеска во Скопје на 76-годишна возраст почина Славчо Станков, поранешен јавен обвинител во Јавното обвинителство на Република Македонија. Славчо Станков беше роден на 05.12.1943 во с.Видовиште, Кочани. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје во 1969 година. Тој целиот работен век го помина во Јавното обвинителство и се посвети на развојот на правната мисла и унапредувањето … Повеќе

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Јовески се сретна со рускиот амбасадор Баздникин

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески оствари средба со Сергеј Баздникин, амбасадор на Руската Федерација во земјава. На средбата беше истакната заложбата за продлабочување на соработката во областа на борба против тероризмот, корупцијата и меѓународниот организиран криминал. Јавниот обвинител Јовески ја презентираше структурата, условите за работа и предизвиците со кои се соочува Јавното … Повеќе

Кривично-правна одговорност за непочитување на полицискиот час

Со Одлука на 25 седница на Владата на Република Северна Македонија, одржана на 21 март, на подрачјето на целата држава се воведува забрана за движење на населението во временски период од 21:00 – 06:00 часот, а со цел спречување на ширење на заразната болест COVID-19 и заштита на населението. Забраната стапува на сила денеска. Од … Повеќе

ЗАДОЛЖИТЕЛНО УПАТСТВО

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, врз основа на член 20 и 25 од Законот за јавното обвинителство, на 14.3.2020 година,  донесе Задолжително упатство. Во продолжение го објавуваме интегралниот текст:   ЗАДОЛЖИТЕЛНО УПАТСТВО СЕ ЗАДОЛЖУВААТ јавните обвинители на Вишите  јавни обвинителства и јавните обвинители на Основните јавни обвинителства извршувањето на функцијата на Јавното обвинителство да ја … Повеќе

ЗАДОЛЖИТЕЛНО УПАТСТВО

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, врз основа на член 20 и 25 од Законот за јавното обвинителство на 13.03.2020 година  донесе Задолжително упатство за постапување на Основното јавно обвинителство Дебар, Основното јавно обвинителство Кичево и Основното јавно обвинителство  Гостивар за време на кризната состојба прогласена од Владата на Република Северна Македонија во општините Дебар … Повеќе

Јовески за МИА: Со Законот за ЈО се елиминираат политичките влијанија

Со новиот Закон за јавно обвинителство Основото јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција има поинаква поставеност во рамките на јавнообвинителската мрежа, како во делот на неговата финансиска самостојност, така и во делот на постапувањето во предметите. Така што јавниот обвинител на Република Северна Македонија не може да преземе предмети од негова надлежност … Повеќе

Интервју на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески за МИА

Со новиот Закон за јавно обвинителство Основото јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција има поинаква поставеност во рамките на јавнообвинителската мрежа, како во делот на неговата финансиска самостојност, така и во делот на постапувањето во предметите. Така што јавниот обвинител на Република Северна Македонија не може да преземе предмети од негова надлежност без согласност на јавниот обвинител кој раководи со ова јавно обвинителство, вели во интервју за МИА државниот јавен обвинител Љубомир Јовески.

ИНТЕГРАЛЕН ТЕКСТ ОД ИНТЕРВЈУТО

Средба со претседателот на Европравда

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески денеска оствари средба со претседателот на Европравда Ладислав Хамран. На средбата присуствуваа и јавни обвинители од ЈОРСМ , како и јавниот обвинител за врска на Република Северна Македонија во Европравда Ленче Ристоска. На средбата со Хамран, кој воедно е национален член на Република Словачка во Европравда, беше … Повеќе

Јавна расправа на тема: „Јавното обвинителство како ефикасен орган во борба против корупцијата“

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески се обрати на 107-та седница на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците на Собранието на Република Северна Македонија, во рамките на јавната расправа на тема: „Јавното обвинителство како ефикасен орган во борба против корупцијата“.

Работна средба со претставници на Државната комисија за спречување на корупцијата

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески денеска одржа работен состанок со делегација на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) предводена од претседателката Билјана Ивановска. На состанокот беа разменети заемните заложби за подобрување на меѓусебната соработка за прашања од заеднички интерес, особено во насока на поефикасна борба против корупцијата. Договорена е континуирана комуникација … Повеќе