Интервјуа

Интервју на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски за Радио Канал 77

За улогата на јавниот обвинител  неговите надлежности во кривичната постапка, но и за повеќе актуелни прдмети по кои постапуваат јавните обвинителства, Јавниот обвинител на Република Северна Македонија гостуваше на радио-интервју на националната радио мрежа Канал 77. Интервјуто во видео линкот подолу:

Toп Тема – Има ли обвинителството капацитет за борба со корупцијата?

Има ли обвинителството капацитет за борба против корупцијата? Кои се најновите моменти од истрагата за сообраќајната несреќа во која животот го загуби младата Фросина Кулакова? Кои се најтешките предмети на кои работи скопското обвинителство? На овие теми во ТОП ТЕМА на ТВ Телма гостуваше основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје Гаврил Бубевски. Целосното … Повеќе

#DAILYCLICK со Љупчо Коцевски, државен јавен обвинител

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски, во интервју за ТВ21 зборуваше за состојбите во јавното обвинителство и за повеќе актуелни предмети во надлежност на јавните обвинителства. Целосното интервју во видеото подолу:

Детектор: Колкава е довербата на граѓаните во судството и обвинителството?

Одреден раст на довербата во Јавното обвинителство и во судството покажа анкетата што за емисијата Детектор ја спроведе Институтот за политички истражувања (ИПИС). Резултатите на анкетата како и предивиците во работата на правосудниот сектор ги коментираа Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски и претседателот на Судскиот совет Александар Камбовски. Повеќе во видеото:

Ново издание на 360°: Шест предистраги за јавни набавки во ЕСМ – интервју со државниот обвинител Коцевски

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Битола работи на шест предистраги за јавни набавки во РЕК „Битола“ односно во „Електрани на Северна Македонија“, открива државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, кој гостуваше во новото издание на емисијата „360 степени“ на МРТ 1.  

Интервју на Јавниот обвинител на РСМ Коцевски за Радио Слободна Европа

„Во моментов Јавното обвинителство нема податоци каде се наоѓа осомничениот Артан Груби, меѓутоа во однос на бегството можам да кажам дека од страна на јавниот обвинител имаше до сите царински органи ставено СТОП мерка неколку дена пред неговото излегување од државата“, изјави Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски во интервју Радио Слободна Македонија.

Коцевски за МТВ: Мерки на претпазливост за едно лице, предистражните дејствија продолжуваат

Во рамките на предистражната постапка која ја води Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поради основи на сомневање за даночно затајување и даночна измама, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерки на претпазливост за едно лице – одземање на патна исправа и обврска да се … Повеќе

Интервју на државниот јавен обвинител Коцевски за „360 степени“ на МРТ1

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски гостуваше во новото издание на „360 степени“ на МРТ 1 и одговараше на прашањата за неколку актуелни случаи на кои работи Јавното обвинителството, за генералните состојби во и околу институцијата, како и за критиките за тоа дека е подложно на партиски и бизнис-влијанија и дека недоволно се … Повеќе

Интервју на Јавниот обвинител на РСМ Љупчо Коцевски за ТОП ТЕМА на ТВ Телма

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски, во своето прво телевизиско интервју по стапувањето на функцијата, зборуваше за состојбите во Јавното обвинителство, ефектите од измените на Кривичниот законик врз постапувањето по предметите, како и за конкретни предмети во надлежност на јавните обвинителства. Целосното интервју за емисијата ТОП ТЕМА на Телевизија Телма, во видеото подолу:

Скопското обвинителство има посебен тим кој ги анализира истрагите за досегашните пресметки на криминалните кланови – Бубевски во интервју за „КОД“

Основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје Гаврил Бубевски во интервју за емисјата „КОД“ ги појасни аспектите на истражувањето на престрелките меѓу криминалните групи во Скопје. Обвинителството има формирано посебен тим кој ги анализира истрагите и досегашните пресметки на скопските криминални кланови, истакна обвинителот Бубевски во интервјуто кое во целост е достапно на следниот … Повеќе

Интервју на Јавниот обвинител на РСМ Љубомир Јовески на „Топ тема“ – ТВ Телма

Борбата против организираниот криминал и корупцијата, довербата во правосудството и актуелните прашања за работата на Јавното обвинителство беа во фокусот на интервјуто на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубоир Јовески за емисијата „Топ тема“ на ТВ Телма.

Јовески за Фокус: Незаконско постапување нема да толерирам!

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески во интервју за неделникот „Фокус“ ги открива деталите за „обвинителската кавга“ околу претресот во Управата за финансиска полиција. Тој е дециден дека не ѝ се меша на обвинителката Русковска во предметите, туку дека се грижи за законското почитување на постапките, што е и негова законска надлежност. Останува на ставот дека … Повеќе

Лоцирана е кривична одговорност за пожарот во тетовската модуларна болница, Јовески за емисијата „25 минути“

Истрагата за пожарот во модуларната болница во Тетово е при крај. Јавните обвинители кои постапуваат во предметот лоцираа кривична одговорност за трагичниот настан и наскоро ќе биде поднесено обвинение, изјави Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески во интервју за емисијата „25 минути“ која се емитуваше на Телевизија 24. Јовески во интервјуто зборуваше и … Повеќе

Интервју на Јавниот обвинител на РСМ Љубомир Јовески за ТВ Алсат М

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески во интервју за информативната програма на телевизијата Алсат М зборуваше за состојбите во Јавното обвинителство и за повеќе актуелни предмети во надлежност на обвинителството. Целосното интервју во видеото подолу.

Интервју на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески за емисијата „КОД“

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески во интервју за емисијата „КОД“ одговараше на прашања поврзани со изборот на јавни обвинители во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, како и со повеќе актуелни предмети. Целосното интервју во видеото подолу.

Јовески за РСЕ: Пожарот во Тетово почнал при реанимација на пациент

Сегашните вештачења и докази со кои ние располагаме говорат дека пожарот во Тетовската модуларна болница е избиен во моментот кога се врши реанимација на еден од пациентите во оваа болница, вели државниот обвинител Љубомир Јовески во интервју за РСЕ. Целосното интервју во видеото подолу.

Интервју на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески за МИА

Свесен сум за перцепцијата во јавноста оти Обвинителството е под влијание на политиката и определени моќници, но цело време се залагам и уверен сум дека обвинителите сами ги носат своите одлуки без надворешни влијанија, изјави Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески во новогодишното интервју за државната агенција МИА. Во интервјуто, Јовески се осврнува … Повеќе

Интервју на државниот јавен обвинител Љубомир Јовески за „360 степени“

Како автобусот на „Беса транс“ ја минувал државната граница без лиценца, како бил регистиран, како била оранизирана самата компанијата – ова се само дел од работите кои во моментов ги истражува Јавното обвинителство на РСМ, вели јавниот обвинител на РСМ, Љубомир Јовески, во интервју за „360 степени“. Дел од овие постапки се вршат во контекст … Повеќе

Јовески за бугарската телевизија Нова: Сите верзии за причините за автобуската несреќа се истражуваат

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески во интервју за емисијата „На фокус“, на бугарската телевизија Нова, зборуваше за верзиите за причните за тешката сообраќајна несреќа на автопатот „Струма“ во Република Бугарија, како и за соработката со бугарското обвинителство во истрагата. Повеќе детали на следниот ЛИНК.

ДНК анализите од семејствата на загинатите во автобуската несреќа денеска ќе им бидат предадени на бугарските истражни органи, Јовески за „Бугарија он ер“

ДНК анализите на примероците земени од семејствата на загинатите во тешката автобуска несреќа во Бугарија, кои се вршат на Институтот за судска медицина во Скопје, треба да бидат завршени до денеска напладне. Јавното обвинителство ги очекува истражителите од Република Бугарија денеска да ги подигнат овие примероци и извршени анализи, изјави Јавниот обвинител на Република Северна … Повеќе